Author: Media Point

Отворена е истрага против извршител од Делчево кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, извршителот С.З. кривичното дело го извршувал во период од три години, од октомври 2011 до октомври 2014 година. „Во својство на лице што врши работи од јавен интерес – извршител, парите од реализираното извршување од задршка на плата на должникот Д.М. во износ од 7.726 денари, наместо да ги уплати на сметката на доверителот КЈП „Водовод“ Кочани, противправно ги присвоил за себе“, информираат од таму.

ПОВЕЌЕ ...

https://m.youtube.com/watch?v=hrP_Co8T6dE&time_continue=17 Делчево, 12 септември 2017 (МИА) – Попладнево, по 13 часот избувна голем пожар над делчевското село Драмче кој се заканува да уништи голема површина на густа борова шума. Според првичните информации од теренот, пожарот почнал од куќа во населбата Стамболиско маало по што се проширил до околната борова шума. Како што инфромира директорот на ЈП ШС „Голак“ Делчево, Љупчо Птеровски, пожарот се шири со голема брзина и се заканува да ја зафати и шумата во атарот на селото Селник. – Станува збор за голем пожар кој се шири со голема брзина, поради сувата трева и силниот ветар. Пожарот во…

ПОВЕЌЕ ...

Најдоброто од Македонија, заштитено богатство од УНЕСКО како светско културно наследство, „Гласоечкото“ од Долни Подлог-Тетовско и „Копачката“ од делчевско Драмче, вечерва и утревечер ќе бидат претставени пред дипломатскиот кор во соседна Бугарија и во Рускиот-културен- информативен центар во Софија. Споени во едно, непроценливото богатство на македонската вокална и орска традиција, со свои концерти ќе ја промовираат македонската уникатна фолклорна традиција. Се гордееме со овој настап ова е несекојдневно за нас. Организацијата доаѓа од Минситерството з акултура и макеоднскиот-култутен информативен центар во соработка со нашата амбасада во Софија. Ова е значаен настап ја промовираме РМ со двете културни наследства, изјави Перса…

ПОВЕЌЕ ...

Истражувањата покажале дека сок од црвено или темновиолетово грозје, благопријатно делува на срцето исто како и црвеното вино. Сокот од црвено грозје го намалува ризикот од згрутчување на крвта, го намалува лошиот холестерол, го спречува оштетувањето на крвните садови и помага за нормализација на крвниот притисок. Помага за исфрлање на токсините од организмот Грозјето е богато со антиоксиданси, вклучувајќи ресвератрол и флавоноиди. Свежиот сок од грозје е богат со витамините А, Б и Ц, а од минералите содржи калциум, калиум, железо, магнезиум и други. Тој е одличен чистач на црниот дроб, го забрзува метаболизмот и овозможува брзо елиминирање на токсините од организмот и крвта. Содржи…

ПОВЕЌЕ ...

Во рудникот „Леце“ во околина на Медвеѓа на југот од Србија, синоќа околу 23 часот, се пронајдени беживотните тела на двајца македонски државјани, кои биле вработени во тој рудник. Според српските медиуми, раководството на рудникот потврдило дека настрадале македонските државјани З.П. (48) и Т.Н. (53). Според сведоци, несреќата се случила за време на минирањето не еден дел во рудникот. Еден од рударите, кој бил во иста смена со настраданите, изјавил дека македонските рудари не се повлекле навреме при минирањето и се задушиле од гасовите во јамата. Според други сведоци, еден од настраданите македонски државјани, кој бил надзорник, се симнал во…

ПОВЕЌЕ ...

Швајцарската компанија Даниел Руцхти ДООЕЛ објавува 2 огласи за вработување на кандидати СО или БЕЗ искуство. Условите за работа се ОДЛИЧНИ. Столар (со или без исксутво) – ПЛАТА ДО 21.500 ден Столар-фарбар (пожелно е искуство) ПЛАТА ДО 21.500 ден    Покрај платата на вработените им се ипплаќа и РЕГРЕС на крајот од годината. Извор: vrabotuvanje.com

ПОВЕЌЕ ...

Тежок инцидент во Кочани. Едно лице е сериозно повредено и во критична состојба задржано на лекување на Клиниките во Скопје. Него таму го испратил 58-годишен кочанчанец нанесувајќи му неколку убоди со нож по телото. На ова му претходела расправија и тепачка меѓу сега  тешко повредениот 37-годишен со иницијали В.А. и 33-годишнен А.Д. , од една страна и 58-годишниот Л.А.,  од друга. В.А. и А.Д. со дрвени стапови го удриле Л.А. два пати во пределот на главата, по што тој со нож на В.А. му нанел повеќе убоди во пределот на телото. В.А. бил пренесен во Медицински центар Штип, од каде…

ПОВЕЌЕ ...

Продолжениот празничен викенд ги наполни бугарските туристички центри, но и плажите во Грција. Само преку Граничниот Премин Делчево на 8 Септември за Банско или Грција заминале 2000 патници. Најмногу од Скопје, но и Тетово, Охрид, Штип и од цела Македонија. За продолжениот викенд на ГП Делчево поминале на влез и излез 7750. Само на 8 септември на влез и излез се евиднетирани 3075 патници од кои 2000 беа на излез и 90% од нив се македонски државјани. Најмногу патуваа за Банско Бугарија и Грција, изјави Марјан Димитровски, командир на ПС на ГП Делчево. Зголемената фреквенција на возила и за…

ПОВЕЌЕ ...

ЕВН од Штипско семејство сакаше да наплати заостанат долг и изгуби на суд. Семејство од Штип  доби правосилина судска пресуда против компанијата: Ова е крајна разврска, Апелација Скопје го потврди случајот и веќе немаат право на жалба, немаат право на друга инстанца. Мислам дека ако отидат и на меѓународен суд ќе изгубат, зашто сите правни нормативи се исцрпени во матичната земја. На оваа постапка имавме вештачење, извештачивме, докажавме дека по ниту еден правен основ ова семејство на ЕВН не и должи ништо, објасни Емил Недков, адвокат. Случајот се води уште до мај 2015 година, кога семејството решило да побара правна…

ПОВЕЌЕ ...

Сеча на огревно дрво во смрт однесе уште едн млад живот од Истокот.  Овој пат, жртва е 43-годишен жител на делчевското село Габрово, кој животот го завршил приклештен од трактор, натоварен со исечени дрва. Смртта младиот делчевец го пречекала кај местото викано Кремењач. Тој седел во приколицата врз дрвата кога возачот се обидел да го стартува тракторот, но обидот завршил со превртување на возилото. Левото тркало, силно го пориклештило делчевецот во пределот на половината, по што тој таму се разделил со животот. Лекарска екипа, само ја констатирала моменталната смрт. Надлежните извршиле увид на местото на несреќата, а телото на…

ПОВЕЌЕ ...