Author: Media Point

Две лица потешко повредени во сообраќајка што се случила синоќа меѓу трактор и „сеат ибица“ на регионалниот пат Пехчево – Делчево кај месноста Стамарески преод. Според портпаролката на штипската полиција, Гордана Панајотова и двете возила се движеле во иста насока, од Пехчево за Делчево. „На тракторот со приколка кој не бил регистриран, се превезувале четири лица, возачот на тракторот, 49-годишниот В.Ц., неговиот син, татко и сопруга, а ПМВ со делчевски регистерски таблички, го управувал 22-годишниот М.Д. Возилото се удрило во тракторот и од несреќата со повреди завршиле возачот на тракторот и неговиот син, при што веднаш им е укажана прва…

ПОВЕЌЕ ...

Во насока на поддршка и развој на спортот во Македонска Каменица, а во соработка со општина Македонска Каменица, Рудник САСА издвојува средства за донација во Женски фудбалски клуб “Каменица САСА”. Издвоените средства од Рудник САСА во износ од 10 000 евра, од страна на ЖФК Каменица САСА ќе бидат користени во текот на оваа натпреварувачка сезона. ЖФК Каменица САСА, како клуб е формиран оваа година, а веќе се натпреварува во Првата македонска женска фудбалска лига. Клубот вкупно опфаќа околу 40 жени фудбалери, кои се натпреваруваат во две категории, младинска и сениорска. ЖФК Каменица САСА како клуб се роди и се…

ПОВЕЌЕ ...

Првата трансплантација на глава во историјата, која требаше да се одржи во декември 2017та година, сега е одложена. Засега не постои закажан подоцнежен датум, но операцијата веројатно ќе се одржи во првиот квартал од 2018та година. Рускиот волонтер Валериј Спиридонов, за кој е најавено дека ќе биде првиот пациент кој ќе ја помине оваа операција, одлучи сепак да не помине низ процедурата. Спиридонов боледува од болест која ги слабее мускулите и веќе две години соработува со италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо за развој на процедурата. Таквата одлука Валериј ја донесол бидејќи докторот не можел да му вети дека повторно ќе оди…

ПОВЕЌЕ ...

Патувајте со Либеро Травел во Истанбул и искористете го патувањето за шопинг во Едрене Од 20 до 23 Октомври оваа година со вклучени 4дена и 2 ноќевања, разгледајте го Истанбул со професионален водич во текот на целата прошетка. УПЛАТЕТЕ ДО 30. Септември по единствена цена на супер поволниот аранжман од само 79 € или 4890 денари. Целата понуда можете да ја погледнете овде. МОЖНОСТ ЗА ПЛАКАЊЕ НА РАТИ !!! Истанбул е град на легенда и историја. Тој магичен град ни нуди толкава прекрасна разновидност со својот пејсаж како ниеден град во светот. Значаен е по тоа што е расположен на два континента и тоа…

ПОВЕЌЕ ...

Фирмата „Енерџи лукс“ од Штип која треба да ја изгради хидроцентралата е основана само неколку месеци пред да им биде доделена концесијата за изградба на хидроелектраната и е  во сопственост на конфекцијата „Виза Фешн“ од Штип, чиј сопственик е Зоран Андоновски. Ова фирма три пати побарала од Регулаторната комисија за енергетика да им биде продолжен рокот за повластен производител на електрична енергија, а досега немаат изградено ништо. Жителите на селото Блатец, кое се наоѓа во Општина Виница, утре ќе излезат на протест и со трактори ќе ја блокираат локацијата каде што се очекува да започне изградбата на малата хидроцентрала „Блатошница“…

ПОВЕЌЕ ...

Четири одиграни кола, само еден постигнат гол. Без победа, со нула бодови на салдото. Тоа е краткиот пресек од “успехот” на ФК Каменица САСА во Втората фудбалска лига. Тежок распоред на почетокот, силни противнички екипи, лоша среќа или станува збор за нешто друго? Ќе престанеме ли да играме “одличен” фудбал, а да почнеме да победуваме? Вистина е дека Саса во првите три одиграни кола играше против силни екипи и уште посилни судии. Играше и против среќата. Но вчера, против штипска Брегалница, ФК Каменица САСА играше и против самата себе. Примивме “петарда”, а чекавме прва победа. Каменичката публика оправдано разочарана,…

ПОВЕЌЕ ...

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, а во западните делови ќе има локален дожд, кој во ноќните часови ќе се прошири на повеќе места. Локалните врнежите ќе бидат пообилни во југозападните делови. И во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во западниот и југозападниот дел од земјава. Во следните денови врнежите ќе бидат со послаб интензитет и локално застапени. Температурата на воздухот ќе биде релативно ниска за овој период, особено од четврток, кога максималната ќе биде од 16 до 23 степени

ПОВЕЌЕ ...

Алпајн еар, полни конзерви со чист воздух од Алпите за кој тврди дека е собиран од различни локации исклучиво низ швајцарскиот дел од планинскиот масив. Воздухот во конзерва (спреј) доаѓа со маска што се лепи на лицето и помага во дишењето. Цената е 21 долар за 10 минути дишење чист воздух од швајцарските Алпи, пресметката е според математиката на производителот дека една конзерва од седум литри содржи воздух за над 120 вдишувања. “Производот е за популација која секој ден живее во ужасно загадување, загадување кое може да го скрати нивниот животен век и да предизвика сериозни здравствени проблеми. Една конзерва…

ПОВЕЌЕ ...

Милан и Нада Џупович се млад брачен пар од Шабац. Одлучиле да се преселат од центарот на градот во населбата Јевремовиќ каде ќе изградат необичен дом.Веќе неколку месеци градат куќа од слама и тоа го прават сами, иако немаат искуство со градежништво, и се надеваат дека во новиот дом ќе се вселат пред почетокот на зимата. Милан е професор по физичко а Нада е фармацевт, па неа малку тешко и паѓа физичката работа, а идејата за ваква куќа била на Милан, па на интерне заедно одбраче како сакаат да изгледа и нашле инструкции. Сите ѕидови се потполнети со слама, а…

ПОВЕЌЕ ...