Author: Media Point

Денес, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, беше отслужена Света Божествена Литургија по повод 19-та недела по Педесетница и празникот на Свети апостол Тома. Во евангелското чтение според Јован (20, 19–31) се потсетуваме на јавувањето на воскреснатиот Христос пред апостолите, кога Тома, сомневајќи се, побара да ги допре Неговите рани за да поверува. А кога Христос му се јави и му рече: „Пружи ја раката своја и стави ја во ребрата Мои, и не биди неверен, туку верен.“ Тома со вера исповеда: „Господ мој и Бог мој!“ Ова Евангелие нè учи дека вистинската вера не бара доказ…

ПОВЕЌЕ ...

Тажна вест утрово се прошири во македонската јавност. По долготрајната битка со повредите од трагедијата во Кочани, Владимир Блажев-Панчо почина во болницата каде што се лекуваше. Тој извесно време бил во кома, а на неговата психичка состојба работел поширок тим составен од психолози и психијатри. Тој имаше тешки изгореници на лицето и на рацете. Панчо уште познат како диџеј Шорти беше дел од музичкото дуо ДНК кое кобната ноќ, на 16. март, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј, неговиот колега, смртно настрада ноќта а време на пожарот во кочанската дискотека, на 43-годишна возраст. Панчо е роден 29 јули 1979…

ПОВЕЌЕ ...

На 13.10.2025 во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Скопје 2014 ја прекина победничката серијата на Каменица Саса ​Македонска Каменица, 13 октомври 2025 – Во рамки на 9. коло од Првата женска фудбалска лига, вчера беа одиграни неколку возбудливи натпревари, од кои посебно внимание привлече дербито на Градскиот стадион во Македонска Каменица. ​Екипата на Скопје 2014 ја прекина успешната серија на нашата екипа ЖФК Каменица Саса, совладувајќи ја со резултат од 2:0. Со оваа победа, Скопје 2014 замина со три нови важни бодови од Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Голем црковно народен собир во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ на Еленец во село Цера По повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, утре (вторник) во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ на Еленец, во село Цера – Македонска Каменица, традиционално ќе се одржи голем црковно народен собир. Свечената света литургија ќе започне во 08:00 часот, по што верниците ќе имаат можност да присуствуваат на пригодна народна веселба. Настанот ќе продолжи со славски ручек за здравје, кој ќе се одржи во 13:00 часот. Од Црковниот одбор при манастирот упатуваат покана до сите верници и граѓани од Македонска Каменица, Кочани, Виница,…

ПОВЕЌЕ ...

Црковно-народен собир во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ на Јазова Чука По повод големиот христијански празник Покров на Пресвета Богородица, утре во манастирот на Јазова Чука во село Драмче, ќе се одржи црковно народен собир. Од Црковниот одбор упатуваат покана до сите верници и граѓани од Македонска Каменица, Делчево и околните села, со своето присуство да го збогатат одбележувањето на празникот. Како што информираат организаторите, славскиот ручек за здравје ќе се служи околу 15:00 часот, а сите посетители се добредојдени да присуствуваат на овој верски и народен собир. Во изминатиот период, со голема посветеност и заеднички труд, пред се на…

ПОВЕЌЕ ...

ФА „Осоговски Извор“ од Оризари со две главни награди на МФФ „Есенски плодови“ Фолклорниот ансамбл „Осоговски Извор“ од Оризари беше дел од шестото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Есенски плодови“, кој оваа година се одржа во натпреварувачки карактер. Жири-комисијата меѓу бројните учесници го издвојува ансамблот од Оризари како најуспешен, доделувајќи му прво место и награда за најдобар оркестар. Со тоа, ансамблот се закити со двете највисоки признанија на фестивалот. Од ансамблот истакнуваат дека наградите се потврда за нивниот континуиран труд, посветеност и љубов кон фолклорот, додавајќи дека секој настап е резултат на заедничка работа и вежбање. Честитки за „Осоговски Извор“…

ПОВЕЌЕ ...

Македонското друштво „Заедно – Insieme“ учествуваше на работна средба со претседателката Гордана С. Дафкова во Венеција Денес Македонското друштво „Заедно – Insieme“ учествуваше на работна средба организирана од Генералниот конзулат на Република Македонија во Венеција. На средбата присуствуваше и Претседателката на Република Македонија, што за друштвото претставува голема чест и мотив за уште поголема посветеност во своите активности. „Благодарни сме што бевме дел од овој значаен настан за нашата заедница и за поддршката што ја добиваме од нашата татковина“, истакнаа од друштвото. Настанот ја потврди важноста на одржувањето на врските со македонската дијаспора и поддршката на заедничките иницијативи во Италија.

ПОВЕЌЕ ...

По повод 11 Октомври, градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој ден е симбол на борбата на македонскиот народ за слобода, достоинство и државност. Атанасовски порача дека со почит кон генерациите борци, треба да се продолжи со изградба на просперитетна, стабилна и современа Република Македонија. „Нека е честит и вековит националниот празник — 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ,“ порача градоначалникот.

ПОВЕЌЕ ...

ПЛАНИНСКА ТРКА „ГРАТЧЕ ТРЕИЛ 2025“ ВО КОЧАНИ На 26 октомври 2025 година во Кочани ќе се одржи планинската трка „Гратче Треил 2025“, со старт од Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ во 10:00 часот. Патеката долга 19 километри со вкупно искачување од 850 метри минува покрај Езерото Гратче, водопадите на Голема Река и селото Црвена Нива, со две окрепни станици на клучни точки од трасата. Котизацијата изнесува 800 денари, а секој учесник добива стартен пакет со медал, освежување, брендиран ранец и чорапи. Регистрациите се отворени до 20 октомври 2025 година преку линкот: Гратче Треил 2025 – trki.mk

ПОВЕЌЕ ...