Author: Media Point

„Свети Трифун“ ниту е празник на виното ниту на пијаниците – Владиката Пимен за искривеното значење на светецот ММС во разговор со Владиката Пимен ни го откирива искривеното значење на светецот Свети трифун. Прочитајте. Фото: Вангел тануровски Денес се слават љубовта и виното… Денес им е убаво на вљубените и на пијаниците…  Но, дали славењето на овој православен и католички светец треба да се поврзува со верата или со помoдарството? Ако се прашаат помладите зошто се слави „Св. Трифун“ или „Св. Валентајн“ ќе ви речат дека денес е денот на виното, односно на љубовта?  И ова не зависи кој од…

ПОВЕЌЕ ...

Верниците денес го слават Свети Трифун, денот на виното. Овој празник е познат по традиционалното обредно закројување на лозјата. Се верува дека Свети Трифун е заштитник на лозарите и градинарите и дека ги штити лозјата и градините од разни штети и несреќи (болести, инсекти, градоносни облаци и сл.), Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот (или на 1 сечко според стариот) календар. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црквата каде што попот пеел молитва и светел вода.…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска е објавен нов Јавен повик за мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД III програмата. Вкупниот буџет на Јавниот повик изнесува 7.415.335 евра. Сите апликанти може да побараат неповратен грант во максимален износ до 750.000 евра. Грантот ќе покрие до 75% од прифатливите трошоци за инвестиции во сопствено земјоделско производство, преработка и директен маркетинг на земјоделски производи. Финансиските средства на Јавниот повик се наменети за: Растително производство: Житни култури; Индустриски и фуражни култури; Лозови насади (само вински сорти); Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7. 2.Сточарство: Говеда…

ПОВЕЌЕ ...

Општинската организација на Црвениот крст во Делчево започна со услуга за лична асистенција Делчево – Општинската организација на Црвениот крст (ООЦК) во Делчево започна со испорачување на услугата лична асистенција за лица со тешка и најтешка телесна попреченост, како и за потполно слепи лица на возраст од 6 до 65 години од Делчево. „Оваа услуга има за цел да им овозможи поголема самостојност и подобар квалитет на живот на лицата со попреченост. Нашата организација е посветена на тоа да обезбеди поддршка каде што е најпотребна“, изјавија од ООЦК Делчево. Заинтересираните лица можат да добијат повеќе информации на телефонскиот број 033/412-010,…

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на минатата година Македонија ја посетиле 1.260.425 туристи. За 7,8 проценти повеќе во споредба со 2023 година. Притоа, забележлив е раст кај странските, додека кај домашните гости има минимално намалување. И натаму најбројни меѓу посетителите се турските туристи. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во декември во земјава имало 55.371 турист. Најголемиот дел од нив – 61,5 отсто се странски гости (34.052), додека 38,5 проценти биле домашни (21.319). Зад себе оставиле 113.490 ноќевања. Домашните туристи оствариле 46.708 (41,2%), а странците 66.782 ноќевања (58,8%). На годишно ниво, од јануари до декември, бројот на нашинците регистрирани како туристи…

ПОВЕЌЕ ...

Започна изградбата на улицата Питу Гули во Македонска Каменица Македонска Каменица – Започнаа првичните работни активности за изградба на улицата Питу Гули во Македонска Каменица. Во моментов се вршат подготвителни земјени работи и поставување на подземни инфраструктурни инсталации, што ќе придонесе за унапредување на сообраќајната и комуналната инфраструктура. Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, изјави дека оваа инвестиција значително ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните. “Со реализацијата на овој долгоочекуван проект, граѓаните конечно ќе добијат побезбеден и поквалитетен пристап до своите домови. Истовремено, ќе биде унапредена и урбаната инфраструктура во овој дел од градот, што е еден од…

ПОВЕЌЕ ...

Традицијата продолжува – Ловечка вечер во Каменица во организација на Ловното друштво “М.Каменица – Саса” По подолга пауза, Ловечкото друштво „КАМЕНИЦА-САСА“ повторно ја организира традиционалната Ловечка вечер, која ќе се одржи на 28 февруари 2025 година (петок) во ресторанот „Иднина“ со почеток во 19:00 часот. Настанот, кој важи за еден од најочекуваните собири на ловџиите и љубителите на добрата забава, ќе понуди богата програма. Како и секоја година, централно место ќе има лотаријата, а главна награда ќе биде ловечка пушка. За музичкиот дел ќе се погрижи Active Band, предводен од познатата пејачка Анета Арсовска, која ќе се погрижи атмосферата да…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Атанасовски: Инвестираме во инфраструктурата и квалитетот на живот во Македонска Каменица Македонска Каменица продолжува со реализација на значајни инфраструктурни и еколошки проекти, со цел унапредување на урбаното и руралното живеење во општината. Градоначалникот Димчо Атанасовски истакна дека тековните активности опфаќаат повеќе сектори, од уредување на јавните површини до подобрување на водоводната инфраструктура. – „Продолжуваме со посветено работење за унапредување на урбаното и руралното живеење во Македонска Каменица преку реализација на повеќе инфраструктурни и еколошки активности“, изјави Атанасовски. Во рамки на овие активности, започна кроењето на зимзелените дрвца и листопадните дрвореди за почист и поубав јавен простор во урбаната средина.…

ПОВЕЌЕ ...

Петто по ред зголемување на платите во Рудник САСА за последните три години Македонска Каменица, 11 февруари 2025 – И покрај сите предизвици поврзани со растот на оперативните трошоци и нестабилноста на цените на оловото и цинкот на светските пазари, околу 790 вработени во рудникот Саса и оваа година ќе добијат повисоки плати. Менаџерскиот тим на Саса донесе одлука за ново зголемување на платите во износ од 10% на основната плата. Ова е петто по ред во последните три години, кое почнува да се применува со исплата на јануарската плата. Заедно со претходните четири покачувања, платите во Саса се зголемени…

ПОВЕЌЕ ...

Горан Ангелов именуван за нов директор на Агенцијата за иселеништво Скопје, 10 февруари – Денеска во просториите на Агенцијата за иселеништво се одржа примопредавање на должноста помеѓу досегашниот директор, Слободан Близнаковски, и новоназначениот директор, Горан Ангелов. На официјалната средба, директорот Ангелов ги истакна своите планови за идното работење на Агенцијата, нагласувајќи ја важноста на унапредување на комуникацијата и соработката со македонските иселеници ширум светот. „Очекуваме уште поголема соработка со нашите иселеници во наредниот период, со цел поактивно вклучување во процесите што ги засегаат нивните интереси“, изјави Ангелов. Агенцијата за иселеништво продолжува со својата мисија за зајакнување на врските меѓу иселениците…

ПОВЕЌЕ ...