Author: Media Point

Вчера, со почеток во 17:00 часот, на свечен начин стартуваше со работа „Билјард Клуб 9“ во Кочани. Локацијата е на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани, во просториите сместени под казино и обложувалница „Моцарт“. Самиот простор и поставениот инвентар нудат вистински моменти на разонода: Билјард Пикадо Шах Табла Карти И секако место за роденденски прослави, Менаџерскиот тим ве очекува.

ПОВЕЌЕ ...

Откриено е дека голем број делфини во Мексиканскиот Залив биле позитивни на кокаин, седатив мепробамат, мускулен релаксант каризопродол и силни лекови против болки. Една нова студија откри присуство на лекови и фентанил во организмите на морски животни. Испадна и дека животните не ги внесувале орално – со пиење вода, туку дека лековите се апсорбирале преку кожата, пренесува rts.rs. Тестирани се 89 делфини, при што е утврдено дека 30 од нив имаат лекови или лекови во телото, а 24 биле позитивни на лекови против болки, кои се 100 пати посилни од морфинот. Седативот наречен мепробамат и мускулниот релаксант карисопродол, исто така,…

ПОВЕЌЕ ...

Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите. За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади, велат од Владата. -Ваучерот…

ПОВЕЌЕ ...

Првиот семафор на светот работел на плин На 9 декември 1868 во Лондон прв пат е поставено нешто налик на денешниот семафор. Отпрвин, реакциите на него биле помешани. Но потоа еден несреќен случај одеднаш го збришал целиот проект. Уште пред да бидат измислени автомобилите, сообраќајот во Вестминстер, еден од најдинамичните реони во Лондон, повеќе личел на навалица на пешаци и коњски запреги. Редот го воведувал полицаец со рачна сигнализација. Но на 9 декември 1868 лондонскиот Тајмс гордо соопштил дека на раскрсницата пред Парламентот е инсталирана „брилијантна иновација“ која ќе помогне во регулацијата на уличниот сообраќај во метрополата, градски проблем за…

ПОВЕЌЕ ...

Уште шест деца се повредени во последниве 24 часа во Скопје од „ТикТок“ предизвикот ,,Супермен”, а овој предизвик се прошири и во другите градови. Едно дете се здобило со повреди од играта ,,Супермен’’, констатирани од лекар од приватна ординација во Крива Паланка во Општина Ранковце. Најстариот малолетник е возраст од 17 години, а најмладиот има десет години. Сите по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, вели за Телма директорот на Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. „Од 13 часот вчера до денеска има шест нови случаи на повредени деца од „ТикТок“ предизвикот. Сите се од територијата на Град…

ПОВЕЌЕ ...

Во напредна фаза се активностите за реконструкција на главната водоводна линија, со цел обезбедување на поквалитетно и континуирано снабдување со чиста и здрава вода за пиење на жителите од селата Тодоровци и Луковица. Водоводот во овие рурални средини од Општина Македонска Каменица опфаќа вкупно 54 домаќинства, кои досега се соочуваа со потешкотии и проблеми со водоснабдувањето. Со оваа реконструкција од 700 метри и со претходно извршената активност на водоводната линија во должина од 800 метри, жителите на Луковица и Тодоровци сега добиваат трајно и одржливо решение за овој основен животен ресурс. Со оваа инвестиција, Општина Македонска Каменица уште еднаш потврдува…

ПОВЕЌЕ ...

Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ целосно го спроведе проектот за замена на дотраените и неквалитетно поставени прозори на дел од првиот кат во училиштето. Со оваа интервенција се обезбедува значително подобрување на енергетската ефикасност, високо ниво на топлотна и звучна изолација, долготрајна отпорност кон атмосферски влијанија и сигурност во објектот. Инвестицијата е дел од заложбите на Општина Македонска Каменица за подобрување на условите за работа и учење во образовните институции, како и за заштита на животната средина преку намалување на енергетските загуби. Подолжуваме со реализација на проекти кои непосредно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на сите наши…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 11. Декември 2024 година – Проектот за инсталација на 32 инвертер клими во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ е успешно завршен. – Инвестицијата е уште еден чекор напред кон остварување на нашата визија за модерна и енергетски ефикасна Општина Македонска Каменица, -вели градоначалникот Атанасовски, кој дополнува дека “новите клима уреди обезбедуваат пријатна и комфорна атмосфера за учење и работа во сите училници и кабинети во училиштето и придонесуваат за значителни заштеди на енергија”. Со оваа интервенција, како што дополнува Атанасовски, не само што се подобрува квалитетот на образованието, туку значително се намалува и негативното еколошко влијание…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, 08-ми декември 2024 год., нашата Македонската Православна Црква го празнува својот голем заштитник и молитвеник ,,Св. Климент Охридски’’. Во чест на овој значаен ден за нашата Црква, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички началствуваше на Светата Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица’’ во Македонска Каменица. По читањето на Светото Евангелие Епископот одржа пригодна беседа во која го протолкува денешното Евангелие. Денес, празнуваме едно големо светило на верата. Во тропарот на овој светител многу јасно ни се опишува животот и посветеноста кон просветувањето на народот. Св. Климент со зборови ги упатил народите во верата, со чудеса ги просветлил оние кои пристапувале…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08. Декември 2024 година – ФК Каменица Саса објави соопштение до фудбалската јавност поврзано со вчерашните случувања и прекинот на натпреварот со екипата на ФК Скопје. Соопштението ви го пренесуваме во целост: Почитувана фудбалска јавност, ФК Каменица Саса го осудува секое насилство на фудбалските натпревари. Во досегашната 56 годишна фудбалска историја во Македонска Каменица немало прекин на натпревар поради настанат инцидент. Сите гостински екипи, секогаш биле пречекани домаќински и достоинствено. Иницијатор на вчерашниот инцидент беше гостинскиот играч – резервен голман, Гоце Јовчев, кој што најпрвин од резервната клупа направи вербален напад врз двајца наши фудбалери. За истото…

ПОВЕЌЕ ...