Author: Media Point

Нашиот Филип Николовски е ново засилување на Слога Виница. Николовски во Виница доаѓа од редовите на ФК Каменица Саса. Станува збор за млад и перспективен играч кој е четврто засилување во тимот на штипскиот стратег Емил Грнев. Претходно, како што веќе информиравме Слога Виница се засили со искусните Иван Настевски и Тони Мирчевски од второлигашот Детонит Плачковица и Љупче Христовски од Беласица. Слога Виница дефинитивно ќе нема проблем во пролетниот дел во Трета лига – Исток и повеќе од јасно е дека фокусот е веќе на баражот за Втора лига.

ПОВЕЌЕ ...

Се продава плац од 1400m2 на улица Даме Груев во Суво Маало, Македонска Каменица Се продава плац од 1400m2 на улица Даме Груев во Суво Маало, Македонска Каменица. Плацот е со чист имотен лист и можност за поврзување кон водоводен и канализационен систем, како и кон системот за напојување со електрична енергија. Цена по договор. Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број +389 78 588 606

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишна акција на “Го – Пласт Караман” за радост на дечињата и поддршка кон заедницата Компанијата “Го – Пласт Караман” спроведе новогодишна акција за поддршка на заедницата во Македонска Каменица. Во рамки на акцијата, беа поделени новогодишни пакетчиња за сите дечиња во градинката „Бамби“ и за штитениците на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Дополнително, повеќе социјално ранливи семејства добија пакети со прехранбени производи. Во спроведувањето на акцијата беа вклучени сите вработени во “Го – Пласт Караман”, кои преку оваа хумана иницијатива внесоа радост кај дечињата и топлина во многу домови. Компанијата на сите им посакува среќна Нова 2025…

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишно изненадување за дечињата во Македонска Каменица од планинарското, ловното и доброволното противпожарно друштво Македонска Каменица, 27 декември 2024 – Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Планинарското друштво СПАД „Царев врв-Руен“, претставувано од Димче Велков, Здружението на граѓани „Ловно друштво Каменица-Саса“, претставувано од Гоце Стоиловски, и ДПД „Саси“, претставувано од Ангелчо Стоименовски, организираа хуманитарна акција во соработка со граѓаните на општина Македонска Каменица и локални општествено одговорни компании. Во рамки на акцијата беа обезбедени и донирани новогодишни пакетчиња и социјална помош за дечињата, како и материјали за разубавување на нивните училишта. Оваа иницијатива има за цел да го…

ПОВЕЌЕ ...

Владата на последната седница одлучила двојно да го зголеми надоместокот за наплата на концесијата на рудниците и другите експлоатации на минерални суровини, дознава „Фактор“. Прифатено е барањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да се зголеми надоместокот од 2 на 4 отсто од вкупниот годишен приход од компаниите кои ги експлоатираат разните видови на минерали. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, претходно пред медиумите брифираше дека побарала од Генералниот секретаријат на Владата да го зголеми надоместокот за концесија за рудниците и сепарациите. Надоместокот во моментов е премал и не се наплаќа ефикасно, додека концесионерите…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24. Декември 2024 година – Во рамки на вчерашната посета на детската градинка „Бамби“ градоначалникот Димчо Атанасовски беше запозаен со реализираните проекти кои значително го подобруваат квалитетот на условите за нашите најмлади во оваа воспитно негователска установа во Македонска Каменица. Од страна на директорката Тодорка Велиновска, градоначалникот Атанасовски беше запознаен со реализираните активности, со кои градинката доби: – Комплетно модернизирана кујна со нов индустриски шпорет, конвектомат за печење, инвертер клима, нови ѕидни и подни плочки, како и росфај висачиња. – Дополнително се набавени нови столови, фрижидери, клима уреди, правосмукалки и блендери, кои се од големо значење за функционирањето…

ПОВЕЌЕ ...

Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица На 22 декември 2024 година, 26-та недела по Педесетница, кога православните верници го празнуваат зачнувањето на света Ана и свети Софрониј Кипарски, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена света Литургија. Богослужбата беше предводена од Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Во текот на Литургијата, по читањето на Светото Евангелие, Епископот одржа богата и инспиративна беседа во која го протолкува денешното Евангелие, споделувајќи духовни поуки и охрабрување за верниот народ. На крајот од Литургијата, присутните верници се причестија со Божествените Дарови, изразувајќи благодарност и радост од…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението „Багери“ ги започна подготовките за манифестацијата “Избор на спортист на година во Македонска Каменица за 2024 година” Македонска Каменица, 22. Декември 2024 година – Здружението на граѓани „Багери“ ги започна подготовките за првата манифестација „Избор на спортист на годината“, која ќе се одржи на 25 јануари 2025 година, во Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток во 17 часот. Претседателот на здружението, Ѕвонко Прангов, изјави дека организациониот одбор активно работи на создавање основа за успешна реализација на овој значаен спортски настан. „Во следниот период ќе биде формирана комисија составена од претставници на сите спортски…

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска најави нов проект кој ќе биде посветен на животот и делото на нашата најголема ѕвезда – Тоше Проески. Како што вели, во следните две години ќе се снима игран филм, документарец и ТВ-серија во неколку продолженија, кои ќе ги прослават неговите живот, дело и мисија. „Тоше не беше само музичка икона за Македонија, туку и за целиот Балкан, и овој проект ќе има големо регионално значење. Носител на проектот е Македонската радио-телевизија, копродукциски ќе бидат вклучени неколку национални телевизии од Балканот а финансиските средства ќе бидат обезбедени од буџетот на Македонија преку…

ПОВЕЌЕ ...

На денешен ден, пред 102 години во прилепското село Небрегово, е роден академик Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ. Блаже Конески бил прв претседател на Друштвото на писателите на Македонија, прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите, почесен доктор на Чикашкиот универзитет и на Универзитетот во Врацлав. Неговото прво дело, поемата „Мостот“, ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат…

ПОВЕЌЕ ...