Author: Media Point

Од јануари 2026 година, детскиот додаток во Германија повторно ќе се зголеми. Покрај тоа, семејствата ќе имаат корист од повисоки даночни олеснувања и дополнителни финансиски олеснувања. Бундестагот го одобри новото зголемување во декември 2024 година. На почетокот на 2025 година, надоместокот веќе беше зголемен за пет евра, на 255 евра по дете месечно. Следниот чекор ќе биде на 1 јануари 2026 година, кога детскиот додаток ќе изнесува 259 евра по дете месечно, што е за четири евра повеќе од претходната година. Зголемувањето ќе се спроведува автоматски, без родителите да мора да преземат ништо, објавува Феникс. Според германското Министерство за…

ПОВЕЌЕ ...

На денешната конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Македонска Каменица денес беа верификувани мандатите на 11-те советници, а за претседател беше избран Злате Алексовски од независната листа на кандидатот за градоначалник Слободан Велиновски. Злате Алексовски семеен човек, сопруг и родител. Вработен е како просветен работник во основното училиште во Македонска Каменица. Ова е негов втор советнички мандат, претходно беше член на Советот на Општина Македонска Каменица во периодот од 2013 до 2017 година. Како што беше истакнато, од новиот состав се очекува посветена и транспарентна работа, насочена кон реализација на проекти што ќе го унапредат животот…

ПОВЕЌЕ ...

Група граѓани преку отворено писмо кон јавноста излезе со поддршка на Д-р Ненад Цоневски, лекарот од Делчево, кој во Софија со автомобил прегази куче што предизвика остри реакции од тамошната јавност. Во писмото се наведува дека Цоневски е признаен и угледен доктор кому му се случила незгода која може да му се случи секому. „Ние, група на граѓани за поддршка на Д-р Ненад Цоневски и сакаме јавно да ја изразиме нашата морална поддршка за докторот Ненад Цоневски – наш сограѓанин кој е млад и перспективен човек, а кој неодамна ненамерно згазил улично куче во Бугарија — несреќен настан што може…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, претставници на македонската дијаспора во Република Италија учествуваа на онлајн состанок организиран од Министерството за надворешни работи на Македонија, посветен на изработката на „Стратегијата за соработка со дијаспората 2025–2030“. Во дискусијата активно се вклучија: Венко Трпески, претседател на МКД „Св. Кирил и Методиј“ – Трентино, Наташа Наумоска од МКД „Т’га за Југ“, и Ацо Појразов од здружението „Унити пер ил футуро“. Од името на македонската заедница во Италија, учесниците ја изразија својата благодарност за можноста да се вклучат во процесот на консултации и да придонесат со конкретни предлози и согледувања. Меѓу клучните теми што беа истакнати се: Потребата од…

ПОВЕЌЕ ...

Нашиот млад сограѓанин Иван Атанасовски од Македонска Каменица, како дел од тимот на средношколци од ДСУ „Коле Нехтенин“ – Штип, постигна значаен успех со проектот „SkyDrop“, кој се најде меѓу ТОП 50 најиновативни идеи во Македонија. „SkyDrop“ е проект кој користи паметни дронови за автоматско садење дрвја на изгорени и тешко достапни терени. Со GPS технологија и биолошки капсули со семе, еден дрон може да засади и до 1.000 дрвја дневно, без потреба од човечка интервенција во ризични подрачја. Оваа иновативна идеја има за цел да помогне во обновување на шумите и заштита на природата, а успехот на Иван и…

ПОВЕЌЕ ...

Епископот Делчевско-каменички, Неговото Преосвештенство г. Марко, ја оствари својата прва официјална средба со новоизбраната градоначалничка на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова. На средбата се разговараше за можностите за понатамошно унапредување на духовниот живот во рамките на Епархијата и за заедничка соработка меѓу Црквата и локалната самоуправа. Епископот Марко ги претстави тековните активности и проекти што се реализираат во Епархијата, изразувајќи надеж дека ќе продолжи поддршката од Општината за нивно успешно завршување. Градоначалничката Стаменкова ја истакна подготвеноста на Општина Македонска Каменица за континуирана соработка со Црквата, нагласувајќи дека локалната самоуправа ќе остане посветен партнер во процесот на развој и зацврстување…

ПОВЕЌЕ ...

На 10 ноември 2025 година, околу 16:50 часот, на патот А3, на местото викано „Превалец“ во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода 60-годишниот Ј.Ѓ. од село Истибања, виничко. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, лицето со патничко возило марка „Фиат“, кое го управувал, учествувало во сообраќајна незгода со друго возило „Шкода“, управувано од 56-годишниот М.Г. од Делчево. При извршената контрола, полицијата утврдила дека возачот Ј.Ѓ. го управувал возилото под дејство на алкохол. Измерени му биле 2,52 промили алкохол во крвта, поради што бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ од Македонска Каменица го објави распишувањето на затвореното општинско првенство во шах за 2025 година. Првенството ќе се одржи во две категории – сениорска конкуренција мажи и жени, како и пионерска категорија, во машка и женска конкуренција до 12 и до 18 години. Натпреварите ќе се играат по Бергеров систем, со времетраење на партија од 30 минути. Пријавувањето е во тек и се врши секојдневно во просториите на клубот, како и кај претседателот Лазо Стаменковски, односно секретарот Санде Ивановски. Последен рок за пријавување е 17 ноември 2025 година, кога во 17:00 часот ќе започнат и првите…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава, еднособен проширен стан, со површина од 50 m². Станот се наоѓа на 5-ти кат во станбена зграда на ул. Рударска 1-1/19 во Македонска Каменица. Станот има просторен и функционален распоред, одлична локација во близина на центарот н градот, истиот е погоден за живеење или издавање. Исто така, станот може да биде предмет на замена, доколку имате за продавање или замена стан на низок спрат. Цена по договор. За сите потребни и дополнителни информации, ве молиме контактирајте го следниов телефонски број: +39 380 594 2935 (достапен на WhatsApp и Viber)

ПОВЕЌЕ ...

Митко Костадиновски стапи на функцијата градоначалник на Општина Виница. Денес тој ја презема функцијата од досегашниот градоначалник Миле Петков. Костадиновски најави дека ќе биде градоначалник на сите и вети силно темпо на работа.

ПОВЕЌЕ ...