Author: Media Point

Северна Кореја лансирала балистичка ракета од Пјонгјанг во правец на исток, соопшти војската на соседната Јужна Кореја. Ракетата била лансирана од квартот Сунан во Пјонгјанг. Јапонија објави дека ракетата минала преку теротиријата на таа земја и дека паднала во водите на Тихиот океан. Јапонската телевизија НХК ги предупреди жителите на Хокаидо и Тохок да најдат засолниште откако проектилот ја прелета Јапонија, односно го прелетар просторот во близина на островот Хокаидо во 7:06 часа според локално време. Според податоците на јужнокоејската војска ракетата паднала во Тихиот океан на 2.000 километри источно од Хокаидо, што значи дека ракетата прелетала 3.700 километри. Инаку…

ПОВЕЌЕ ...

Германската плата најмалку вреди во Швајцарија, а најмногу во Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Трошоците за живот во Македонија се двојн пониски, алкохолот е доста поевтин, а цигарите чинат скоро три пати помалку. Институтот за економски и социјални науки од Дизелдорф направи анализа на статистиката од Еуростат и националниот завод за статистика за да ги спореди животните трошоци во 37 европски земји, Америка и Јапонија. Листата од овие земји е разновидна – од Швајцарија, Луксембург и скандинавските земји, каде трошоците за живот се доста високи, па се’ до балканските магистрали каде што е најевтино за живот, но заработувачката не…

ПОВЕЌЕ ...

По овие скали до шести спрат во зградата, наречена Бродот во Делчево, треба да се качува и симнува секој ден 27-годишната Марина, лице со церебрална парализа, за да стигне до станот кој им го додели државата.Радоста на Марина и нејзината мајка од веста дека државата се сетила на нив, многу брзо се претворила во очај, кога виделе дека за нив е невозможна мисија да стигнат до станот. Во Бродо ни дадоа една соба ама на шести спрат, тоа дете е инвалид јас сум самохрана мајка, изнемоштена ништо не гледам имам перде на очите. Јас живеам за тоа дете…седмаче ми се…

ПОВЕЌЕ ...

Иако навивачите на Вардар долго чекаа нивниот миленик да се пласира во групната фаза од некое од натпреварувањата на УЕФА, што годинава конечно им се оствари, сепак за денешниот дуел со Зенит од првото коло од Лигата на УЕФА, стадионот може да зјае полупразен! На неполни осум часа пред стартот на мечот, непродадени се точно 15.985 билети. Што е рамно на фијаско. Дури иофицијалниот веб сајт на Зенитобјави дека на стадионот не се очекуваат повеќе од 20 илјади гледачи, што дури би било и премија со оглед на тоа како се одвиваат работите. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Билетите за Мундијалот во Русија од…

ПОВЕЌЕ ...

Пешак на 30-годишна возраст од кочанско Грдовци загинал во сообраќајна несреќа што вчера се случила на автопатот Скопје-Велес, кај местото „Рако Жинзифов“. Во него удрил автомобил „мерцедес“ со српски регистрации управуван ос 45-годишен Србин. Несреќата се случина синоќа околу 23 часот. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на обвинителот, телото на починатиот било предадено за обдукција. Возилото било упатено на технички преглед, а од возачот била земена крв за анализа.

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималните дбевни температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. Во Каменица, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 12 до 32 степени. Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има зголемување на…

ПОВЕЌЕ ...

Недостиг на струја го оставил рудникот Леце без вентилација. Ги однесе ли тоа македонските рудари во смрт е дилемата која треба да ја разрешат истражните органи на соседна Србија. Истрагата е се уште во тек, но официјални податоци нема. Во меѓувреме, од раководството на рудникот тврдат дека вина за смртта на рударите кај нив нема: Снема струја, вентилацијата не работеше и веројатно дошло до зголемување на концентрацијата на гас. работниците влегле во зона во која  не смееле да бидат во тој период и веројатно дошло до труење, изјави Душко Гагиќ, дир. на рудникот „Леце“. Во моментот додека биле во јамата,…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарот кај Делчево е локализиран, но се уште гори и се контролира поради силниот ветар. Според првичната проценка зафатени се околу 200 хектари борова и дабва шума, сува трева. Засега се зборува за опожарени десетина објекти во селата Драмче и Селник, но и 5 електрични столбови  од ЕВН, па еден дел нема струја. Исто така денеска интервенираше во гаснењето и хеликоптер на АРМ Брзата интервенција  успеа да ја спаси од пожарот најстарата црква во регионот „Св. Петка“ која потекнува од 14 век. Црквата со натчовечки напори од пожарот ја спасило месното население и пожарникарите. Страшно, многу лошо. Бевме ние таму…

ПОВЕЌЕ ...

Само 10.875 граѓани на РМ заработуваат месечна плата над 40.000 денари, а од нив само 3.296 лица се жени – покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Оваа бројка не само што укажува на фактот дека мал е бројот на граѓани кои имаат високи примања, туку покажува и една друга работа, а таа е половата нерамномерност кога е во прашање цената на трудот. ПРОЧИТАЈ: Од денес македонските возачки дозволи ќе важат и во оваа земја  Дополнително, ДЗС соопшти и дека стапката на вработеност во РМ за 2016 година кај жените изнесувала 33.8% и е значително пониска споредено со онаа на…

ПОВЕЌЕ ...

Пожарот кој се појави вчера попладне кај делчевското село Драмче е се уште активен, а гори борова шума, сува трева на површина од над 100 хектари, но опожарени се и десетина објекти меѓу кои и куќи од неколку маала од селата Драмче и Селник, села кои се од разбиен тип. Фото: архива Драган Балас од Центарот за управување со кризи истакна дека гаснењето на пожарот продолжи утрово. -Зафатена е голема површина над 100 хектари засега не можеме со сигурност да кажеме колкава  површина е опожарена, но пожарот  се уште  е активен . Сега се шири накај селото Киселица, но…

ПОВЕЌЕ ...