Author: Media Point

Многу смеа и џагор на Сатиричната работилница за деца во охридската библиотека “Григор Прличев” Во читаланата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вчера се одржа  едукативна работилница во рамките на проектот „Сатирична работилница за деца“, поддржан од Министерството за култура и туризам. Ментори беа писателот и сатиричар Миле Ѓорѓијоски и младата, но успешна илустраторка Софија Ситновска од Македонска Каменица. На Работилницата учествуваа ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“од Охрид, со нивниот наставник по ликовно Димитрија Ристески. Заедно со гостите учениците пишуваа детски афоризми и епиграми и ги илустрираа а се запознаа и со основите на глаголицата. Децата имаа можност…

ПОВЕЌЕ ...

Во живописното село Саса, сместено во пазувите на Осоговските планини, возвишено се издигнува храмот посветен на Св. Архангел Михаил, небесниот војвода и чувар на христијаните. Црквата со својата архитектура и иконопис претставува жив сведок на православната вера и љубовта на мештаните кон Бога и Неговиот небесен војвода. Овој свет храм не е само градба од камен и дрво, туку живо сведоштво на верата и побожноста на жителите на с. Саса. Тука, под сводот на Божјиот дом, многу генерации се молат, наоѓаат утеха и сила во својот христијански живот. На празникот на Св. Архангел Михаил, селото се собира во радост и…

ПОВЕЌЕ ...

Во времето на царот Пров, во 3 век, кога во Антиохија началствуваше некој Атик, дојдоа во Антиохија двајца христијани, Трофим и Саватиј, обајцата угледни и чесни граѓани. Но, се случи токму во тоа време скверното празнување и жртвопринесување на Аполон во Дафна кај Антиохија. Атик особено се грижеше сите граѓани да земат учество во тоа празнување. Па, бидејќи некои ги видоа Трофим и Саватиј, му јавија на Атик дека овие туѓинци не земаат учество во нивниот празник. Атик ги даде на суд, па бидејќи не се одрекоа од Христа, еден по еден ги подложи на маки. Откако ги изби и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02. Октомври 2025 година – Облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Македонска Каменица, облачно и студено со врнежи од дожд, повремено пообилни, до 30 литри на м2. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА со убедлива победа од 8:0 над ЖФК Кочани Во рамки на 7. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, ЖФК Каменица САСА забележа убедлива победа над ЖФК Кочани со резултат 8:0. Најефикасни за домашниот тим беа Ана Димитровска со четири погодоци, Туане Фрагосо со два, додека Антонина Шопска и Христина Јовановска постигнаа по еден гол. „Очекувана и заслужена победа. Имавме иницијатива и доминација низ целиот натпревар, со брзи напади и убави погодоци. Честитки за сите девојки!“ – истакнуваат од управата на клубот.

ПОВЕЌЕ ...

Баскет Кам од Македонска Каменица продолжува да пишува историја во македонската женска кошарка. Со убедлива победа над Вардар од 63:44, тимот по четврти пат во последните пет години го освои Супер Купот на Македонија „Драган Василов-Цевка“. Баскет Кам уште еднаш покажа доминација, искуство и тимска игра, особено во второто полувреме кога ја презеде целосната контрола на теренот. Во шампионскиот состав настапи нашата млада сограѓанка и младинска репрезентативка на Македонија, Стефани Јанева. Стефани, веќе неколку сезони е носител на играта во сите младински категории на Баскет Кам и финалист во М12 категорија, со вицешампионскиот младински состав од Македонска Каменица. По триумфот,…

ПОВЕЌЕ ...

На 26 септември 2025 година, по повод празникот „Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст“, Епископот на Делчевско-каменичката епархија, г. Марко, со својата придружба, го посети ставропигијалниот храм на Руската Православна Црква во Стразбур, Франција. Во храмот посветен на сите Светители, Епископот Марко беше срдечно пречекан од старешината, сепреподобниот архимандрит Филип. Со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија, г.г. Кирил, архимандритот Филип го покани Епископот да учествува во празничната прослава. Во навечерието на Крстовден, Епископот Марко началствуваше со празничното бдение и изнесувањето на Чесниот и Животворен Крст. На богослужбата сослужуваа архимандритот Филип и повеќе свештенослужители од Руската,…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението „Контакт 3 – Заокружување“ успешно реализира работилници за деца и родители во Македонска Каменица Во организација на Здружението „Контакт 3 – Заокружување“, вчера во Македонска Каменица беа одржани три работилници. Две наменети за најмладите во рамки на концептот „Креативно детство“ и една за родителите под наслов „Свесно родителство“. Работилниците беа исполнети со игра, искреност, учење и моменти на вистинско поврзување меѓу децата и нивните родители. „Нашата цел е да создадеме простор каде децата преку креативноста ќе ја истражуваат својата имагинација, доверба и слобода, а родителите ќе добијат можност да застанат и да се погледнат себеси во огледалото на своето…

ПОВЕЌЕ ...

Се издава угостителски објект во центарот на Македонска Каменица (поранешна „Воденичка“). Објектот е целосно уреден и располага со внатрешен простор и надворешна тераса. Информации на телефон +38970717404

ПОВЕЌЕ ...

„Голема наша предност е што останавме со ист ростер во оваа сезона“ – вели искусниот бек на шампионот Три пати по ред кошаркарите на Баскет кам се победници во Суперкупот на Македонија „Драган Василов-Цевка“. Во недела, од 17.часот, ќе имаат уште една можност, да ја продолжат таа победничка низа, и да имаат уште еден трофеј во колекцијата. Актер на сите овие успеси несомнено е Сања Адампоска. Искусниот организатор на играта на македонскиот првак очекува максимална мотивираност од сите кои ќе истрчаат во салата на СРЦ „Кале“. Како голема предност на тимот за кој игра успешно во изминатиот период е постојниот…

ПОВЕЌЕ ...