Author: Media Point

Иницијативниот одбор ги повикува сите граѓани на заедничко чествување на христијанскиот празник Свети Димитриј – Митровден, во сабота, 8 ноември 2025 година, на Магилката во Македонска Каменица. Делењето на славскиот ручек за здравје ќе започне во 14:00 часот. Да се собереме во вера и радост, и заедно да го прославиме овој свет ден.

ПОВЕЌЕ ...

Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани подготви разновидна програма на културни настани што ќе се одржат во текот на месец ноември. Првиот настан е закажан за 5 ноември 2024 година во 18 часот, кога ќе биде отворена изложба на дела од Ликовната колонија „Ѓуриште 2024“. Потоа, на 8 ноември во 18 часот, публиката ќе има можност да ја посети изложбата на дела од Меѓународната ликовна колонија „Валандово 2024“. На 13 ноември, исто така во 18 часот, ќе биде отворена изложба на карикатури од Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас 2024“, што традиционално се одржува во…

ПОВЕЌЕ ...

Отворен повик за нови членови во Детското ликовно студио при Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница објави отворен повик за членови на Детското ликовно студио, наменет за сите млади креативци на возраст од 4 до 18 години. Како што информира директорката на установата, Александра Дациткова, повикот е одлична можност за сите деца и млади кои сакаат да цртаат, да се дружат и да бидат дел од различни ликовни проекти. Во рамките на студиото, учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со различни ликовни техники, да ги развиваат своите таленти и да учат…

ПОВЕЌЕ ...

Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ во посета на градоначалникот на Делчево Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска во својот кабинет ги прими учениците од петто одделение при ООУ „Св. Климент Охридски“. На средбата, која помина во пријатна и инспиративна атмосфера, учениците имаа можност да се запознаат со работата и одговорностите на градоначалникот, како и со начинот на функционирање на локалната самоуправа. Гоцевски изрази задоволство од нивната љубопитност и активност, истакнувајќи дека токму младите се иднината на градот. „Младоста има предност, а иднината на нашиот град е во овие деца,“ порача тој. Градоначалникот им се заблагодари на учениците за…

ПОВЕЌЕ ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје, слично време со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални…

ПОВЕЌЕ ...

Бозљубени браќа и сестри во Христа воскреснатиот, Со голема духовна радост и благослов Ве известуваме дека во сабота, по повод славниот и чудотворен празник — СВЕТИОТ ВЕЛИКОМЧЕНИК ДИМИТРИЈ – МИТРОВДЕН, во нашиот свет храм ќе се отслужи полиелејна утрена и Божествена литургија. Богослужбен распоред: 07:00 часот – Полиелејна утрена 08:00 часот – Божествена Литургија Да се собереме со вера и љубов во домот Господов, заедно да го прославиме Св. Димитриј – заштитникот на силата, храброста и непоколебливата вера во Бога. Да Му заблагодариме за сите Негови добродетели и да ги принесеме нашите молитви за мир, здравје и благослов во нашите…

ПОВЕЌЕ ...

Дербито на 11-тото коло во женската прва лига се одигра денеска во Тетово каде Љуботен славеше со 2:1 против Каменица Саса. Домаќинките поведоа по само 8 минути игра со голот на Бразилката Евелин Шварц по нафрлувањето на капитенката Александра Марковска. Гостинките од Мaкедонска Каменица израмнија во 26. минута кога Бразилката Харуми Гоја од свртување одлично погоди по додавањето од Туане Фрагозу. Кога сите мислеа дека натпреварот ќе заврпши со поделба на бодовите, Марковска во 89-тата минута упати бомба од слободен удар и ја затресе гостинската мрежа носејќи му важни три бода на лидерот Љуботен во походот кон одбрана на титулата.…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за возачи. Ова е предлог-закон кој на прв поглед се занимава со техничко прашање – замена на возачки дозволи – но всушност се меша во животите на илјадници луѓе кои работат, живеат и придонесуваат за развојот на Република Словенија, се вели во соопштението од Агенцијата за иселеништво, а го пренесуваме интегрално. Што носи предлог-законот – новиот член 68а од Законот за возачи: Носителите на важечка возачка…

ПОВЕЌЕ ...

Во рамките на 11. коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, нашите шампионки од ЖФК Каменица САСА ќе гостуваат кај екипата на ЖФК Љуботен. Натпреварот ќе се одигра во среда, на 5 ноември 2025 година, со почеток во 12:00 часот, на терените на Спортскиот центар на Агенцијата за млади и спорт во Тетово.

ПОВЕЌЕ ...

Во рамките на постфестивалските активности, денес во ООУ „Славчо Стојменски“ во Виница се одржа Сатирична работилница за деца во организација на Домот на културата „Тошо Арсов“ Виница. На работилницата учествуваа околу триесет ученици кои се запознаа со начинот на пишување афоризми и епиграми, како и со изработка на илустрации поврзани со нив. Активностите беа насочени кон развивање на креативното и критичкото изразување кај децата. Учениците имаа можност да научат повеќе за разликите меѓу македонското и другите кирилични писма, а посебен дел од работилницата беше посветен на запознавање со старословенското писмо – глаголицата. Настанот претставува дел од програмата на Домот на…

ПОВЕЌЕ ...