Author: Media Point

Времето денеска: Студено утро, преку ден сончево Ведро и студено утро, а преку ден сончево со мала локална облачност. Ова, како што предвидуваат синоптичарите е временска прогноза за денешниот ден. Минималната температура ќе се движи од -7 до 1, а максималната ќе достигне 4 до 12 степени“, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И во Скопје утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево. „Минималната ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 11 степени“, се вели во соопштението од УХМР. Следните денови следува стабилно и суво време со студени утра. В петок и сабота по одделни котлини ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 05. Февруари 2025 година – Во рамки на напорите за унапредување на локалната инфраструктура и туристичките потенцијали, градоначалникот Димчо Атанасовски одржа работна средба со директорот на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Трајче Здравков, и досегашната директорка, Зуица Ангелова. На средбата беа разгледани тековните и идните проекти во Општина Македонска Каменица и регионот. На состанокот присуствуваа и претставници од Општина Македонска Каменица, кои активно учествуваат во спроведувањето на проектот „Преку подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничниот регион“. Овој проект вклучува „Обележување и трасирање на велосипедска патека по сртот на Осоговските…

ПОВЕЌЕ ...

Времето денеска сончево со максимална температура до 12 степени Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, а преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови. Според најавите од Управата…

ПОВЕЌЕ ...

На социјалните мрежи повторно се шири повик за бојкот на големите трговски синџири, кој треба да се одржи овој петок. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од купување, а акцијата е наречена „Црн петок“ за маркетите. Од завчера кружи и специфичен повик за двата големи маркети „Тинекс“ и „Веро“, при што граѓаните се охрабруваат да не купуваат во овие продавници. Минатонеделниот бојкот веќе покажа ефект – според податоците на УЈП, на 31 јануари 2025 година, прометот во осумте најголеми ланци на маркети паднал за 46,59% во споредба со претходниот петок. Сепак, голем дел од граѓаните ги направиле своите набавки следниот…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска на редовна седница на Владата практично отпочнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа со којшто ќе се изрази интерес на единиците на локална самоуправа за финансирање на капитални проекти од интерес на граѓаните, рече на денешната прес конференција Премиерот Христијан Мицкоски. “Станува збор за втор јавен повик за искористување на средства од оние 15 милијарди денари кои Владата ги стави на располагање на општините. Ќе повторам, до 15 милијарди денари ќе биде вредноста на овој втор повик. Но, тоа не подразбира дека сите овие средства ќе бидат потрошени во тековната фискална година. Ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Започнаа подготвителните актвности за изградба на улица Ковачевска во Македонска Каменица Македонска Каменица, 04. Февруари 2025 година – Денеска започнаа подготвителните активности за изградба на улица Ковачевска во должина од 550 метри, проект што овозможува значајни подобрувања во инфраструктурата на овој дел од градот. При увидот на терен беше потврдено дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика. Со реализацијата на оваа улица, жителите од овој приградска населба ќе добијат подобрени услови за живот, полесен пристап до нивните домови, како и зголемена безбедност во сообраќајот. Овие подобрувања ќе придонесат за повисок квалитет на секојдневното функционирање на граѓаните. Градоначалникот на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонците денеска одбележуваат 153 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, кој ослободувањето на Македонија го гледал само од самите Македонци: „Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите“, гласи една од пораките на великанот. Идеологот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во Егејскиот дел на Македонија, син на Султана и Никола Делчеви. Тој бил визионер, кој пред повеќе од еден век го разбра светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“.…

ПОВЕЌЕ ...

На последниот ден од јануари, православните верници го слават празникот Свети Атанасиј Велики. Свети Атанасиј се слави двапати во годината, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Свети Атанасиј Велики и Свети Кирил Александриски, за нивните заслуги во одбраната на христијанството. Свети Атанасиј се слави како куќна слава во голем број македонски семејства, а именден слават Атанас, Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте… Исто така, зимскиот Свети Атанас според верувањата се сметал за ден што ја означува средината на зимата, односно се верувало дека големите студови веќе се поминати. Свети Атанасиј Велики бил роден во Александрија во 296 година. Тој…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 31. Јануари 2025 година – Во организација на пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ – Македонска Каменица, вчера се одржа предавање на тема „Економските предизвици поврзани со измамите со мед, како и за змиските загуби на плечни семејства. Преавањата се одржаа во Домот на култура, каде пред присутните пчелари се обрати и градоначалникот Димчо Атанасовски. Градоначалникот го посети и кабинетот по пчеларство на Еко Кам Мед, каде што од досегашниот преседател, Боге Јанковски и Јован Велиновски, како нов претседател  на пчеларското здружение во Македонска каменица беше запознаен со новите апарати набавени за потреби пчеларите со поддршка од општината. -…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска го славиме Преподобен Антониј Велики – за многу години! Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи…

ПОВЕЌЕ ...