Author: Media Point

Роден во Њујорк во 1988 година, по што поголемиот дел од својата младост го поминал во Македонија, Европа. На 22-годишна возраст, дипломирал на Технолошкиот институт во Рочестер, на Факултетот за фотографија „Истманс“, во областа на ликовни уметности (Рочестер, Њујорк). За време на студентските години, објавил книга со фотографии, насловена како „Врати се повторно“.Кратко по дипломирањето, се преселил во Чешка, за да ја продолжи својата страст за снимање филмови, и се запишал на постдипломски студии на меѓународно реномираниот универзитет „ФАМУ“ – Факултет за филм и телевизија на Академијата за сценски уметности во Прага. Во овој период, тој снимил повеќе од 10…

ПОВЕЌЕ ...

По повод Неделата на борба против гладта (16–22 октомври), Општинската организација на Црвениот крст – Делчево спроведе обемна хуманитарна акција за поддршка на социјално загрозени семејства, опфаќајќи ги општините Македонска Каменица и Делчево. Акцијата се реализираше под мотото „Помислете и на нас!“ и вклучи широк општествен ангажман на образовни и предучилишни установи од двете општини. Во основните и средните училишта, како и во детските градинки во Македонска Каменица и Делчево, беа организирани собирни пунктови на кои ученици, наставници и родители донираа прехранбени производи. Во текот на акцијата беше собрана значајна количина храна, од која, со посветена работа на волонтерите, беа…

ПОВЕЌЕ ...

Јавното претпријатие „Камена Река“ започна со спроведување на активности за чистење и дезинфекција на фрекфентните јавни површини во Македонска Каменица. Во првата фаза, како што информираа денеска од претпријатието, е третиран просторот околу градскиот плоштад, кејот на Каменичка Река и делови од централното градско подрачје. Од претпријатието додаваат дека акцијата има за цел подигнување на хигиенските стандарди и создавање побезбедна средина за граѓаните. Активностите ќе продолжат и во наредниот период, при што ќе бидат опфатени и останатите јавни површини и градски улици во Македонска Каменица. Извор на текст: https://www.facebook.com/share/p/17cUk6dyUy/

ПОВЕЌЕ ...

СЕ ИЗДАВА ДВОСОБЕН СТАН ВО “БЕЛАТА КУЌА” ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ​Се издава двособен стан на втори кат во зградата позната како „Белата Куќа“, кај Поштата во Македонска Каменица. Станот е целосно опремен и подготвен е за вселување веднаш. ​Цена по договор, по разговор со сопственикот на следниов конктакт телефонски број 070 684 688

ПОВЕЌЕ ...

Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица денес беше отслужена Света Божествена литургија, на која верниците се собраа во голем број. По завршувањето на литургијата, отец Мартин одржа вдахновена беседа во која ја истакна пораката од параболата за Доброто Самарјанин. Отецот нагласи дека параболата нè повикува да се запрашаме како постапуваме кога ќе видиме човек во мака. „Дали минуваме покрај него, или го носиме неговиот товар?“ – порача тој, објаснувајќи дека Самарјанинот е образ на Христос, кој ги лекува нашите рани и нè води кон духовно исцеление во Црквата. Во својата проповед, отец Мартин ја потенцираше потребата од…

ПОВЕЌЕ ...

Вардар го победи Баскет кам, нема веќе непоразени Потсетија „вардарки“ зошто се освојувачки на Купот, уште еднаш беа подобри од шампионот, за голема победа (52:45) По пет одиграни кола повеќе нема непорзени екипи во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени. За тоа се погрижија кошаркарките на Вардар кои со подобра игра во најголем дел од дерби-дуелот беа подобри од актуелниот првак, Баскет Кам. Творец на победата беше Јана Пислевска, која одигра одлично во последниот период, искреира недостижна позитива за Вардар, доволно за голем триумф по кој се изедначија со екипата од Македонска Каменица на делба на првата позиција на табелата со ефект…

ПОВЕЌЕ ...

Интензивните врнежи од дожд предизвикаа серија одрони на патните правци од Македонска Каменица кон Кочани и Делчево, значително отежнувајќи го сообраќајот и намалувајќи ја безбедноста на возачите. Синоќа, на патот Македонска Каменица – Кочани, веднаш по ресторанот „Саваро“ од возачи беше забележан поголем камен одрон на двете коловозни ленти. Информациите испратени од наши читатели, ни потврдија дека покрај овој одрон, на истата делница има и повеќе помали и поголеми камени падови на критични места, што го прави движењето особено опасно во ноќните часови. Слична состојба е и на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, каде според информации од возачи, има…

ПОВЕЌЕ ...

Според информациите добиени од Каменичката парохија, како дел од Делчевско-Каменичката епархија, подготвени се нови информативни ливчиња со практични насоки за четири важни христијански обреди: осветување на темели, осветување на нов дом, крштение и венчание. Ливчињата нудат јасни информации за значењето на секој обред, потребните подготовки и текот на самиот чин, со цел верниците полесно да се информираат и да се подготват кога ќе пристапат кон овие свети тајни. Материјалите се објавени на официјалната страница на Каменичката парохија и на страницата на Делчевско-Каменичката епархија, каде што верниците ќе можат слободно да ги преземат и користат. Од Каменичката парохија наведуваат дека овие…

ПОВЕЌЕ ...

Денес (Петок 21 Ноември) целата територијата на  Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силниот ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над  60 км/час. Локално за 24 часа повторно ќе наврне големо количество на воден талог и тоа над 30 литри дожд. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.

ПОВЕЌЕ ...

Архангел Михаил, кого народот го нарекува и „војводата на сите ангели“, се слави како еден од најголемите небесни заштитници. Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар), денес е 6 септември – ден посветен на споменот на чудата што се случиле во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна била изградена и црква во негова чест. Главниот празник на свети архангел Михаил, пак, е Собор на свети архангел Михаил, кој се слави на 8 ноември по стариот (или 21 ноември по новиот) календар. Овој ден е еден од поголемите есенски празници што нашиот народ традиционално ги одбележува со домашни служби. Кај луѓето…

ПОВЕЌЕ ...