Author: Media Point

Јавен повик до семејства со деца запишани во прво одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, за учебната 2025/2026 година Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил и Методиј,, Македонска Каменица бр.08-1738/1 од 21.09.2022 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК             Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот упатува Јавен повик до семејства со дете кое за прв пат е запишано во прво одделение во ООУ,,Св.Кирил…

ПОВЕЌЕ ...

Јавен повик до семејства со ученици од прва година во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ за доделување еднократна парична помош за учебната 2025/2026 година Врз основа на Програмите за работа на Советот на Општина Македонска Каменица и Правилникот за доделување на еднократна парична помош на семејства со ученик запишан во прва година во СОУ,, Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица бр.08-1899/1 од 27.09.2023 година, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица го објавува следниот: ЈАВЕН ПОВИК Општина Македонска Каменица застапувана од Градоначалникот упатува Јавен повик до семејства со ученик запишан во прва година во СОУ,, Миле Јаневски Џингар,, Македонска Каменица, во гимназиско образование; текстилно-кожарска…

ПОВЕЌЕ ...

Врз основа на член 22 став 1 точка 8 и член 50 од Законот за локална самоуправа  (Службен весник на Република Македонија бр 5/2002;202/24), член 49 од Статутот на  Oпштина Македонска Каменица (,,Службен гласник на Oпштина Македонска Каменица бр.20/19, 38/20, 33/24), член 6 од Правилник бр.2184/1 од 25.10.2024 година за доделување на стипендии на талентирани ученици во основно и средно образование запишани во општинските и државни училишта и на талентирани студенти запишани на државните универзитети, Градоначалникот на Општина Македонска Каменица распишува: К О Н К У Р С  За доделување 20 (дваесет) стипендии на талентирани ученици во основно и средно…

ПОВЕЌЕ ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во североисточните делови на Македонија, поточно во Македонска Каменица, Делчево, Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПОВЕЌЕ ...

Првата македонска мобилна апликација за велосипедизам – Travelers Cycling Macedonia Нова Android апликација што ги поддржува здравите навики и одржливата мобилност. 17/11/2025 14:25 Во Македонија е пуштена во употреба првата мобилна апликација посветена на велосипедизмот – Travelers Cycling Macedonia, платформа чија цел е да го поттикне користењето на велосипедот како превозно средство и да им помогне на граѓаните полесно да се движат низ урбаните средини. Во оваа иницијална фаза, апликацијата е достапна за Android корисници, а за следната година е планирано проширување и на други уреди и платформи. Апликацијата може да се преземе преку Google Play Store. Travelers Cycling е непрофитна заедница…

ПОВЕЌЕ ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5…

ПОВЕЌЕ ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15-25 l/m2). Ќе дува умерен, а во делови…

ПОВЕЌЕ ...

Од Каменичката парохија информираат дека по повод манастирската слава и големиот христијански празник Св. Архангел Михаил, на 21 ноември 2025 година, во петок, ќе биде отслужена Света Божествена Литургија. Богослужбата ќе се отслужи во манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско маало – Среден Рид во село Саса, со почеток во 08:00 часот. Од парохијата упатуваат повик до сите православни верници да присуствуваат со молитвено расположение и заедно да го прославиме овој свет и благословен ден. Добредојдени се сите!

ПОВЕЌЕ ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој се наоѓа во работна посета во Романија, денес, 13ти ноември, ги посети припадниците на македонскиот контингент кои се распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF. Дополнително, на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓица Влад, генералот Лафчиски, присуствуваше на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Dacian Fall 2025“, која се реализираше во период од 20 октомври до 13 ноември, на полигонот за обука во Чинку. Ова мултинационалната вежба, обедини околу 5000 војници од 10 земји членки на НАТО, а на истата…

ПОВЕЌЕ ...

ЖКК Баскет Кам со повик за упис на нови машки и женски кошаркари до 12 години ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица информира дека започнува со упис на нови членови и ги поканува сите деца до 12 години кои сакаат да тренираат кошарка. Од клубот велат дека пријавувањето е отворено за сите заинтересирани машки и женски кошаркари кои сакаат да започнат со спортски активности и да се развиваат во позитивна и здрава средина. Пријавувањето може да се изврши во спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ секој понеделник, среда и петок, во периодите кога се одржуваат редовните тренинзи на клубот. Клубот…

ПОВЕЌЕ ...