Author: Media Point

Се издава стан под кирија на улица Александар Македонски број 11, спроти Поштата во Македонска Каменица Станот целосно е опремен со мебел и ги поседува сите погодни услови за живеење. Цена по договор. Повеќе информации на следниве телефонски броеви: +389 70 616 016

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса ќе ја пречека екипата на ФК Скопје пред празни трибини на стадионот во Македонска Каменица ФК Каменица Саса во рамки на последното 15. коло од есенскиот дел на првенството, ќе се сретне со екипата на ФК Скопје од Скопје. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Македонска Каменица, во сабота на 07 Декември, со почеток во 13:00 часот, но за жал, овојпат без присуство на публика. Имено, комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од ова коло во Втората македонска фудбалска лига да се одиграат зад затворени врати. Оваа одлука беше…

ПОВЕЌЕ ...

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм. Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, по повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот Димчо Атанасовски организираше прием во чест на нашите сограѓани кои со својата упорност, истрајност и сила се вистинска инспирација за сите нас. – Во рамки на приемот, со претседателката и членови претставници од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) „Порака“ од Македонска Каменица, имавме можност да размениме мислења, идеи и искуства кои ќе придонесат за унапредување на правата и условите за живот на лицата со посебни потреби во нашата општина, – вели градоначалникот Атанасовски Македонска Каменица, како што се вели во понатамошниот текст…

ПОВЕЌЕ ...

Шаховскиот клуб “Каменица Саса” го објави расписот за одржување на затворено општинско првенство на Македонска Каменица. Првенството ќе се игра во машка, женска и детска категорија. Истото, ќе се игра по Бергеров систем со времетраење на натпревар од 30 минути. Пријавувањето врши секој ден во шаховскиот клуб, како и кај претседателот на клубот, Лазо Стаменковски или Санде Ивановски, секретар на клубот. Последен ден за пријавување е 01.12.2024 година, а натпреварите започнуваат на 02.12.2024 година. За победниците се обезбедени пригодни пехари. Победниците ќе се стекнат со право да го претставуваат клубот на официјални државни натпревари.

ПОВЕЌЕ ...

Ѓорѓијоски ќе ја претставува Македонија на фестивалот ЖАОКА во Србија Македонска Каменица 30. Ноември 2024 година – Нашиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски ќе биде претставник на Македонија на престижниот фестивал ЖАОКА, кој ќе се одржи во Домот на културата „Братство-единство“ во Качарево. Со свој избор на најдобри афоризми, Ѓорѓијоски ќе го збогати културниот програм и опусот на овој регионален фестивал. Во делегацијата која ќе го придружува Ѓорѓијоски во Панчево се и Христина Деолска, Влатко Ситновски и Софија Ситновска. Тие ќе ја искористат посетата за одржување на средба со Националниот совет на Македонците во Србија и да разговараат за засилување на соработката…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Македонска Каменица заедно со граѓаните го креира буџетот за 2025 година – Почеток на форумски сесии за креирање на граѓански буџет за 2025 година Градоначалникот Димчо Атанасовски упати известување до јавноста, во кое ги повикува сите жители на Македонска Каменица да се вклучат во креирањето на буџетот на општина Македонска Каменица за 2025 година. Известувањето ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Би сакале да ве информираме, дека Општина Македонска Каменица започнува со одржување на форумски сесии за креирање на граѓанскиот буџет за 2025 година. Овие сесии се организираат со цел заедно, преку отворен дијалог, да ги утврдиме приоритетите…

ПОВЕЌЕ ...

Се издава стан под кирија на улица Александар Македонски, спроти Кит-Го Маркет во Македонска Каменица Станот е двособен и неодамна реновиран. Се наоѓа на 3 кат. Целосно е опремен со мебел и ги поседува сите погодни услови за живеење. Цена по договор. Повеќе информации на следниве телефонски броеви: 071 633 925; 072 221 355

ПОВЕЌЕ ...

Нашата Стефанија Маринковска – млада надеж во женската фудбалска репрезентација на Македонија Македонска Каменица, 28. Ноември 2024 година – Стефанија Маринковска е 19 годишна фудбалерка од Македонска Каменица, една од најперспективните таленти во македонскиот женски фудбал. Стефанија е стандарден првотимец во редовите на ЖФК Каменица САСА, повеќекратниот шампион на Македонија, освојувач на повеќе титули во Купот на Македонија и повеќегодишен претставник на Македонија во Лига на шампиони. Со својата игра и посветеност, Маринковска остави значаен печат и на домашната и на меѓународната сцена, доволен да биде во состсвот на македонската селекција и во претстојните натпревари во Лигата на нации против…

ПОВЕЌЕ ...