Author: Media Point

Денес, со кревањето на фестивалското знаме во Штип започнува 32-то издание на единствениот реномиран фестивал на забавна музика “Макфест”. Ќе настапат дури 30 изведувачи на забавни композиции, меѓу кои ќе биде и бендот на каменичанецот Никола Велиновски – Црни, “Риплеј Бенд”. Оваа година како и во претходните за наградите ќе одлучува публиката и присутните посетители на фестивалот во “Дом на културата” во Штип. “Риплеј Бенд” учествуваат во авторскиот тим заедно со Влатко Илиевски, под реден број 4. Риплеј Бенд Ве повикува да гласаме сите заедно за реден број 4, преку вообичаениот телевоутинг на тел.број од следната фотографија:

ПОВЕЌЕ ...

Октомври 5, 2017      Дваесетина лица во моментов се пред Судија на претходна постапка на распит, во скопскиот кривичен суд, поради сомнеж дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции. Од судот и од Обвинитеството засега ништо официјално не соопштиваат, но според неофицијалните сознанија на „СУДСТВО.МК“, приведените се сомничат за сторена злоупотреба на службена положба и овластување, сголасно член 353 став 5 од Кривичниот законик на РМ и ним е запретена казна затвор од најмалку пет години.

ПОВЕЌЕ ...

Носителот на независна листа советници во Кичево Алит Абази кој беше застрелан на 27 септември во вооружен инцидентво Кичево, почина утрово на Скопските клиники, како последица на здобиените повреди. Од Хируршките клиники информираат дека и покрај сите напори на лекарскиот тим, Абази починал во 4 часот утринава. Во инцидентот покрај него, беа ранети и шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу и Шабан Далипи, кои исто така се во болница. Абази беше опериран следниот ден и до пред неколку дена беше во стабилна состојба. Од Основното јавно обвинителство по увидот, соопштија дека во Абази пукал А.А. и тоа од зад грб. За…

ПОВЕЌЕ ...

Живот во куќа направена од контејнери за транспорт, сместена во пустината можеби не им звучи забавно на сите, но архитектот Џејмс Витакер се потруди да ја направи оваа куќа подеднакво фасцинантна и од надвор и од внатре. Куќата од 200 метри квадратни содржи кујна, дневна соба и три спални соби со бањи, направени од контејнери за транпорт споени под разни агли, што дава илузија на расцветан цвет среде пустината или структура што не припаѓа на овој свет. Кога ќе биде завршена, куќата ќе се напојува со соларна енергија преку панелите поставени на покривот на гаражата.

ПОВЕЌЕ ...

Измените предвидуваат и други новини кои се однесуваат не само на граѓаните, туку и на правните лица, велосипедистите, таксистите,… Со нив воедно, постојното законско решение се усогласува со Законот за прекршоци и со европската регулатива. Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. Доколку, пак, се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци. Во двата слуачаја паричните казни може…

ПОВЕЌЕ ...

Покрај сите други аномалии и црни точки што претставуваат реална опасност за сите патници и возачи на патот помеѓу село Истибања и Македонска Каменица, некој се сетил дека може истиот да го претвори во простор за чување и пасиште за крупен добиток. Загрозени возачи и загрижени граѓани често реагираат до надлежните органи, но до сега нема никаква реакција во насока за решавање на овој секојдневен проблем. На овој дел од патот, особено во близина на маало “Драки”, секојдневно може да се забележат околу 20 и повеќе грла крупен добиток (крави), кои буквално шетаат, се хранат, а често пати дури и…

ПОВЕЌЕ ...

Како резултат на серијата порази на ФК Каменица САСА  и катастрофалните резултати на клубот на стартот од Втората фудбалска лига, во текот на минатите денови Претседателот на клубот Тони Анастасовски, веќе си има поднесено оставка од функцијата. Инаку екипата од Македонска Каменица, ФК Каменица САСА во новата натпреварувачка сезона влезе со силни амбиции, засилени финансиски приходи и со реални желби очекувања за пласман во горниот дел од табелата. Но, стартот говори нешто сосема друго. Саса има освоено само еден бод, а претрпе дури пет-шест порази. Според нашите неофицијални сознанија оставката е резултат на наталоженото незадоволство и притисок внатре во клубот…

ПОВЕЌЕ ...

By Телевизија Стар 42-годишен делчевец две години силувал 18-годишна девојка од Делчево и и се заканувал дека ќе ја убие или неа или нејзиното семејство. Оваа страотна приказна денес излезе во јавноста, откако полицијата му поднесе кривична пријава на силувачот. Според полициски информации, хоророт за девојката започнал кон крајот на 2015 година, а завршил на 27 септември, кога таа повеќе не можела да го издржи малтретирање и присилувањето на обљуба, па го пријавила насилникот во делчевската полиција. Девојката и открила на полицијата за малтретирањето што го поминувала, но и за заканите дека ќе објави нејзини видеоснимки со порнографска содржина и дека…

ПОВЕЌЕ ...

Врз пронајдените човечки коски кај Берово ќе се прават дополнителни вештачења и ќе се утврдува ДНК,што треба да доведат до откривање на индендитетот на лицето кое го завршило животот покрај беровската депонија. Засега, нема индиции за идентитетот на лицето, а од полицијата информираат дека овие вештачења ќе траат подолго и најпрво ќе се проверуваат лицата кои се водат за исчезнати од овој регион. Човечкиот череп и коски  пред два дена се најдени во местото Црвен Брег, во близина на депонија за градежен отпад во Берово. Како што е наведено во полицискиот билтен, во Полициската станица Берово, А.С. (43) од Германија,…

ПОВЕЌЕ ...

Судирот на Комитите и Шверцерите почна половина час пред стартот на натпреварот, кога и покрај забраната за гостување, навивачите на Шкупи пристигнале до стадион, а Комитите испровоцирани ја напуштиле западната трибина за да се пресметаат. Веб порталот balkanski-navijaci ја пренесува приказната на еден од членовите на Комити. „Ние бевме околу 150 на стадион, а Шверцерите имаа забрана за гостување и не присуствуваа. Една група од нив дојде пред западната трибина и тогаш излегоа нашите по што беа уапсени оние што се степаа во судирот. Шверцерите одеа по автобуски низ центар, начекаа дел од нашите навивачи и така настанаа инциденти и после завршувањето…

ПОВЕЌЕ ...