Author: Media Point

Вандали дрифтаа на снег и го оштетија помошниот фудбалски терен во Македонска Каменица Македонска Каменица 15. Јануари 2025 година – Нов вандалски чин во Македонска Каменица, со кој тревната површина на помошниот фудбалски терен во новоизградениот повеќенаменски спортски комплекс е сериозно оштетена од возила. Според информации добиени од ФК Каменица Саса, која го користи теренот за тренинзи и натпревари на детските и младински категории, вандалскиот чин е извршен со автомобили кои “дрифтале” на теренот за време на неодамнешните снежни врнежи, предизвикувајќи значителни штети. Ваквите срамни инциденти предизвикуваат остри реакции кај јавноста во Македонска Каменица. Граѓаните постојано изразуваат загриженост за состојбата…

ПОВЕЌЕ ...

Распоред на Богослужбите за Богојавление – Водици и спуштањето на Светиот крст во водите на Каменичка Река 1.На 18.01.2024 година – сабота Водокрст; пост на масло ; Со почеток од 07:00 часот утрена ,со литургија на св.Јован Златоуст Голем Богојавленски водосвет во храмот . 2. На 19.01.2024 година – Недела ; Богојавление – Водици; утрена 07:00 часот и света литургија од 08:00часот ; По завршувањето на службата Лицитација на Икони , и Лицитација на Чесниот Крст ; Голем Богојавленски водосвет од 12:30 ; полагање на светиот Крст во водите на каменичка река ќе го изврши надлежниот Архиереј Епископот г.Марко во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица добива нова патна инфраструктура – Започнува изградбата на улиците Питу Гули и Стипцарска Македонска Каменица, 14. Јануари 2024 година – Градоначалникот на општина Македонска Каменица ја информираше јавноста, дека успешно е спроведена Јавната набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на улиците Питу Гули (225 метри) и Стипцарска (550 метри) во Македонска Каменица и дека градежните активности ќе започнат веднаш по создавањето на поволни временски услови за работа. Овие инвестиции се клучни за подобрување на пристапот на жителите до нивните домови и ќе имаат значаен придонес во развојот на Македонска Каменица како современо и удобно…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 14. Јануари 2024 година – Ловното друштво “М. Каменица-Саса” од Македонска Каменица издаде важно известување до своите членови во врска со ловните активности за месец јануари. Согласно решението донесено од надлежните органи при Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), воведени се заштитни мерки за спречување на ширење на африканската чума кај дивите свињи. Ловните денови за оваа сезона се определени за 19-ти и 26-ти јануари. Во текот на овие денови, ќе биде дозволен лов на дива свиња и штетен дивеч. По овие датуми, ќе стапи на сила ловостој — период на мир и заштита за дивечот. Управата на…

ПОВЕЌЕ ...

Интензивно расчистување на снегот во Македонска Каменица Општина Македонска Каменица спроведува интензивни активности за расчистување на снегот од градските улици, како и од локалните патишта во приградските и руралните средини. Во оваа акција се ангажирани механизацијата на економскиот оператор задолжен за зимско одржување и Јавното претпријатие „Камена Река“. Екипите, со целокупната расположива механизација, ќе останат на терен до целосно расчистување на сите патни правци. Денеска е планирано комплетно расчистување на градските улици и главните локални патишта во руралните средини. Дополнително, вработените од „Камена Река“ активно чистат јавни површини и пристапните патеки до јавните институции. Општината упатува благодарност до граѓаните за…

ПОВЕЌЕ ...

Meta AI ботови наскоро добиваат свои Facebook профили Компанијата Мета планира да активира ботови со вештачка интелигенција кои можат да комуницираат со корисниците на Фејсбук како вистински луѓе. Сметките управувани од Meta AI ботови ќе можат да креираат содржина и да имаат свои страници со Фејсбук профили. „Очекуваме оваа вештачка интелигенција, со текот на времето, да постои на нашите платформи слично како и стандардните сметки. Тие ќе имаат био и фотографии од профилот и можност да создаваат и споделуваат содржини на платформата со вештачка интелигенција… Во тој правец го гледаме развојот на сето тоа“, рече Конор Хејс, потпретседател за производ…

ПОВЕЌЕ ...

МВР предупредува: Како да препознаете телефонска измама Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID, соопштија денеска од МВР. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите. Секторот за компјутерски криминал изврши проверки во врска со телефонските измами и утврди дека…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е Св. архиѓакон и првомаченик Стефан.Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко… Овој Стефан беше евреин, соработник на апостолите. Еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.…

ПОВЕЌЕ ...

Мета, компанијата која ги поседува Фејсбук и Инстаграм, најави дека ќе ги укине „факт чекерите“ и ќе препорача повеќе политички содржини на своите платформи. Основачот Марк Цукерберг изјави дека оваа одлука е дел од новата стратегија која ќе стави поголем акцент на слободата на говорот, особено по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. „Проверувачите на факти на Мета се премногу политички пристрасни и уништиле повеќе доверба отколку што создале“, рече Цукерберг, објаснувајќи дека сегашниот систем ќе биде заменет со заеднички белешки слични на оние што ги користи платформата X (поранешен Твитер). Според најавите, промените најпрво ќе започнат во САД,…

ПОВЕЌЕ ...

Божиќ е еден од најголемите христијански празници, кој го слави раѓањето на Исус Христос. Божиќ се празнува на 7 јануари според јулијанскиот календар, кој го следи Македонската православна црква. Празникот е симбол на радоста, светлината, семејството и љубовта. Традиции и обичаи за Божиќ во Македонија: Божиќна утринска литургија, Празнувањето започнува со свечена литургија во црквите. Верниците се молат, се причестуваат и ја слават радоста на Христовото раѓање. Христос се роди! На Божиќ, верниците се поздравуваат со зборовите „Христос се роди!“, на што се одговара „Вистина се роди!“. Семејна трпеза: На Божиќ, се подготвува богата трпеза со мрсна храна, која ја…

ПОВЕЌЕ ...