Author: Media Point

На Истокот се вози брзо и неодговорно. Првите осум месеци од годинава, на патиштата во Регионот се случиле 448 сообраќајни незгоди, или во просек по две дневно. Во нив, со повреди завршиле 221 лица, а направена е материјална штета од над 10 милиони денари. Но, дел од овие несреќи биле кобни за 20 животи на граѓани од Истокот. Последните две жртви се во две одделни сообраќајки кои вчера се случија на патот Виница – Македонска Каменица. Оваа статистика е поразителна, зашто бројот на сообраќајки и жртви во споредба со истиот период лани е во пораст : Бројот на сообраќајните незгоди…

ПОВЕЌЕ ...

Во Украина, во селото Калиновка, во близина на градот Виница, гори магацин за оружје и муниција. Полицијата започна со евакуација на жителите на околните села. Засега едно лице било повредено, а 24.000 луѓе биле евакуирани. Во магацинот кај селото Калиновка, кој се простира на 60 хектари, има 188.000 парчиња муниција. Според портпаролот на националната полиција Јарослав Тракало, полицијата примила повик во вторникот околу 22 часот, дка од магацинот се слушаат експлозии. „Подоцна ни стана јасно дека експлодираат артилерски гранати во магацинот. Полицијата заедно сос спасувачките екипи ги евакуира луѓето од соседните села“, изјавил Тракало за „Украинска Правда“.

ПОВЕЌЕ ...

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите на планините и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег. Ќе дува и умерен, во западните и северните делови повремено силен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Како резултат на поминувањето на ладниот фронтален систем преку нашето подрачје, утре дневната температурата на воздухот ќе опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната. Во јужните и југоисточните делови од земјава, предпладне се уште ќе има повремени и слаби врнежи од дожд и снег, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен…

ПОВЕЌЕ ...

26. Септември (kamenica.mk) Каменичанецот Никола Велиновски – Црни, кој инаку е дел од дуото Replay, е новиот лик кој се појави во најновиот видео запис на македонската поп звезда Владо Јаневски насловен „Последна заблуда“. Македонскиот поп шармер е познат по ангажирањето на познати „фаци“ од шоу бизнисот кои наместо него се појавувале во минатото во неговите спотови пеејки ги текстовите на песните кои веќе години наназад се меѓу најслушаните меѓу домашната публика. Никола Велиновски, со уметничка додавка „Црни“, судејќи по самиот спот одлично ја одигра својата улога на изведувач на последната балада од Јаневски, нешто што воопшто не му било…

ПОВЕЌЕ ...

Две жртви во две сообракајки во период од четири часа денеска се случија во близина на Македонска Каменица. Во 10 и 45 на патот Истибања – Македонска Каменица во близина на рибникот Саваро, како последица од излетување од патот, поради неприлагодена брзина на влажниот коловоз, во товарно моторно возило Махиндра, животот го загубил 51 годишен жител од селото Облешево. Само неколку часа подоцна, околу 14:00 часот на излезот од Македонска Каменица кон Тачовско маало, на патот што води кон село Цера, од засега неутврдени причини дошло до директен судир помегу Форд со каменичка регистрација и Фолксваген Поло со скопски регистарски…

ПОВЕЌЕ ...

Изгубениот град се смета дека било магично место, а сега 2. 000 години по смртта на Александар Македонски, археолозите сметаат дека го пронајдоа тоа место. Научниците прв пат забележале траги од древна населба во 1996 година, додека ја гледале снимката од Калатга Дербенд во Ирак, направена од американски шпиони.  Но, поради политички конфликт, истражувањето било пролонгирано до неодамна, кога со помош на современа технологија е потврдено дека станува збор за град стар два милениуми. Се смета дека него го основал Александар Македонски во 331 година пред нашата ера и дека во него се населиле 3. 000 негови војници. Инаку,…

ПОВЕЌЕ ...

Тројца затвореници во моментот се качени на покривот на затворот „Идризово“, од каде што во знак на револт фрлаат ќерамиди и бараат средба со директорот Ќерим Махмути. Како што ни јавуваат од затворот, надвор пред затворската зграда се соберени сите заповедници, но тие инсистираат да разговараат со директорот, кој според соговорниците на „Фокус“, се уште не излегол надвор. Затворениците се качиле на кровот, под кој се наоѓа амбулантата, која во моментот е оставена под ведро небо, бидејќи дел од ќерамидите завршиле во дворот на затворот. „Фокус“ стапи во контакт со директорот Махмути, но откако му се претставивме, не замоли да…

ПОВЕЌЕ ...

Агенцијата за посредување при вработување GLOBALWORK во моментов регрутира кандидати за LOGCAP IV PROJECT FOR US ARMY BASES IN KUWAIT Отворени се 17 позиции на кои може да аплицираат сите македонски граѓанизаинтересирани за работа во американските бази во Кувајт. Извор: vrabotuvanje.com ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

ПОВЕЌЕ ...

Преземено од ТУКА Хередитарна спастична параплегија е болеста од која боледува 33-годишниот Методи Митев од Кочани која се појавила ненадејно и го совладала. Таа предизвикала потполна парализа и одземеност на двете нозе со можност да се пренесе и на рацете. Единствена надеж повторно да застане на нозе му даваат лекарите од Кина кои велат дека со помош на матични клетки и операција за која ќе му бидат потребни околу 28 илјади евра ќе може да функционира нормално. Митев ги моли хуманите граѓани да му помогнат да ги собере потребните средства. – Пред некое време апелирав за помош за собирање средства да…

ПОВЕЌЕ ...