Author: Media Point

Признание за Далибор Трајков за најчитан македонски писател во библиотеките во Македонија за 2024 година од Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена река“ – Македонска КаменицаРоден е на 18.11.1981 година во Кавадарци, а по потекло е од Росоман. Завршил средно полициско училиште во Скопје, а образованието го продолжил на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, каде што се стекнал со звање магистер по Правни науки. Веќе 24 години работи во Министерството за внатрешни работи како инспектор во ОВР Кавадарци. Од најмала возраст пишувал поезија, а од 2020 година почнува да пишува раскази и со нив учествува на меѓународни конкурси на кои се…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Ноември 2024 година – Со цел, создавање на подобрена безбедност, унапредување на чистота на јавните површини и зачувување на урбаниот изглед на нашиот град, денеска започнавме акција за отстранување на сите хаварисани возила од јавните корисни површини на територијата на општина Македонска Каменица. Во таа насока, апелираме до сите граѓани, хаварисаните возила самостојно да ги пријават за дислокација од јавните површини. Пријавувањето се врши во просториите на Јавното претпријатие „Камена река“, во текот на секој работен ден. Воедно, сакаме да нагласиме, дека по истекот на рокот од 7 дена по добиената опомена, непријавените хаварисани возила ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

ПРИЗНАНИЕ ЗА АФИРМАЦИЈА НА ПРАВОСЛАВНИ ДУХОВНИ ВРЕДНОСТИ ЕПИСКОП ДЕЛЧЕВСКО-КАМЕНИЧКИ Г. МАРКО (КИМЕВ) ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА“ – МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Роден е во Штип на 25.11.1977 година и крстен како православен христијанин со име Горан. Основно образование завршил во родниот град по што се запишал на средно богословско училиште во Скопје. По завршувањето на Македонската Православна Богословија ,,Св. Климент Охридски“ во Скопје и воениот рок се запишал на Богословскиот факултет во Скопје, а истовремено работи и во администрацијата на Велеската и Повардарска Митрополија. На 02. 08. 2002год. во манастирот „Св. Прохор Пчински”, ракоположен е во ѓаконски чин од…

ПОВЕЌЕ ...

150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков Тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Петков Мисирков (по повод 150 години од раѓањето)“ ќе се одржи денеска во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Како што најавија од Институтот, на научната дискусија ќе се обратат професорите Билјана Ристовска-Јосифовска, Лилјана Гушевска, Елена Јованова-Грујовска, Митко Панов, Катерина Кузмановска-Петровска, Лидија Тантуровска Јасминка Ристовска Пиличкова, Зоранчо Малинов, Славчо Ковилоски и Андријана Павлова.

ПОВЕЌЕ ...

Девојките од Крива Паланка славеа со сигурни (70:54) во дербито со Баскет кам, и остануваат непоразени во пет одиграни кола Кошаркарките на Крива Паланка му го нанесоа првиот пораз на актуелниот шампион во женската Прва лига, екипата на Баскет кам од Македонска Каменица.. Максимално го искористија квалитетите на „трилингот“ Алексовска-Робинсон-Меклејни, но и отсуството на една од најдобрите кошаркарки на екипата од Македонска Каменица, Ивана Кметовска, и стигнаа до голема победа (70:54) и максимален ефект во четири досега одиграни мечеви од почетокот на сезоната. Домашните кошаркарки имаа постојана предност во дерби дуелот со бранителот на титулата. По почетните (17:12) во првиот…

ПОВЕЌЕ ...

Целосна доминација на теренот и значајна победа, со резултат од 2:1, на ЖФК Каменица Саса над ЖФК Љуботен. Натпреварот се одигра во рамки на 13. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија. За домашната екипа стрелаа Фрагосо и А. Шопска. – Голема победа во дербито на колото Честитки до целиот тим! Борбеност, сплотеност, колектив за пример! Само суперлативи за сите девојки! Тоа е начинот, тоа е правилниот пат! Браво, – со задоволство објавуваат од ЖФК Каменица Саса од каде упатуваат огромна благодарност и до публиката како 12 играч на денешниот натпревар.

ПОВЕЌЕ ...

Повик за чествување на големиот христијански празник Св. Архангел Михаил во истоимениот манастир во Аџиско маало, село Саса 15/11/2024 Media Point ВЕСТИ, култура и наука В четврток, на 21. Ноември 2024 година, во Аџиско маало, село Саса во манастирот посветен на Св.Архангел Михаил ке се отслужи Света Божествена Литургија со почеток од 08:00часот. По завршувањето на св.Литургија ке се благословат славските колачи. На крајот ке биде поделен ручек за сите присутни верници. Благослов во секое семејство и за многу години, – информираат од парохиското свештенство во Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа над Летонија (1-0) и по пет кола официјално го обезбеди првото место во групата во Лигата на нациите. Нашиот национален тим се измачи да го скрши гостинскиот отпор на Арената „Тодор Проески“, меѓутоа со голот на Никола Серафимов дојде до трите бода потребни за заверка на водечката позиција во групата 4. Со оваа победа Македонија како ретко кога во историјата врза четири меча без примен гол. Нашиот селектор тргна офанзивно од првата минута, во нападот со Миовски и Трајковски, со Елмас и Чурлинов по страничните позиции, а централно дејствуваа Барди и Алими. Дефанзивната двоја ја сочинуваа Зајков и Серафимов, со…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14 ноември 2024 година – Јавното претпријатие “Камена Река” ги известува граѓаните на Македонска Каменица, дека спроведени анализи на водата за пиење во општина Македонска Каменица покажуваат позитивни резултати, кои потврдуваат дека нашиот водоснабдителен систем обезбедува чиста и здрава вода за пиење. Анализите, во стандардна и редовна процедура, постојано се вршат во Центарот за јавно здравје, а резултатите од истите потврдуваат дека водата е безбедна за пиење и користење. Сите параметри на квалитетот на водата се во рамките на законски утврдени стандарди, што значи дека граѓаните на Македонска Каменица можат да бидат сигурни во здравствената исправност и безбедност…

ПОВЕЌЕ ...

Под влијание на влажна  и студена воздушна маса од север, која е во склоп со висинскиот циклонски систем кој се наоѓа западно и југозападно од нас, до крајот на денешниот ден (четврток), како и утре (петок) времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, додека на планините, како и во повисоките населени места, особено во западните  и во северните предели од државава поради дополнителното заладување на времето врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира нова снежна покривка. За време на овој бран на врнежи локално…

ПОВЕЌЕ ...