Author: Media Point

На летната сцена во Делчево синоќа заврши 41-то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал каде настапија 15 фолклорни друштва од земјава и странство. На фестивалот му претходеше традиционалната културна манифестација „Пијанечко-малешевска свадба“ која преку венчавката на Тања Димитрова од Симитли, соседна Бугарија, и Љупчо Петровски од Делчево, беа афирмирани народните свадбарски обичаи од Пијанец. Зенил Реџепов, координатор на проектот од КУД „Гоце Делчев“ истакна дека на традиционаната свадба се афирмирани и возобновени 30 свадбарски обичаи. – Дел од обичаите ги изведувамена свадбарскиот ручек, дел на летната сцена за да можат да ги видат сите присутни. Среќен сум што успеавме и оваа…

ПОВЕЌЕ ...

Новата сезона за ФК Каменица САСА започна со пораз. Второлигашкото патување го започна од Радовиш, каде против ФК Плачковица одигра за минимален пораз од 2:1. Во првиот дел од натпреварот Саса имаше водство од 0:1, но каменичани одиграа многу лошо второ полувреме, примија два гола, при што заработија и непотребен црвен картон. За вака слабата игра една од причините може да бидат и многуте повреди на клучни играчи во тимот. Списокот на повредени првотимци во редовите на Каменица САСА е долг. Добра вест и олеснување за тренерот и целокупниот Стручен штаб на тимот е што дел од нив постепено…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска околу 10.15 часот кај месноста викана ,,Чешмиче“ на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила. Екипи од ПС Куманово се на лице место и во моментов се врши увид. Сообраќајот е во прекин во двата правци и возилата се преусмеруваат по стариот пат.

ПОВЕЌЕ ...

Скршена клучна коска и неколку ребра од кои 7-то десно е сериозно оштетено. Ова се констатираните повреди во Штипската клиничка болница кај 33- годишен моторџија од Кочани. Во тешка здравстена состојба тој таму е донесен доцна синоќа, откако изгубил контрола над моторот и с епревртел. Повредите според лекарите се искулителноо сериозни и истите кочанецот во гипс и во кревет ќе го држат повеќе време. Тој е задржав во Штипската болниа и таму ќе остане се до стабилизирање на состојбата. Што и како се случувало синоќа на кочанските улици е работа која ја утврдува полицијата. Засега истрагата оди во насока дека…

ПОВЕЌЕ ...

Утре, недела 03. Септември со почеток од 16:30 часот на градскиот стадион во Макеонска Каменица ЖФК Каменица – САСА ќе го одигра својот прв официјален натпревар. Во првото коло како дел од Првата женска фудбалска лига, девојките под водство Зоран Златковски, тренер на екипата и Шеф на стручниот штаб, ќе се сретнат со еден од најголемите фаворити за освојување на прво место во лигата, екипата на ЖФК Драгон од Скопје. Неколкуте одиграни досегашни натпревари во контролниот-подготвителен период покажа дека во Каменица има потенцијал за развој на женскиот фудбал и амбиции за постигнување на одлични резултати во иднина. Вкупно тренираат околу…

ПОВЕЌЕ ...

Хаифа, 2 септември 2017 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Хаифа против Израел ќе го одигра седмиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија.   Со подмладен состав во кој се вклучени неколкумина играчи од младата селекција која летово настапи на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска, селекторот Игор Ангеловски ќе се обиде да им се реваншира на Израелците на поразот во Скопје со 2:1. На Ваше барање Либеро Травел повторно организира поклоничко патување во Манастирот Острог  Дуелот Израел – Македонија кој е во рамките од Г групата ќе започне од 20:45 часот, термин во…

ПОВЕЌЕ ...

Како што рече една од учителките, тие песната и орото ги научиле при една посета на Малешевијата. Светскиот македонски конгрес од Австралија при објавата на видеото се заблагодари на училиштите заради учењето на различните култури и традиции.

ПОВЕЌЕ ...

Скопје, 1 септември 2017 (МИА) – Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со почетокот на учебната година почнува нова едукативна кампања наменета за децата и родителите. Кампањата ќе се реализира под мотото „Ѕвони за час! Возете внимателно, дечињата тргнаа на училиште“ и целта е да се зголеми безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот и да се заштитат децата од повреди и загуби во сообраќајот. Од РСБСП препорачуваат возачите кога ќе видат знак „училиште“ задолжително да ја намалат брзината, да бидат внимателни на пешачки премин, во близина на училиште или градинка внимателно да го паркираат возилото и секогаш кога…

ПОВЕЌЕ ...

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, од печат излезе втората книга на Отец Пимен, митрополит европски на Македонската православна црква. Книгата со наслов „Патувајќи“ е збир на колумни кои го тераат и читателот да пропатува преку неговите размисли и ненаметливи совети. Промоцијата на книгата ќе се одржи во понеделник во спомен куќата на Татарчеви во Ресен, родниот град на отец Пимен. Во вторник ќе биде промовирана во Прилеп, во среда во Струмица и во четврток во Штип, а во Скопје промоцијата ќе се одржи на 18 септември. Од „Матица македонска“ најавуваат дека книгата ќе биде претставена и во Битола и…

ПОВЕЌЕ ...