Author: Media Point

Ураганот Ирма за кој зборува целиот свет од денес се смета за ураган од 5-та категорија, а неговата брзина достигнува скоро 300 км/час. Страшната олуја е толку голема што само видео запис направен од вселената може да ја долови целокупната деструктивна моќ што тој ја носи со себе. ПРОЧИТАЈ: НАСА АЛАРМИРА: Еве што ќе се случи со земјата од 15 до 29ти!  Огромниот ураган, кој веќе се смета за најсилен досега е забележан во Атлантскиот океан изгледа навистина застраќувачки кога ќе се види од вселената. Тој изгледа како бел џиновски круг, а во моментов напредува се повеќе и повеќе и се…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево ќе го слави брендот- пијанечката слива. Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободување на Делчево и Денот на независноста , Општина Делчево ја подготвува традиционалната манифестација „Пијанечки днеови на сливата“, но и 6-то издание на меѓународниот Фестивалот за афоризам и карикатура, каде е најавено учество на еминентни афористичари и карикатуристи. Во „Пијанечките денови на сливата“ како и секоја година учество ќе земат локални бизнисмени кои се директно вклучени во производство и преработка на сливата,локалните училишта и заинетерсирани граѓани кои имаат желба со своите пориоизводи да се претатсават пред граѓаните на штандовите, изјави Тони Стоименовски, Општина Делчево. Освен ова,…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на Бугарија го легализираше производството на канабис на територијата на целата држава, а земјоделците ќе можат да го одгледуваат со посебна дозвола од надлежното министерство. „Министерството за земјоделие ќе издава посебни дозволи за посев и одгледување на канабис, кои ќе важат една година и ќе им овозможат на земјоделците да одгледуваат само една култура на претходно определена површина.“, изјави Стефка Дамјанова, претставник на Министерството за земјоделие. Условите за аплицирање и одгледување ќе им бидат достапни на граѓаните на веб-страницата на Министерството за земјоделие. Секој кој сака да посади канабис ќе мора покрај Министерството за земјоделие, да го извести и…

ПОВЕЌЕ ...

Средношкоските училишни центри од крајниот исток добија согласности за формирање паралелки со помал број ученици. И од ресорното Министерството и од Советот доби согласност и делчевската гимназија, така што и оваа година наместо по законски предвидениот лимит од по 24 ученици, паралелките ќе имаат по 17 ученици додека стручната парарлека во Делчево ќе има само 8. Ем учениците ќе бидат запишани каде што сакаат, ем од друга страна наставниот кадар нема да се соочи со недостиг на часови и нема да има прогласување на технолошки вишок, вели Билјана Петровска, директор на СОУ „М М Брицо“- Делчево. Делчевската гимназија во прва…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 6 септември 2017 Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со свежо утра и слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до 13, а дневната од 20 до 30 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 7. Во Македонска Каменица слично време, претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 28 степени. Во петок ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд се очекуваат во сабота.

ПОВЕЌЕ ...

И животот има цена, а во Македонија таа изнесува 180 евра годишно. Толку пари се потребни за да се земе полиса за животно осигурување со која самите, а уште поважно, и најблиските финансиски ќе ги обезбедите во случај на некаква идна ненадејна несреќа, болест или друг несакан инцидент. Сепак, овој тип на осигурување кај нас се уште е во повој иако ваквата полисата нуди двојна поволност бидејќи, без разлика дали нешто ќе ви се случи, осигурителната компанија парите ќе ви ги исплати, или како премија или како заштеда. За разлика од развиените земји, кај нас, бизнисот со полисите за животното…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалска репрезентација пропушти златна шанса да се бори за третото место во групата Г во мундијалските квалификации, откако вечерва ремизираше 1-1 со Албанија во осмото коло во овој циклус и тоа благодарение на гостинскиот голман Етрит Бериша, кој ги „полуде“ нашите напаѓачи со своите одбраните. Имаше многу можности Македонија да ја победи Албанија и со два гола разлика, иако по осум минути во вториот дел Албанија имаше водство. Илија Несторовски промаши два зицери откако Александар Трајковски израмни од пенал во 78-та минута, па црвено-жолтите не ги материјализираа бројните шанси благодарение и на Бериша кој брилјираше на голот на Албанија.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска во Струмица со почеток од 20:45 часот ја пречекува Албанија во квалификациски натпревар за Светското првенство во Русија. По победата во Израел, македонските фудбалери ќе се обидат да врзат два триумфа во едни квалификации, на ред е селекцијата на Албанија. Атмосферата во нашата репрезентација е позитивна, а дополнителен квалитет и енергија донесоа младите фудбалери кои беа прекомандувани од У21 селекцијата. Македонија одигра одличен меч во Израел, не му даде на противникот да ја развие својата игра, фудбалерите покажаа дисциплина и желба за победа и таа се случи. Победа вечерва над Албанија ќе биде потврда дека македонската…

ПОВЕЌЕ ...

Коњ бегајќи од газдите во Ѓорче Петров удрил во автомобил во движење во кој мајка ги превезувала двете дечиња едното три , другото шест години. За среќа штета има само на автомобилот, а мајката и дечињата поминале неповредени. Потресен од случката, настанот на Sидот на сообраќаен срам на Фејсбук го раскажува таткото на дечињата потресен од ситуацијата во која се нашле најблиските. -Враќајќи се накај дома пред надвозникот од Ѓорче Петров кон Даме Груев коњ трчајќи, бегајќи од газдите им пресекол пат и удрил во автомобилот на сопругата. Нека сега здруженијата за заштита на животните ми објаснат како ние луѓето…

ПОВЕЌЕ ...

Затнататиот нос е карактеристично нешто за есенските и зимски денови, а дополнително може да доведе до главоболка, замор, па дури и до болка во очите и ушите. Руската терапевтка Маргарита Левченко покажа неколку вежби за тоа како точно со помош на масажа да се ослободите од оваа „досада“. Неопходно е да се откажете од оваа постапка ако имате висока температура или гноен бактериски синузитис, ако имате рак и воспалителни болести на кожата. Вежба 1 Започнете хоризонтално движења во областа на брадата и образите. Не масирајте премногу силни и не притискајте непотребно. Вежба 2 Со маркери на двете раце масирајте ги…

ПОВЕЌЕ ...