Author: Media Point

Македонска Каменица, 26. Ноември 2024 година – Денеска, во кабинетот на градоначалникот Димчо Атанасовски беше организиран прием за талентираните ученици – добитници на стипендии според постигнатите успеси во учебната 2023/24 година. Во текот на средбата, на младите талентирани ученици, градоначалникот Димчо Атанасовски им упати искрени честитки за нивните одлични успеси. Притоа, изразувајќи лично задоволство од импресивните резулатати на регионално и национално ниво, Атанасовски истакна, дека тој како градоначалник и општина Македонска Каменица, ќе продолжат да бидат постојана поддршка за остварување на нови успеси и за успешна реализација на сите идни проекти на младите. Градоначалникот Димчо Атанасовски, во соопштението за јавност…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 26. Ноември 2024 година – Општина Македонска Каменица распиша Јавна набавка за изградба на фекална канализација во селата Луковица и Тодоровци. Станува збор за нов чекор напред во реализацијата на долгорочниот план на Општина Македонска Каменица за подобрување на условите за живот во сите населени места општината. – Со оваа инвестиција, ќе биде изграден дел од Крак 5 од канализациониот фекален систем, со кој во иднина, покрај домаќинствата од Луковица и Тодоровци ќе бидат опфатени и домаќинствата во село Косевица. Изградбата на овој инфраструктурен проект значи решавање на еден од најгорливите проблеми на жителите на овие…

ПОВЕЌЕ ...

Феномен се случи во Македонија, на Клиниката за гинекологија и акушерство, мајка стана 61- годишна скопјанка, која на свет го донесе Петар. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и, како што велат од Клиниката, дома заминале во неизмерна среќа и радост. Бебето е тешко 2.350 грама и долго 48 сантиметри. Зачнато е ин витро, од јајце-клетка што мајката ја замрзнала пред повеќе од 30 години. Таткото е 65-годишен сопруг и немал проблем со семениот материјал. По 37 години поминати во брак и многу неуспешни обиди, тие не се откажале од желбата за потомство. – Дека во светот на…

ПОВЕЌЕ ...

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река Во рамки на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“, синоќа во Домот на културата во Македонска Каменица беа промовирани делови од македонскиот превод на „Часослов“ од Јаков од Камена Река, кој се смета за прв македонски печатар. Македонска Каменица, 23 ноември 2024 (МИА) – Во рамки на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“, синоќа во Домот на културата во Македонска Каменица беа промовирани делови од македонскиот превод на „Часослов“ од Јаков од Камена Река, кој се смета за прв македонски печатар. На изложбата по повод промоцијата, пред присутните…

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ „Романса“ ве поканува на детската театарска претстава „Волшебната шума“ Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица со задоволство ги поканува најмладите љубители на театарот, да присуствуваат на детската театарска претстава „Волшебната шума“, која ќе се одржи на 27 ноември 2024 година. Претставата ќе биде изведена во два термини: Во 10:00 часот за најмалите дечиња од детската градинка „Бамби“, Во 13:00 часот  за повозрасните дечиња и ученици Оваа магична театарска авантура, преку улогите на Перуника Киселички, Владо Дојчиновски и Љубравка Киселички, ќе ги однесе дечињата на патување низ фантастичниот свет на „Волшебната шума“, исполнет со многу емоции, смеа и вредни пораки…

ПОВЕЌЕ ...

Младите надежи на ФК Каменица Саса блескаат во есенскиот дел од сезоната! Македонска Каменица, 25. Ноември 2024 година – Фудбалскиот клуб Каменица Саса продолжува со вложување во развојот на идните фудбалски таленти, а оваа 2014/15 натпреварувачка сезона, помладите пионери и детските категории од генерацијата 2014/15 го покажаа најдоброто од себе. Со неверојатна упорност, борбеност, дисциплина и тимска игра овие детски категории ги освоија првите места во есенскиот дел од сезоната 2024/25. Особено важна улога во овој успех на помладите пионери одиграа тренерите Благој Димитровски и Столе Тошев, како и тренерот на нашата детска 2014/15 генерација,  Ален Миленковски. Тие преку системска работа, модерни…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 22. Ноември 2024 година – Во пресрет на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ – Македонска Каменица, во кабинетот на градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски беше одржан прием за директорот и организаторите на фестивалот, како и за проф. Георги Гоце Дуртаноски – македонско-холандски калиграф и Д-р Бранислав Светозаревиќ – историчар и архивист, Димитри Кирјаковски – почесен претседател на Заедницата на Македонците во Чешка и Коле Боровски – актуелен претседател на Заедницата и основач на македонското здружение „Македонска мисла“ во Прага и Весна Апостолоска од Туристичкиот сојуз на Македонија, како гости на истиот. На средбата,…

ПОВЕЌЕ ...

Православните христијани денеска го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Празникот на Архангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Главниот празник на Св. Архангел Михаил се празнува на 8 ноември (Јулијански календар) односно 21 ноември по нов стил. Се вика Собор на свети архангел Михаил. Тој е меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби,…

ПОВЕЌЕ ...

Руска софтверска компанија покани седумгодишен програмер да му се придружи на нивниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа, јавува Би-Би-Си. Сергеј од Санкт Петербург се прослави преку видеа во кои објаснува како се програмира. Врз основа на тие видеа, компанијата за информациска безбедност Pro32 му испрати писмена понуда за работа, за позицијата раководител на корпоративна обука. Според рускиот закон, Сергеј не може да заземе ниту една платена позиција до својата 14-та година. Но, извршниот директор на Pro32, Игор Мандик, изјави за Светскиот сервис на БиБиСи дека во меѓувреме разговарал со родителите на Сергеј…

ПОВЕЌЕ ...

Честитки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија за застапување на нејзината кандидатура, напиша американската амбасадорка Анџела Агелер. – Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД – порача Агелер во честитката до Шекеринска. Изборот на Шекеринска за оваа функција претходно го честитаа и лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој истакна дека со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат. Поранешната министерка за одбрана,…

ПОВЕЌЕ ...