Author: Media Point

Македонска Каменица, 05. Ноември 2024 година – Општина Македонска Каменица распиша Јавна набавка за реконструкција на дел од доводниот цевковод за село Луковица и село Тодоровци, во должина од 700 метри, со цел подобрување на снабдувањето со чиста и здрава вода за пиење. Претходно, преку активности спроведени од ЈП „Камена Река”, веќе е реконструиран цевководот во должина од 800 метри. За следната година е планирана реконструкција на преостанатите 1000 метри од водоводот, со што трајно ќе биде решен проблемот со водоснабдувањето во овие рурални средини. Општина Македонска Каменица постојано работи на подобрување на квалитетот на условите за живот во сите…

ПОВЕЌЕ ...

На 88 годишна возраст почина писателката Оливера Николова. Таа пишуваше за деца и за возрасни, а ќе остане запаметена по книгата „Зоки Поки“. Таа е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. Работниот век во поминала во јавниот сервис МРТВ како уредничка и драматург. Авторка е на триесетина книги за деца и возрасни, меѓу кои има раскази, романи, сликовници и пиеси. Авторе и на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец) и „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Николова освои повеќе награди и признанија, меѓу кои се…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на вчера одиграното 11. Коло на Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА со 4:0 го совлада тимот на ЖФК Топ Гол. – Планирана победа и нови три бодови. Целосна доминација и контрола на натпреварот на нашите девојки. Брза игра со многу шанси и одлична реализација, со дисциплинирана игра во одбраната, – велат во оценката за натпреварот од стручниот штаб на ЖФК Каменица САСА Одличната Ана Димитровска постигна хет-трик на натпреварот за убедлива победа на каменичкиот женски фудбалски клуб. Во листата на стрелци се запиша и младата Ева Андонова.

ПОВЕЌЕ ...

Во дерби дуелот на ланските финалисти во плеј-офот, Баскет Кам убедлив против Вардар (79:57) за максималeн ефект Екипата на Баскет кам 2011 запиша уште една победа во меѓусебните дуели со Вардар, оние кои траат веќе неколку сезони, а дел од нив, оние во ланскиот шампионат решаваа и за титулата државен првак. Екипата од Македонска Каменица стигна до нов, сега и убедлив триумф од (79:57), во најголема мерка по заслуга на извонредната Ивана Кметовска. Македонската репрезентативка реализираше 30.поени за победничката екипа, а одлично беше следена од Димова која уфрли 17 односно Поп Димитровска коај го заврши дербито со 14. реализирани поени.…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02. Ноември 2024 година – ФК Каменица Саса постигна нова значајна победа на гостински терен против екипата на ФК Новаци, со резултат 1:0. Стрелец на единствениот и решавачки гол за нашата екипа беше секогаш одличниот Тони Мичковски. Со оваа победа, САСА сега има 15 бодови, доволни за делба на 8 позиција на табелата, со екипата на Детонит Плачковица. Оваа победа е нов поттик за целиот тим на ФК Каменица Саса. Со добрата и мотивирана игра на нашите момци, ќе продолжат новите успеси и победи на нашата екипа за пласман во горниот дел на табелата.

ПОВЕЌЕ ...

Отворен повик за учество на ликовен конкурс за деца 2024 Македонска Каменица, 31 октомври 2024 – И оваа година, трета по ред, Рудник САСА објавува јавен повик за учество во ликовен конкурс за детски цртежи со мотиви кои се поврзани со работењето на рудникот и неговото значење за луѓето, семејство и локалната заедница. На конкурсот може да учествуваат сите деца од 5 до 15-годишна возраст кои живеат на територијата на општина Македонска Каменица, како и децата на вработените во САСА на таа возраст. Ликовните творби треба да се достават најдоцна до 22 ноември 2024 година во Канцеларијата за комуникација со…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31. Октомрви 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица го посети Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” каде во завршена фаза е уредувањето на Сензорна соба за потреби на нашето училиште. Проектот е дел од проектот „Направи разлика“, кој се реализира со активна поддршка на Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и со финансии од Агенцијата за меѓународен развој УСАИД. – Сензорната соба ќе обезбеди подобри услови за работа и учење за учениците, создавајќи простор кој ќе ги поттикнува нивниот развој и креативност. Вложувањето во образованието е наш приоритет, и со оваа активност продолжуваме…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 22 став 1 точка 8 и член 50 од Законот за локална самоуправа  (Службен весник на Република Македонија бр 5/2002), член 49 од Статутот на  Oпштина Македонска Каменица (,,Службен гласник на Oпштина Македонска Каменица бр.20/19, 38/20, 33/24), член 6 од Правилник бр.2184/1 од 25.10.2024 година за доделување на стипендии на талентирани ученици во основно и средно образование запишани во општинските и државни училишта и на талентирани студенти запишани на државните универзитети, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица распишува: К О Н К У Р С   За доделување 20 (дваесет) стипендии на талентирани ученици во основно и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31. Октомври 2024 година – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИСУСТВО НА СВЕШТЕНИТЕ ЛИЦА НА ВЕЧНИТЕ ПОЧИВАЛИШТА ЗА МИТРОВДЕНСКАТА ЗАДУШНИЦА ВО САБОТА Петок 01.11.2024 година – Св.Илија во 15:00 часот, отец Мартин – Нови Градски гробишта Капела во15:00 часот, отец Дарко Сабота 02.11.2024 година – Село Моштица во 06:00 часот, отец Мартин – Село Саса во 06 :00 часот, отец Дарко – Село Луковица во 07:30 часот, отец Дарко – Грчки вечни почивалишта во 07:30 часот, отец Мартин – Стари градски почивалишта кај Црква Св. Илија во 08:30 часот, отец Мартин и отец Дарко – Нови Градски вечни почивалишта кај Капела…

ПОВЕЌЕ ...

Во вечерните часови продолжуваат блокадите на патниот правец кон Градската депонија. Распоредени во 24 часовни смени жителите на Кочани и населените места не попуштаат пред своите барања за целосен престан на чадењето на депонијата, расчистување на просторот и третирање со алги. Дополнително, инсистираат на што поскоро оградување на депонијата, поставување на видео надзор и 24 часовно физичко обезбедување на истата, трајна забрана за депонирање на отпад од соседните општини Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци со цел трајна дислокација на кочанското ѓубриште и на населените лица кои престојуваат на депонијата заради бизнис. Сообраќајот се одвива нормално, а не се пропуштаат единствено возилата…

ПОВЕЌЕ ...