Author: Media Point

При двајца живи родители, 28-годишен инвалид живее сам и на улица. Ова е приказната која неговата мајка ја раскажа пред камерата на ТВ Стар, загрижена за животот и здравјето на нејзиниот син кој по разводот, но и по несреќата која го прикова за инвалидска количка,  останал да живее со таткото. Но наместо помош и грижа да бара во куќата која треба да му биде дом, тој живее повеќе на улица, отколку дома, обвинува неговата мајка: Јас сум разведена, немам свој дом и услови да го земам кај мене. По разводот тој остана да живее со татакото, но сите се сведоци…

ПОВЕЌЕ ...

Охриѓанката „страшниот канал“ го преплива за време од 13 часа и 20 минути и со тоа стана една од првите жени кои успеале да го „скротат“ Ламанш.   Бојаџи уште на 11 годишна возраст била рекордер во пливање на кратки патеки во слободен стил и делфин. Била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година и до денес останува најмлад шампион на охридскиот маратон со само 18 години. Препливувањето на Ла Манш е врв на нејзината пливачка кариера, а ваквиот подвиг на ученичката на славните Александар Радиќ, Славе Фиљан и Славко Његован шест…

ПОВЕЌЕ ...

Страшна опасност виси не само над американскиот континент, туку и над целото човештво. Вчера бевме сведоци на најмоќната ерупција на Сонцето и тоа се рефлектира врз магнетното поле на целата наша планета, пишува Лайф.ру. Токму со него научниците ги поврзуваат природните катаклизми што се случуваат последните денови, кои до овој момент убија десетици луѓе и не се знае колку допрва ќе бидат жртвите. Но, најопасната работа е – магнетна бура што Земјата сè уште не ја видела. Сонцето речиси експодираи – и тоа не еднаш, туку два, три пати … Оваа активност научниците ја категоризираа како индекс Х, што значи…

ПОВЕЌЕ ...

Заменик на претседателот на Вадата задолжен за еконмски прашања, д-р Кочо Анѓушев денеска го посети рудникот “Саса” во Македонска Каменица каде  оствари работна средба со раководството на рудникот. Вицепремерот Анѓушев, заедно со генералниот директор г-дин Стивенсон разговараа за состојбата и предизвиците во рударскиот сектор , како и за тоа како да се развива оваа гранка согласно европските стандарди. Во фокусот на разговорот беше како да се унапреди статусот на работниците во рударскиот сектор. „Разговаравме за задоволување на европските  стандарди и норми во практикување на рударство во Саса и во останатите рудници. Раководството ни ги презентираше  развојните проекти и какви чекори…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, со почеток од 16:00 часот, екипата на ФК Каменица САСА го пречекува ФК Борец од Велес. Двете екипи влегуваат со оптимизам и желба за победа. Екипата од Каменица после поразот од минатото коло против Плачковица од Радовиш, во овој натпревар, со сите сили ќе се обиде да запише 3 бода. Додека пак гостите кои претендираат за висок пласман во Втората лига, нема ништо да остават на случајност и преку иницијатива и брзи контранапади ќе се обидат да ги изненадат домаќините. Самиот факт дека двете екипи се лути ривали од некогашната блескава Прва македонска Фудбалска лига од ’90-те години е…

ПОВЕЌЕ ...

Вицепремиерот Анѓушев во посета на рудникот „Саса“ Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица каде ќе оствари средба со раководството на рудникот. На средбата ќе се разговара за состојбата и предизвиците во рударскиот сектор, како и за тоа како да се развива оваа гранка согласно европските стандарди. Ќе стане збор и за тоа како да се подобри статусот на работниците во рударскиот сектор. По завршувањето на посетата на рудникот “Саса”, Анѓушев ќе го проследи Второлигашкиот натпревар помеѓу екипите на ФК Каменица САСА и ФК Борец, кој ќе се одигра од 16:00 часот…

ПОВЕЌЕ ...

Самарџиќ во декември минатата годија беше подложен на тешка операција на мозокот, а неговата здравствена состојба последните неколку дена била многу лоша. Во декември, кога беше опериран, лекарите имаа оптимистични прогнози, меѓутоа, неговата ситуација се влошила Љубиша Самарџиќ е роден на 19-ти ноември 1936 година во Скопје во рударско семејство. Стана истакнато име на југословенската кинематографија, а благодарејќи на неговиот тален постигна големи успеси. Специфичноста која ја носеше го направи легендарен актер кого често го поистоветуваа со улогите што ги толкуваше на големото платни и во бројните телевизиски серии, какви што беа Шурда, Смоки… Со сопругата Мирјана беше во брак…

ПОВЕЌЕ ...

Објавено на 8 септември, 2017 „Почитувани, Со ова писмо Ви се обраќаме со цел да помогнете со донирање на парични средства за малата Хана од Виница која има само три и пол години, на која и е дијагностицирано леукемија при Клиничкиот центар во Скопје. Од таа причина и со оглед на висината на трошоците за нејзиното лекување кои ние самите како семејство не можеме да ги обезбедиме, Ве молиме да донирате средства во Ваша можност за продолжување на животот на Хана… Секој Ваш денар е драгоцен во оваа состојба, бидете хумани!!!“ Подадете рака и донирајте за Хана повторно да ја…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево го славеше својот бренд- пијанечката слива. Музика, оро и штандови ги промовираа традиционалните специјалитети од сливи карактеристични за Пијанец. Традиционално се подготвуваат учениците сами да ги работат производите, вели Јадранка Атанасовска проф. во СОУ „М М Брицо“. Од мармалад од сливи имаме подготвено палачинки, торти, чоколада и се прават многу специјалитети, вели ученичка од ООУ „Св. Климент Охридски“. Неизоставен дел беа и казаните каде се вареше делчевска жолта ракија. Најважно садовите да бидат чисти, но и да се внимава комината добро да созрее, да не биде ни нестасана, ни престасана, изјави Јован Медарски. Традиционалните Пијанечки денови на сливата годинава…

ПОВЕЌЕ ...

Тежок инцидент се случил во Виница откако едно лица, физички нападнало четворица други. Иако помногубројни, нападнатите не можеле да се одбранат зашто биле лица постари од 60 години, додека напаѓачот е момче на 27-годишна возраст. Освен што бил млад, виничанецот бил и исклучително агресивен и насилен, веројатно под дејство на поголема количина алкохол или некоја наркотична супстанца. Инцидентот се случил во близина на Здравствениот дом во Виница, каде тројца тамошни жители и една гостинка од Берово, излегле да се прошетаат. Според нивниот исказ, тие со ништо не дале повод за бесот на младиот напаѓач и веројатно биле случајни жртви на…

ПОВЕЌЕ ...