Author: Media Point

ЖФК Каменица САСА оствари важна победа во младинската лига, совладувајќи го тимот на Асс Јунајтед од Струга со резултат 2:1. Натпреварот од одложеното 6. коло се одигра денес на помошниот спортски терен во Македонска Каменица. Нашите младинки одиграа одличен меч и со ангажирана игра заслужено ги освоија трите бода против квалитетен противник. Со оваа победа, фудбалерките на Каменица САСА уште еднаш потврдија дека се сериозна млада екипа и дека ќе бидат темел на идниот состав на сениорскиот тим.

ПОВЕЌЕ ...

На 31.10.2025 во 23:10 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица извршиле преглед над паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со винички регистарски ознаки, кое го паркирал Д.П.(21), а во возилото биле затекнати Д.К.(20) и 15-годишник, сите тројца од виничко село.  Притоа, во возилото биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Со нив е извршен службен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...

Нашиот шампион ЖКК Баскет Кам шампионски и рутинирано низ Крива Паланка Актуелниот шампион блесна во второто полувреме и славеше со 83:70 Женскиот кошаркарски клуб Баскет Кам од Македонска Каменица повторно покажа зошто е шампион на Македонија. Во дербито со екипата на Крива Паланка, кое беше вистинска „реприза“ на ланското финале, каменичанките извојуваа нова, убедлива победа од 83:70, на гостински терен. Првото полувреме донесе израмнета борба и резултатска неизвесност, при што Баскет Кам замина на пауза со минимална предност (38:35). Но во второто полувреме, избраничките на тренерот ја презедоа целосната контрола врз мечот и со одлична тимска игра, го обезбедија третиот…

ПОВЕЌЕ ...

Осветен новиот храм „Св. вмч. Георгиј“ во село Блатец, Виничко Во неделата, на 26 октомври 2025 година, во село Блатец, Виничко, беше осветен новоизградениот храм посветен на Светиот великомаченик Георгиј. Чинот на осветувањето и Божествената Архиерејска Литургија ги предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужители од Брегалничката епархија. Настанот се совпадна со 20-та недела по Педесетница и денот на светите Злата Мегленска и мачениците Карп и Папила. На литургијата присуствуваа бројни верници од селото и околината, кои со молитва и радост го проследија свечениот чин на осветувањето. По завршувањето на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа…

ПОВЕЌЕ ...

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои Македонска Каменица, 1 ноември 2025 – Во периодот од 22 до 31 октомври 2025 година, Рудник САСА, во соработка со детската градинка „Бамби“, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица, ја реализираше еко кампањата „Супер добри дела“, наменета за најмладите членови на заедницата. Преку забавни и едукативни активности, кампањата ги поттикна децата да научат повеќе за рециклирањето, заштитата на животната средина, општествената одговорност и емпатијата. Во рамки на оваа еко кампања, децата на возраст…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС: СЕ ПРОДАВААТ ДВЕ СОСЕДНИ ПАРЦЕЛИ ВО СЕЛО ЛУКОВИЦА (КОСЕВИЧКА РЕКА) Се продаваат две соседни парцели, секоја со површина од 1000 м², сместени на прекрасна локација помеѓу селата Луковица и Косевица, на 4 километри оддалеченост на Македонска Каменица. Одлична позиција со пристап директно на асфалтен пат, со можност за пиклучок на водоводна, канализациона и елетрична мрежа. Од другата страна парцелите граничат со Косевичка река. Истите се наоѓаат во мирна и природна околина, идеална за изградба на куќа, викендица или за инвестирање. Документација: уредна со чист имотен лист. Можност: купување на една или двете парцели Цена: 7,5 евра по м²…

ПОВЕЌЕ ...

Отворен повик за учество на ликовен конкурс за деца 2025 Македонска Каменица, 31 октомври 2025 – Рудникот САСА, четврта година по ред, овојпат преку својата Фондација Рудник САСА, го објавува јавниот повик за учество во ликовниот конкурс за детски цртежи на тема: „Рудникот и градот – низ времето и имагинацијата“. Клучната новина во годинашниот конкурс е што, наместо да ги испраќаат во САСА, децата цртежите ќе ги изработуваат на креативни работилници, под менторство на локален ликовен уметник – педагог. На тој начин децата ќе имаат можност полесно да го пронајдат и изразат својот талент и креативност, пренесувајќи ја својата емоционална…

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 30. Октомври 2025 година – Новоизбраниот градоначалник на Општина Делчево, Иван Гоцевски, ја назначи д-р Адријана Илиевска-Велковски, член на Советот на Општината, за заменичка-градоначалник. Таа ќе ја врши функцијата градоначалник во случаи на спреченост или подолготрајно отсуство, согласно законските одредби. За времето додека ја извршува оваа функција, ѝ мирува мандатот како член на Советот. Д-р Илиевска-Велковски е специјалист по рендгенологија и докажан професионалец во својата област, како и активен член на новиот состав на Советот на Општина Делчево. Градоначалникот Гоцевски на средбата со неа го потенцираше значењето на фактот дека Делчево првпат добива жена на оваа одговорна позиција. Тој…

ПОВЕЌЕ ...

Се издава или продава деловен објект во Македонска Каменица со вкупна површина од 780 м², заедно со дворно земјиште од 2.635 м². Објектот е погоден за конфекција, магацин, производствена хала или други деловни намени, според потребите на купувачот или закупецот. Цена по договор. За повеќе информации, јавете се на телефонот 070 213 548.

ПОВЕЌЕ ...

На 25.10.2025 во 19:50 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Х.Ј.(38) од с.Драмче, делчевско, пријави дека во казино во Македонска Каменица бил физички нападнат од 36 годишен жител од Македонска Каменица.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...