Author: Media Point

Бадникова радост во Македонска Каменица: Децата ги исполнија улиците со песна и насмевки Македонска Каменица, 6 јануари 2025 година – Денеска, граѓаните на Македонска Каменица го одбележаа Бадник со свечена Бадникова поворка и Света литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, со која чиноначалствуваше Епископот Делчевско каменички, г. Марко. Улиците на градот беа исполнети со радост и топлина, додека многубројни деца со насмеани лица и чисти гласови ја пееја традиционалната христијанска песна „Вечниот Бог“. Оваа христијанска традиција, која го одразува духот на љубовта и христијаството, донесе празнично расположение во градот. По завршувањето на литургијата, Епископот г. Марко се обрати до…

ПОВЕЌЕ ...

Нашите ученици освоија грст медали и на Светската олимпијада по геонауки во Кина. Михаела Павловска, ученичка во втора година во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, донесе сребро. Ивана Атанасовска, трета година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“, и Милена Ангелова, втора година во СОУ „Методиј Митевски-Брицо“ – Делчево, се закитија со бронза. Михаела ни рече дека посакува в година Македонија да воспостави систем што ќе ги вреднува достигнувањата на своите државјани, пред сè млади лица ученици и студенти, на државно и на меѓународно ниво. – Систем што ќе доведе до подигање на свеста на младите лица дека нивната иднина е овде, во…

ПОВЕЌЕ ...

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Се посочува внимателно возење поради намалена видливост и појава магла до 30 метри. Во соопштението посочени се патните правци с. Гајре – Попова Шапка, до 50м. на планинскиот превој Буково и до 70м. на планинскиот превој Ѓавато, информираат од Македонијапат. Од АМСМ потенцираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез…

ПОВЕЌЕ ...

Нов паркинг простор за помодерен и функционален градски живот во Македонска Каменица Македонска Каменица, 04. Јануари 2025 година – Во централното градско подрачје на Македонска Каменица се финализира изградбата на нов паркинг простор, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и функционалноста на сообраќајот. Новото паркиралиште, со површина од 550 м², обезбедува 20 паркинг места и пристапна улица за жителите од улица Александар Македонски. Дополнително, просторот ќе биде опремен со современа урбана опрема и ќе се изврши хортикултурно уредување, со што ќе се создаде пријатен и естетски привлечен амбиент. – Проектот се реализира во рамките на…

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека од денес секој документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен. „Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат. Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот. Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од…

ПОВЕЌЕ ...

Ова се 10-те најочекувани телефони на годината јануари 2, 2025 Еден од најголемите трендови минатата година на пазарот на паметни телефони беше вештачката интелигенција, односно имплементацијата на оваа технологија во се поголем број уреди. Го очекуваме истото и оваа година, а некои од трендовите кои би можеле да ја одбележат 2025 година вклучуваат континуиран пад на интересот за флексибилни телефони (што би требало да се промени следната година), како и сè потенки модели на паметни телефони. Какви новитети подготвуваат производителите на паметни телефони проучија на страницата Tom’s Guide, каде што објавија и листа на десетте најочекувани телефони оваа година. OnePlus…

ПОВЕЌЕ ...

Родителите вообичаено сакаат да ја препознаат и поддржат дарбата на своето дете, но понекогаш е тешко да се открие за што навистина тој / таа е талентиран(а). Децата честопати посветуваат кратко внимание на нешто, но кога се заинтересирани за една работа, тие може да покажат извонредна концентрација и посветеност. Следат неколку клучни знаци за дарбата на едно дете. Ниво на фокус Когa некое дете е заинтересирано за нешто, тој/таа покажува исклучителна сосредоточеност. Ако родителот забележи дека детето останува ангажирано во некое свое хоби подолго од вообичаено, тоа може да биде знак за посебен интерес или талент. Децата кои имаат природна…

ПОВЕЌЕ ...

Возљубени, На ден 06.01.2025 година понеделник ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко Пречек на надлежниот Архиереј во храмот св.Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица во 07:30 часот. По завршувањето на Светата Литургија во 11 часот Неговото Преосвештенство Епископот Делчевски каменички г.Марко заедно со градоначалникот на општина Македонска Каменица г-дин Димчо Атанасовски срдечно ќе ги пречекаат сите дечиња и ке се упатат низ улиците на Македонска Каменица кој заедно со сите деца ке ја испеат песната Вечниот и ке се изведе Божиќната поворка за ова лето Господово 2025 година. На крајот ќе бидат поделени скромни подароци за секое…

ПОВЕЌЕ ...

Рудник САСА и за овие празници ја продолжи традиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени Македонска Каменица, 30 декември 2024 – Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку активности со цел да ги награди своите вработени и да придонесе сите во локалната заедница да ја почувствуваат радоста на празниците. И оваа година сите вработени во Рудник САСА добија новогодишен бонус и пригодни подароци, во знак на благодарност за нивната посветена работа во текот на целата година и нивниот придонес за успехот на компанијата. Поделени…

ПОВЕЌЕ ...