Author: Media Point

Заменик министерот Велковски и градоначалникот Атанасовски во посета на детската градинка Бамби и Дневниот центар за лица со посебни потреби Македонска Каменица, 18. Септември 2025 година – Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот Димчо Атанасовски, денеска ја посетија Дневниот центар за лица со посебни потреби и детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица. „Средбата со корисниците и вработените ми ја потврди важноста на нашата мисија – создавање општество во кое сите се вклучени и добиваат поддршка“, истакна Велковски, додавајќи дека Министерството работи на унапредување на условите во дневните центри и детските градинки, обезбедување поголема…

ПОВЕЌЕ ...

Станарите на Кула 1 набавија нов противпожарен систем. Инсталирањето го спроведоа во соработка со ТППЕ Каменица Македонска Каменица, 18. Септември 2025 година – Жителите на Кула 1 во Македонска Каменица набавија и поставија нов противпожарен систем во нивниот станбен објект. Со сопствени средства тие обезбедија црево со пречник од 52 мм, стабилна спојка со редуктор fi 52 мм, млазница и пет противпожарни апарати, со што ја зголемија безбедноста и заштитата од можни пожари. Ваквиот одговорен однос на станарите претставува пример за зајакнување на колективната безбедност и превенција од ризици во секојдневието. Во целата активност, станарите од Кула 1 соработуваа…

ПОВЕЌЕ ...

На 21 септември започнува ловната сезона за дива свиња во ловиштето „Вратиславци“ Ловното друштво „М. Каменица – Саса“, концесионер на ловиштето „Вратиславци“, известува дека на 21 септември 2025 година започнува ловната сезона за дива свиња. Редовни ловни денови ќе бидат неделите и државните празници, а дополнителен лов ќе се дозволува од понеделник до четврток со надоместок. Дневни дозволи ќе можат да извадат сите ловци со подмирена членарина и важечка легитимација, како и оние што се во постапка за нејзино добивање. Од друштвото апелираат за строго почитување на правилата и безбедноста, задолжително носење на флуоресцентен елек и внимателно ракување со оружјето.

ПОВЕЌЕ ...

Одбележани седум години од работата на Дневниот центар во Македонска Каменица Во Македонска Каменица денеска беше одбележана седумгодишнината од почетокот со работа на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Настанот помина во присуство на градоначалникот Димчо Атанасовски и в.д. директорката Александра Трајановска со штитениците и вработените при центарот. „Ќе продолжиме заедно да градиме средина исполнета со љубов, почит и поддршка, во која секој човек е прифатен и вреднуван,“ истакна градоначалникот Атанасовски. Градоначалникот Атанасовски, во име на Општина Македонска Каменица најави дека ќе продолжи силната поддршка кон Дневниот центар, со цел подобрување на условите за работа и унапредување на услугите…

ПОВЕЌЕ ...

Во напредна фаза е изградбата на фекалната канализација на улица Македонска Проектот за изградба на фекална канализација на улица Македонска во Македонска Каменица е во завршна фаза. Според информациите од градоначалникот Димчо Атанасовски, во моментов се работи на последните 70 метри од вкупно 270 метри, со што инвестицијата на Општината ќе биде целосно реализирана. Атанасовски истакна дека локалната самоуправа останува посветена на континуирани вложувања во квалитетна комунална инфраструктура и обезбедување подобри услови за сите граѓани на Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

ТППЕ Македонска Каменица денеска интервенираше по пријава за настанат пожар на локалитетот Султан Тепе на Осоговските планини. На терен излезе еден тим пожарникари со едно противпожарно возило, кој помогнат од локално население, за релативно кратко време успешно се справи со пожарот. Пожарот зафатил поголема површина со ниска трева во близина на шумски простори, а навремената интервенција спречила негово ширење кон шумата. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни и навремено да пријавуваат појава на пожар, како би се спречила поголема материјална и еколошка штета.

ПОВЕЌЕ ...

На 89-годишна возраст почина познатиот актер, продуцент и режисер Роберт Редфорд. Роберт Редфорд беше најпознат по својата улога во филмот „Буч Касиди и Санденс Кид“, кој му донесе светска слава. Исто така, глумеше во култни филмови како „Бодежот“, „Сите луѓе на претседателот“, „Начинот на кој бевме“ и многу други. Освен како актер, тој постигна огромен успех и како режисер. Со својот филм „Обични луѓе“ (1980) освои два „Оскари“ – за најдобар филм и за најдобар режисер. Подоцна беше режисер и на други значајни филмови, меѓу кои и „Река тече низ него“. Неговата страст кон филмската уметност доведе до основање на…

ПОВЕЌЕ ...

Продолжува соработката на „Надеж – Норе“ со МОФ: Отворени пријави за младинските клубови за дебата и активизам Здружението „Надеж – Норе“ од Македонска Каменица и оваа година ја продолжува соработката со Младинскиот образовен форум (МОФ) од Скопје, преку организирање локални клубови за дебата и активизам. Целта на програмата е младите да имаат можност да ги развијат своите комуникациски вештини, критичко размислување и активно граѓанско учество. Заинтересираните младинци можат да се пријават преку достапните линкови, да испратат порака, мејл или директно да ги контактираат тренерите на клубовите. Организаторите најавуваат дека и оваа година младите учесници ќе имаат можност да бидат дел…

ПОВЕЌЕ ...

МФ “Јаков од Камена Река” распиша Конкурс за најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА – Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ и оваа година го распишува традиционалниот Конкурс за избор на најубав кириличен испис со краснопис на македонски јазик. Право на учество имаат сите заинтересирани кои ќе испратат убаво напишана мисла – кус текст, стихови или поговорки, изработени со краснописни букви и соодветен прибор на А4 формат. Творбите треба да се достават во дигитален формат (pdf или jpg) на е-mail: jakovfestival@gmail.com, со назнака „За конкурс за краснопис“. Крајниот рок за испраќање на трудовите е 31 октомври…

ПОВЕЌЕ ...

Баскет Кам во нова битка за злато на Купот на Македонија 2025 Женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од Македонска Каменица започнува нова битка за уште еден златен трофеј на завршницата од Купот на Македонија 2025 – „Благоја Георгиевски Буштур“. Турнирот ќе се одржи на 14 и 15 февруари 2025 година во спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија. Полуфинални пресметки Во борбата за големото финале ќе се одиграат два возбудливи полуфинални натпревари: 14.02.2025 | 13:00 КК Крива Паланка – ЖКК Вардар 14.02.2025 | 15:30 ЖКК Баскет Кам – ЖКК Бадел 1862 Победниците од полуфиналните дуели ќе се соочат во финалето, кое…

ПОВЕЌЕ ...