Author: Media Point

Гоце Наумов со награда за промоција на македонската археологија и историја на МФ “Јаков од Камена Река” Македонска Каменица Гоце Наумов докторирал и магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје, кадешто од 2006 година повеќекратно бил ангажиран како стручњак од праксата и демонстратор на Институтот за историја на уметноста и археологија. Од 2017 година е ангажиран како насловен доцент, а потоа и како насловен вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“. Од 2015 година е вработен во Н.У. Музеј на Македонија. Во центарот на неговиот научен интерес е предисториската археологија и особено материјалната култура, архитектурата и обредите во неолитот. Раководител е на…

ПОВЕЌЕ ...

Божиќниот пост започнува утре, на 28-ми ноември. Овој пост трае 40 дена, но за разлика од велигденскиот, не е многу строг. Божиќниот пост завршува на 6-ти јануари, а во текот на овој период не се јадат месо, јајца и млечни производи. Маслото и виното се дозволени во сите денови, освен во понеделник, среда и петок. Овие денови се пости „на вода“. Рибата се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица (празник познат и како Пречиста). Во последната недела пред Божиќ, постот станува построг. Не се консумира риба и се препорачува да се пости на вода. На Бадник…

ПОВЕЌЕ ...

ОО ЦРВЕН КРСТ ДЕЛЧЕВО СПРОВЕДЕ ВРСНИЧКИ ЕДУКАЦИИ ВО НОЕМВРИ КАКО МЕСЕЦ НА БОРБА ПРОТИВ ЗАВИСНОСТИ Во рамки на националната кампања „Ноември – Месец на борба против зависности“, изминатата недела беа реализирани низа едукативни активности насочени кон превенција кај младите во Делчево и Македонска Каменица. Во основните училишта „Св. Климент Охридски“ во Делчево и „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица се одржаа врснички едукации со учениците од деветтите одделенија. Преку интерактивни дискусии, младите имаа можност да се запознаат со ризиците што ги носат различните видови зависности, како и со начините за донесување здрави и информирани одлуки. Паралелно со училиштните активности,…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 27. Ноември 2025 година – Надлежните институции ја информираат јавноста дека во петок, 28 ноември 2025 година, ќе се спроведе редовно тестирање на системот за тревожење на територијата на општина Македонска Каменица. Тестот ќе го реализира во согласност со законските прописи за одржување и проверка на безбедносните системи. Тестирањето ќе се одвива од 12:00 до 12:30 часот, кога накратко ќе бидат активирани сите сирени поставени од индустрискиот круг на рудникот, па сè до градот, долж течението на Каменичка Река. Целта е да се потврди исправноста и функционалноста на системот инсталиран од Рудникот САСА, кој служи за навремено предупредување…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево започна со поставување на новогодишното декоративно украсување. Во градскиот парк се поставуваат новогодишните украси и фигури, но и дрвените куќички наменети за угостителска-трговска дејност. Украсувањето се реализира по утврден план и, освен градскиот парк, ќе ги опфати и главните улици низ градот, но посебен акцент се става на централното градско подрачје кое ќе прерасне во главна новогодишна атракција за граѓаните, посебно за најмладите и за посетителите. Градоначалникот Гоцевски кој го следи поставувањето на новогодишната декорација истакна дека оваа година порано започна поставувањето на новогодишните украси за празничната атмосфера подолго да го осветлува градот посетуван од многу туристи, но…

ПОВЕЌЕ ...

Во духот на побожноста, денес верниците се навраќаат кон споменот на тројца истакнати светии кои длабоко ја обележале историјата на Црквата и православната духовност. Свети апостол Филип, еден од Дванаесеттемина Христови ученици од I век, бил човек кој без двоумење го послушал повикот „Појди по Мене“. Со силна ревност ја проповедал Евангелската вистина, крштавал и го ширел Христовото учење, запечатувајќи го сведоштвото со маченичка смрт. Неговиот пример потсетува дека следењето на Христос бара жртва, но носи спасение. Свети Григориј Палама, Архиепископ Солунски од XIV век, е меѓу најзначајните православни богослови. Од монашката тишина на Света Гора до духовното раководење како…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица успешно заврши шаховското првенство за сениори, кое го организираше Шаховскиот клуб „Каменица Саса“. Турнирот собра бројни натпреварувачи и претставуваше вистинска прилика за покажување на шаховските вештини и стратегија. Првото место и со тоа титулата на првенството ја освои претседателот на клубот, Лазо Стаменковски, кој постигна импресивни 12 поени од можни 12. Втората позиција му припадна на Санде Ивановски со 8,5 поени, додека третото место го освои Меџит Куртовиќ со 7,5 поени од можни 12. Првенството беше одлична можност за промоција на шахот во регионот и за афирмација на талентираните играчи од Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

Кочани воведува нов еднонасочен режим на сообраќај во центарот од почетокот на декември Во првата половина на декември во Кочани ќе стапи на сила изменет режим на сообраќај на двете главни улици во централното градско подрачје. Одлуката беше донесена на денешниот состанок на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на кој присуствуваше и градоначалникот Владко Грозданов. Според новата сообраќајна документација, улиците „Тодосија Паунов“ и „Кеј на Револуцијата“ ќе станат еднонасочни во правец југ–север, од кружниот тек кај Полициската станица до мостот кај Градскиот плоштад. Еднонасочен ќе биде и дел од ул. „Маршал Тито“, од мостот кон кружниот тек…

ПОВЕЌЕ ...

Легендарниот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ денеска поднесе оставка на функцијата тренер на белградски Партизан, пишува Mozzartsport. Како што објави овој доверлив српски портал, Обрадовиќ смета дека е време за промена на клупата на црно-белите и поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб. Иако е јасно дека навивачите ќе застанат зад Обрадовиќ, останува да се види каква одлука ќе донесе Управниот одбор на КК Партизан, кој сега е на потег. Партизан во последно време изгледа лошо на теренот, а синоќа во Атина претрпе тежок пораз од Панатинаикос од 91:69. Претходно го победија Студент Центар, но и пред тоа, тимот имаше…

ПОВЕЌЕ ...

На 25 ноември во Берн се одржа работен состанок помеѓу Македонскиот национален совет (МНС) и Македонската амбасада во Швајцарија, на кој присуствуваа амбасадорот Реџеп Демири, неговата заменичка и раководството на МНС. Во четиричасовната средба беа разгледани поплаките на македонските граѓани во Швајцарија – употребата на македонскиот јазик во амбасадата, истакнувањето на државните симболи, недостапноста на институцијата и недоволната комуникација со дијаспората. Двете страни се согласија дека амбасадата мора да обезбеди подеднаква услуга за сите државјани и дека во иднина ќе се работи со поголема транспарентност. Договорено е во скоро време да се одржи проширена средба со претседателите на македонските друштва…

ПОВЕЌЕ ...