Author: Media Point

01/10/2017 Германец најде череп кој наликува на човечки, а полицијата потоа пронајде коски во вреќа, исто така налик на човечки. -На 29.09.2017 година околу 14:30 часот во полициска станица-Берово, А.С. (43) од Германија, а со престојувалиште во Берово, движејќи се во близина на место викано „Црвен Брег“ во близина на депонија за градежен отпад, забележал дел од череп кој наликувал на човечки, информираат од МВР. На 30.09.2017 година по извршен увид од страна на увидна екипа од ПС Берово во непосредна близина пронајдена била и вреќа во која имало коски кои наликувале на човечки. Истите биле подигнати од местото на настанот…

ПОВЕЌЕ ...

„Гледам на моето видео има многу коментари, но сакам едно да знаете. Оној што не бил во странство, ништо не знае. Сите мислат мед и млеко тече овде. Без разлика дали сте со школо или без, мора да се работи. Парите не паѓаат така лесно од небо. Сите што бегаме од својата држава не бегаме од лесно, а кој што работи овде со мака и чесно си ги заработува парите. И факултет да имаш овде не вреди пријатели. Овде се работа, слуга да бидеш на некого. Таков е животот во друга земја пријатели.“ – Вели за Мотика.мк, Горан од Струмица.

ПОВЕЌЕ ...

Овде нема Европска унија, нема европски стандарди и нема забрани. Краставиците можеби се криви, но вкусни. Бугарите од Благоевград буквално го окупираат пазарот во малиот македонски град и полнат торби со евтини овошја и зеленчук. Модата да се пазаруваат прехранбени производи и зеленчук не помина, напротив, бизнисот цвета. Додека политичарите се обидуваат да го топат мразот со соседна Македонија, жителите од двете страни на границата од поодамна им го свртија грбот на контроверзите справувајќи се заедно со тешкотиите на животот, пишува софиски „Труд“. Историчарите можат да си ги „чешаат“ јазиците, но тоа не ни дава леб, вели 82-годишен пензионер од…

ПОВЕЌЕ ...

Воден од еден сосема нов лик, МЗТ Скопје стигна до голема победа против белградски Партизан на стартот од новата сезона во АБА лигата. Во интересен натпревар во „Јане Сандански“ кој го одбележаа бројни резултатски пресврти, сепак двоецот кој ја донесе победата на „металците“ беше Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски… Откако белграѓани водеа низ целата трета и почетокот на последната четвртина, пресвртот следеше кон средината од последниот период кога шутерски блеснаа Трајковски и Стојановски. Пресвртот го донесе Бојан Трајковски, кој откако делеше блокади под својот кош, потоа погоди за три поени за водство од 73:70… Во продолжението следеа нова тројка на…

ПОВЕЌЕ ...

Во минатото откако девојката ќе се омажела, автоматски значело дека родителите на својот сопруг ќе ги вика мамо и тато, дека од тој момент тие ќе се нејзини родители. Но, како поминува времето тоа почнува да умира, но се уште има и такви кои ја почитуваат таа традиција. Порано тоа воопшто не било проблем, но денеска младата генерација не сака ни да слушне за тоа.  Има родители кои сакаат да стојат до традицијата и бараат од нивната снаа да ги вика со мамо и тато, но има и такви кои живеат во помодерно време, па не им е проблем како…

ПОВЕЌЕ ...

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицето А.И. (35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, информираат денес од МВР. Како што стои во полицицското соопштение, на 03.08.2017 година околу 20.30 часот, А.И. се сретнал со неговата поранешна сопруга Р.И. (32) од Скопје. Тие разговарале кратко и потоа се разделиле. После тоа пријавениот отишол на бензиска пумпа и купил бензин, кој го наточил во пластично шише од литар и половина. По кратко време поранешните сопружници повторно се сретнале на ул. „Цветан Димов“. Р.И. го чекала со…

ПОВЕЌЕ ...

Расправија меѓу двајца ученици на осумгодишна возраст, ескалирала со тешки телесни повреди кај еден од нив. Како што информираат од МВР, вчера во селото Разловци – Делчево, во тамошното основно училиште, меѓу часовите во текот на големиот одмор, настанала меѓусебна расправија меѓу ученик на возраст од осум години и ученичка од истото училиште на истата возраст. Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што истиот станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови. Кога си заминал дома, бидејќи му се влошила здравствената состојба и паднал во безсознание, бил однесен во амбуланта во Делчево.…

ПОВЕЌЕ ...

Секогаш е важно да ги следите сигналите кои ви ги испраќа вашето тело, посебно кога станува збор за смртоносни болест, како што е срцев удар. Срцевиот удар не се случува наеднаш, туку може да се предвиди, а симптомите се јавуваат неколку недели пред да се случи. Ве мачи несоница и стално чувствувате замор Тоа може да претставува предупредување дека коронарната артерија се стеснува во голема мерка. Намален проток на крвта во срцето доведува до зголемена работа на срцевата пумпа, што прави да се чувствуваме истоштено и преморено, а притоа и да не можеме да заспиеме. Отежнато дишење Оваа појава е…

ПОВЕЌЕ ...

Основачот на Плејбој, Хју Хефнер, почина на 91-годишна возраст. Од изданието објавија дека тој починал од природни причини во неговиот дом, познатиот „Плејбој“ имот во Лос Анџелес. Хефнер го објави легендарното списание во 1953 година од својот стан. Првото издание вклучува голи слики на Мерилин Монро и станува апсолутен хит. Во неговите најсилни години, Плејбој стигнал до тираж од 7 милиони, пред неговата популарност да се намали со доаѓањето на Интернет. Хју Хефнер беше познат по демонстрирањето на боемскиот живот. Се верува дека неговата состојба значително се намалила со текот на годините. Се женел два пати, има четири деца.

ПОВЕЌЕ ...

Наместо практичен возачки испит, во Делчево имаше протест на вработените од автошколата Ацико-трејд и интервенција на полицијата. На ова му претходеше своевиден скандал при полагањето практичен возачки испит за Це- категорија во Делчево, а двајца кандидати не успеале да го полагаат испитот за кој платиле по 5000 денари, бидејќи Комисијата не дозволила да се користи товарното возило сопственост на автошколата Ацико-трејд од Делчево и по кој знае кој пат, како што велат од Ацико-трејд, побарала вонреден технички преглед на возилото што за сопствениците на оваа позната делчевска автошкола е злоупотреба на улогата на Комисијата. Претседтелот на Комисијата не дозволи да…

ПОВЕЌЕ ...