Author: Media Point

Во дворот на седиштетето на Делчевско – каменичката епархија, манастирот Св. Богородица Балаклија кој се наоѓа на падините под планината Голак на стотина метри од Делчево, во недела на 26. Јануари беа засадени 80 јавори (ACER NEGUNDО). Повод за оваа акција беа родендените на Миле Ѓорѓијоски, 68 годишен сатиричар и еден од највозрсните членови на ПСК ,,Голак” Делчево кое го славеше 11 роденден и една година од основањето на Делчевско – каменичката епархија. Организаторите на настанот упатуваат благодарност до сите кои учествуваа во засадувањето и прославата, ПСК ,,Голак” Делчево, младинците од Младинската секција при ПСК ГОЛАК Делчево,…

ПОВЕЌЕ ...

ОФС Кочани со поддршка за претседателот Масар Омерагиќ На собранието на ОФС Кочани кое што беше одржано викендов, делегатите и раководството на истото му даде безрезервна поддршка на претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ. Во тек се редовните собранија на сите Општински фудбалски сојузи кои пак се претходница на Собранието на Фудбалската Федерадија на Македонија кое е закажано во месец март, а сите досега до едно му изразија поддршка на претседателот Омерагиќ. Тој на Собранието во март и официјално ќе биде единствениот кандидат за претседател, а по неговото изгласување ќе му биде доделен и четиригодишен мандат. Извор:…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски говореше пред присутните граѓани во Домот на култура, на отварањето на Манифестацијата за Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2024 година”. Атанасовски во рамки на манифестацијата додели повеќе признанија на успешни спортисти, спортски работници и спортски екипи. Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост: Почитувани сограѓани, Драги спортисти, спортски работници и ентузијасти, Со голема радост и чест вечерва го означувам почетокот на првата манифестација „Спортист на годината на Македонска Каменица“. Овој значаен настан го посветуваме на одбележувањето на спортските успеси кои ја исполнуваат нашата општина со гордост, истакнувајќи го…

ПОВЕЌЕ ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини го посети рудникот САСА Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети најголемиот подземен рудник за олово и цинк во земјата. На средбата со претставниците на менаџерскиот тим на Рудник САСА, министерката Божиновска се запозна со работењето на САСА, со инвестициите во одржлив развој на рудникот и неговото значење и придонес за просперитетот на локалната заедница. За време на престојот во САСА, министерката Божиновска ги посети подземните руднички коридори, како и новите постројки кои се дел од неколкуте значајни капитални инвестициски проекти дизајнирани да ја трансформираат САСА и да овозможат…

ПОВЕЌЕ ...

Екипата на Беса од Добридол има ново име во своите редови и потпиша договор со напаѓачот Влатко Стојановски. 27-годишниот играч последната сезона ја мина во дресот на Работнички каде доживеа тешка повреда и беше надвор од терените подолго време. Нашиот Влатко Стојановски претходно на домашната сцена играше и за екипите на Шкендија, Ренова и Металург, додека во странство беше дел од Сплит, Неретвац, Горица и Дугопоље во Хрватска, Ним и Шабмли во Франција и Септември Софија во соседна Бугарија. Како што известуваат повеќето спортски медиуми во дежавата, повеќе од сигурно е дека Влатко Стојановски е добредојден во составот на Горазд Михајлов кој се бори за опстанок во ПМФЛ.

ПОВЕЌЕ ...

Министерката за енергетика рударство и минерални суровини во Владата на Република Македонија, Сања Божиновска денеска оствари кратка работна посета на општина Македонска Каменица, каде беше примена од градоначалникот Димчо Атанасовски. По завршувањето на приемот и работната средба, Атанасовски објави кратко соопштение за јавност кое ви го пренесуваме во целост: Денеска, имавме конструктивен разговор со министерката за енергетика рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Фокусот на средбата беше изнаоѓање на начини и нови можности за искористување на природните богатства во нашата општина на одржлив и рационален начин, со зголемен бенефит за локалната заедница. Разговаравме за актуелните предизвици во енергетскиот сектор…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменица Саса го совлада Осогово на вчерашниот пријателски меч одигран во кочанското село Подлог, со минимални 0:1. Двете екипи имаа можност да ја проверат формата, а тренерите им дадоа шанса на сите фудбалери. Нашата екипа ФК Каменица Саса, очекувано остана на победничките патеки против фенерџијата во втората лига и успева да го задржи континуитетот со успеси од есенскиот дел. Пред Осогово и новиот стратег Крсте Крстев е пеколна борба за опстанок во Втората лига. Следниот пријателски натпревар, екипата на Саса го игра во сабота на 22. Јануари со  лидерот на табелата во Трета лиги – Исток, екипата на Слога…

ПОВЕЌЕ ...

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија. Цените на билетите за средбите во Вараждин се зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра. Македонската селекција денес од 15:30 часот, Македонија ќе игра со Австрија. За разлика од Вараждин, во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората фаза, билетите се пуштени во продажба по 40, 60 и 80 евра. Најевтини се билетите за Претседателскиот куп во Пореч, каде цените се движат од 5 до…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската репрезентација го претрпе првиот пораз во вториот меч на СП во Вараждин, откако вечерва загуби во пресметката со Холандија (32-37), во меч во кој главни актери не беа ракометарите на двете селекции, туку судиите, кои како да имаа нешто против нашата селекција. Како поинаку да се објасни фактот што за противникот беа досудени неверојатни 12 пенали, а нашите ракометари добија два црвени картони. Сето ова предизвика револт кај неколку илјадната Фаланга, која беше бесна на начинот на кој данската судиска двојка ја делеше (не)правдата. Далеку од тоа дека на „лалињата“ им требаше ваква помош, но нормално тие немаа ништо…

ПОВЕЌЕ ...