Author: Media Point

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани започнува: 34 обвинети, вклучувајќи сопственици, поранешни министри и градоначалници, се соочуваат со обвинение за трагедијата во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Денеска започнува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинети се 34 лица и три фирми, вклучувајќи сопственици на дискотеката, поранешни министри, градоначалници и инспектори. Пожарот настанал за време на настап на музичката група DNK, кога искрите од пиротехника го запалија таванот. Според обвинението, дискотеката не ги исполнувала минималните технички стандарди за угостителска дејност, ниту…

ПОВЕЌЕ ...

Собранието ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои од следната недела сите нарачки од странство со вредност над 22 евра ќе бидат обврзани со 18% ДДВ. Законот ќе стапи во сила осум дена по неговото објавување во „Службен весник“, со што популарните платформи како „Тему“, „АлиЕкспрес“ и другите меѓународни онлајн продавници ќе се најдат под истиот даночен третман како и домашните продавачи. Со измените се укинува досегашното ослободување од ДДВ за мали пратки до 22 евра кога се работи за комерцијални нарачки испорачани од странство. Исклучок ќе останат само мали пратки од некомерцијален карактер –…

ПОВЕЌЕ ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, заедно со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Кочани, полициските службеници од ОВР Кочани и Општина Кочани, спроведоа теренска акција на подрачјето на градот и на експресниот пат Штип – Кочани. Целта беше да се потсетат возачите на законската обврска за задолжително носење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март. Активноста имаше превентивно-едукативен карактер и беше насочена кон безбедното учество во сообраќајот во зимски услови. Возачите позитивно ги прифатија препораките, а службите упатија апел за приспособување на брзината, одржување растојание и внимателно возење. Нагласено беше дека возилата мора…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Виница, во соработка со МВР – ПС Виница, од 1 декември 2025 година ја започнува акцијата „Чиста Општина 2026“, со цел отстранување на хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини оставени на јавни површини. Акцијата ќе се спроведува во три фази. Првата фаза, која ќе трае од 1 до 31 декември, опфаќа детектирање на сите локации каде се наоѓаат вакви возила. Во втората фаза, во периодот од 1 до 31 јануари, на возилата ќе бидат поставени налепници со рок за нивно задолжително отстранување. Третата фаза започнува на 1 февруари 2026 година и предвидува изрекување…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот Гоцевски денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен надомест од Општина Делчево за 91 прваче и 22 новороденчиња во Делчево со вкупен износ на исплата од 376.629 ден и истакна дека целта на оваа поддршка е помош на младите родители во најважните моменти од нивниот живот-раѓање на детето и почеток на неговото школување. -Сепак, вкупниот број на новороденчиња во Делчево за тековната 2025 година изнесува 53 новороденчиња. Како градоначалник, пред сè, како жител на Делчево, овие бројки ме загрижуваат, бидејќи не станува збор само за статистика-туку тоа е огледало на предизвиците со кои се соочуваат младите семејства и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 18. Неомври 2025 година – Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова го назначи советникот Мартин Малчев за нов заменик градоначалник на општината. Малчев е млад семеен човек, сопруг и родител. Доаѓа од приватниот сектор како успешен сопственик на повеќе приватни претпријатија во земјава и странство. Со назначувањето, Мартин Малчев ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи на спреченост или отсуство на носителот на функцијата подолго од шест месеци, како и во други случаи утврдени со закон. Во периодот додека ја врши должноста заменик-градоначалник, неговиот мандат како член на Советот мирува. „Очекувам максимална посветеност, одговорност и работа во…

ПОВЕЌЕ ...

Со благослов на надлежниот архијереј, Преосвештениот епископ Бихачко-петровачки г. Сергиј, од 15 до 17 ноември 2025 година, Преосвештениот епископ Делчевско-каменички г. Марко со својата придружба ја посети Бихачко-петровачката епархија на Српска Православна Црква. На покана од архимандритот Варнава, во 23 недела по Педесетница, на денот кога го чествуваме и празникот на Обновување на храмот на светиот великомаченик Георгиј во Лида, епископот Марко служеше света Литургија во манастирот „Трескавац“, кој е посветен на свети Архангел Михаил. Нему му сослужуваа свештенослужителите од братството на манастирот како и свештенослужители од Делчевско-каменичката епархија. По прочитаното Евангелие епископот Марко со пригодна беседа му се обрати…

ПОВЕЌЕ ...

На 18 ноември во 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар. Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.

ПОВЕЌЕ ...

Список на кандидати кои ќе полагаат ловечки испит во просториите на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и eкоинженеринг „Ханс Ем“, ул. „16 Македонска бригада“ бр. 1, 1000 Скопје, на 20.11.2025 година (четврток), со почеток во 11:00 часот. Список на кандидати

ПОВЕЌЕ ...

Ова се листите со добитниците на ученички стипендии: Добитници на стипендија по конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2025/2026 година Добитници на стипендија по Конкурсот за доделување 300 (триста) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна…

ПОВЕЌЕ ...