Author: Media Point

Македонска Каменица, 13. Ноември 2024 година – Реновирањето на училишната библиотека и опремувањето на медијатека, како модерен простор за потреби на учениците, е уште еден од проектите кои ги реализира Средно општинско училиште “Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица. Со реализацијата на овој проект, училиштето добива модерен простор каде учениците ќе можат да реализираат активности со читање, истражување и креативно изразување. – Медијатеката ќе биде опремена со богат книжевен фонд, литература, енциклопедии, прирачници и речници. Современи технолошки уреди, вклучувајќи смарт телевизори и компјутери со брз интернет. Покрај тоа, тука ќе бидат достапни списанија, брошури и публикации, а просторот ќе биде…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 12. Ноември 2024 година – По вчерашните и синоќешните врнежи од снег, екипите ангажирани од општина Македонска Каменица и екипите на Јавното претпријатие Камена Река се натерен и успешно ги вршат активностите за расчистување на снежните наноси. Сите локални патишта, вклучително и оние што водат до најоддалечените и највисоките населени места во нашата општина, се проодни и расчистени, информираат од Општината – Екипите, од раните утрински часови се на терен во Караџевско маало во село Косевица, Капетанско маало во село Саса и повеќе од повисоките населени места во село Цера, каде со максимална ангажираност вложуваат напори за обезбедување…

ПОВЕЌЕ ...

Од петок возилата со задолжителна зимска опрема Ако не се се поседува зимска опрема во овој период (од 15 ноември до 15 март) полициските службеници ќе наредат запирање на возилото, а казната за непочитување изнесува 45 евра во денарска противвредност, а возачот ќе добие и 25 негативни бодови Од 15 ноември, петок, според Правилникот за задолжителна зимска опрема на возилата, велосипедите, запрежните возила и тракторите, сите возила мора да бидат опремени со зимска опрема. Оваа обврска важи до 15 март. За возила со тежина до 3.500 кг, зимската опрема подразбира: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението „Контакт 3“ одржа работилници за емоционална интелигенција за деца во Македонска Каменица и Штип Македонска Каменица, 09. Ноември 2024 година – Здружението „Контакт 3“ неодамна заврши со циклусот работилници посветени на развивање на емоционалната интелигенција кај децата, организирани во Македонска Каменица и Штип. Во работилниците учествуваа околу 30 деца од овие градови, а процесот го водеа квалификувани стручни лица: Сузана Л.Ефтимова, педагог и гешталт советувач; Ивана А.Мулачка, психолог, социолог и гешталт советувач; и Билјана И.Стојановска, психолог и гешталт советувач. За време на овие работилници, децата имаа можност да учат важни вештини како што се емпатија, самомотивација, социјални вештини и…

ПОВЕЌЕ ...

Уписи! Magna Ars Smooth System – MASS Academy започнува со работа во Македонска Каменица! Со огромно задоволство најавуваме дека од 14 декември започнуваме со часови во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица. Нашите програми за пијано, гитара, пеење и танц се подготвени да ги инспирираат и водат новите генерации! Напомена: Поради малиот број на слободни места ќе работиме по принципот „Прв дојден, прв услужен“ Затоа, осигурете го своето место уште сега – местата се пополнуваат брзо! Не пропуштајте ја оваа можност! Со нетрпение ве очекуваме! Линк за пријавување на ФБ: https://www.facebook.com/messages/t/104562772405180 Контакт тел: 070 350 399; маил: bestreview2016@gmail.com

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08. Ноември 2024 година – Општина Македонска Каменица во соработка со Јавното претпријатие Камена Река врши интервентно чистење и дезинфекција на базените и доводните цевководи од системот за водоснабдување на сите приградски населени места во Стара Каменица и во село Дулица. Претходно, од страна на ЈП Камена Река, беше уреден и дополнително заштитен зафатот за вода на м.в. Јуручки гробишта во село Цера, активност со која значително се подобрија условите за постојано обезбедување на чиста и здрава вода за пиење. Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атансовски вели дека сите овие работни активности се спроведуваат во рамки на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 08. Ноември 2024 година – Успешно е спроведена Јавната набавка за замена на фасадната столарија на дел од горниот кат на СОУ “Миле Јаневски Џингар” во Македонска Каменица. Активноста е дел од нашите тековни заложби за зголемување на енергетската ефикасност и обезбедување на подобри услови во училиштето, – велат од општина Македонска Каменица – Ве уверувам, дека во соработка со сите образовни и воспитни установи во нашата општина ќе продолжиме да инвестираме и посветено да работиме за подобрување на воспитно – образовната средина, создавајќи подобри услови за учење, престој и работа во истите, – истакнува градоначалникот Димчо Атанасовски…

ПОВЕЌЕ ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Меѓу поголемите есенски празници поврзани со домашни служби спаѓа токму  празникот Митровден што се празнува во спомен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец и мироточив. Овој празник претставува и меѓник меѓу летниот и зимскиот период од годината Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра… Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 06. Ноември 2024 година – Денеска, во Домот на култура во Македонска Каменица, од страна на Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“се одржа прес конфереција на која медиумите и јавноста беа запознаени со активностите за претстојниот Фестивал, кој ќе се одржи на 22. 11. 2024 година. И оваа година во тек е Конкурсот за убав испис на кирилица со краснопис на македонски јазик, кој освен за ученици од основните и средни училишта во републиката, е наменет и за возрасни категории (интернационален). Исто така продолжува и соработката со библиотеките за избор на најчитан македонски автор. По…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05. Ноември 2024 година – Започнува со работа шаховската школа во Македонска Каменица. Првиот час за шахисти пионери, е закажан за среда, 06. Неомври 2024 година, со почеток од 18:00 часот, во просториите на Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ во Куќа на спортот во Македонска Каменица. – Во почетните часови ќе бидат опфатени основите на шаховската игра, а потоа знаењата за шахот на младите шахисти ќе бидат продлабочени со искуства од познати ФИДЕ мајстори од земјава, – истакна претседателот на ШК „Каменица Саса“ лазо Стаменковски, кој ќе биде и предавач на младинското шаховско школо Часовите ќе траат до крајот…

ПОВЕЌЕ ...