Author: Media Point

Македонска Каменица, 30 ноември 2025 (МИА) – Организаторите на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ ги сумираат импресиите по завршувањето на третото издание, што се одржа во петокот навечер во Македонска Каменица. Велат дека годинава фестивалот целосно ја оправдал својата мисија – да обедини уметници, научници, културни дејци и љубители на културата, но и да ја нагласи важноста на зачувувањето и промовирањето на македонскиот културен идентитет. Свечената академија во културно-информативниот центар „Романса“ донесе атмосфера исполнета со гордост, благодарност и искрени реакции од публиката и лауреатите. Вечерта беше збогатена со мини-концертот на Драган и Ратко Даутовски, како и поетскиот рецитал на Игор…

ПОВЕЌЕ ...

Особено се нагласува потребата од почитување на дозволениот број на гости во објектот, работното време, одредбите од Законот за заштита од пушење и сите други релевантни законски обврски Фото: МИА Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави спроведување засилени инспекциски надзори во сите угостителски објекти во пресрет на празниците, кога се очекува значително зголемен број на прослави. Целта на засилените контроли е спречување нерегуларности во работењето на објектите и обезбедување максимална заштита на гостите. Од Инспекторатот упатија апел до угостителите да постапуваат совесно и да се придржуваат до сите законски одредби кои го регулираат нивното работење. Особено се нагласува потребата од…

ПОВЕЌЕ ...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие во Делчево поради „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во својство на службено лице-директор на ЈКП ,,Брегалница‘‘-Делчево ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не го испочитувал општиот Колективен договор за јавниот сектор и Законот за работни односи, при што на 76 вработени…

ПОВЕЌЕ ...

Камерите започнуваат да снимаат сообраќајни прекршоци, од идната година ќе се казнува брзото возење До крајот на годината ќе биде пробниот период во кој прекршителите ќе добиваат само опомени Министерството за внатрешни работи започнува со реализација на проектот „Безбеден град“ во кој камерите на „Сејф сити“, поставени на сообраќајниците ќе снимаат сообраќајни прекршоци што ги направиле граѓаните. Системот автоматски ќе ги регистрира прекршоците, по што ќе испраќа информација до прекршителот. До крајот на годината ќе биде пробниот период во кој прекршителите ќе добиваат само опомени, а од почетокот на идната година ќе стартува и казнувањето. Со камерите ќе се евидентира брзо…

ПОВЕЌЕ ...

Редовна декемвриска крводарителска акција во Македонска Каменица Во петок, 05 декември 2025 година, во периодот од 09:30 до 14:00 часот, во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица ќе се одржи редовната крводарителска акција предвидена за месец декември. Организаторите ги повикуваат сите активни крводарители, како и лица кои наполниле 18 години, да се приклучат и да даруваат крв. Со тоа, велат, секој поединец дава значаен придонес за здравјето и безбедноста на заедницата. Биди хуман – дарувај крв, спаси нечиј живот!

ПОВЕЌЕ ...

Денеска (30.11.2025) во Делчево, полициските службеници од Отсекот за превенција и УПС при ПО за БПС Делчево реализираа превентивна активност на тема „Вози безбедно – стигни сигурно“. За време на активноста, на возачите им беа поделени информативни летоци со корисни совети за задолжително користење на зимска опрема. Целта беше да се потсетат возачите дека во периодот од 15 ноември 2025 до 15 март 2026 година задолжително е поседувањето и носењето зимска опрема во возилата, како и да се едуцираат за нејзино правилно користење. Истовремено, беше укажано дека зимските услови носат повисок степен на ризик: лизгави коловози поради снег, мраз или…

ПОВЕЌЕ ...

Епископот Марко го произведе Дејан Митевски во чтец-псалт во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ Денес, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, беше отслужена воскресна утрена, по што следеа света Божествена литургија и општ маслосвет за верниот народ. Богослужбата ја предводеше неговото преосвештенство епископот делчевско-каменички г. Марко. Во текот на Литургијата, епископот Марко го произведе Дејан Митевски во чтец-псалт, доверувајќи му ја света и одговорна служба на читање на Апостолот и псалмопеењето во храмот. На новопроизведениот чтец му се посакува да расте во смирение, љубов и послушание, возвишувајќи ја Божјата слава со својот глас. Во својата беседа, Владиката говореше за денешното…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата приведе возач под дејство на алкохол – најавени засилени контроли пред празниците На 29 ноември 2025 година, во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Штип привеле 54-годишен жител на Македонска Каменица, Д.Ј., кој бил затекнат да управува патничко возило „Хјундаи“ под дејство на алкохол. Возилото, со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било запрено на улицата „Александар Македонски“, при што по извршената контрола било утврдено дека кај возачот е измерена концентрација од 2,00 промили алкохол во крвта. Од полицијата информираат дека, поради зголемениот интензитет на сообраќај во пресрет на претстојните празници, следуваат засилени контроли со цел превенција и зголемување на…

ПОВЕЌЕ ...

На 28.11.29025 г.(петок) во КИЦ „Романса“ Македонска Каменица се одржа завршната вечер на III-то издание на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ Македонска Каменица. Свечената академија на која беа доделени признанијата на годинешните лауреати на фестивалот, беше збогатена со мини концерт на Драган и Ратко Даутовски, и поетски рецитал на Игор Трпчески, Слем поезија Македонија. Годинешни добитници на признанија се: Драган Даутовски (музика), Мирко Узелац (иновации), Марин Александров (наука), Лазе Трипков (графички дизајн), Гоце Наумов (археологија), Георги Унковски (филм), Тони Цифровски (публицистика), МТФ „Војдан Чернодрински“ (театар), Македонската заедница во Република Хрватска, МКД „Охридски бисер“ Загреб и Ивана Брезовец…

ПОВЕЌЕ ...

Пингпонгарите со рутинска победа на гостувањето во Гевгелија Пингпонгарскиот клуб Каменица Саса оствари рутинска победа на гостувањето кај ППК Гевдион во Гевгелија, триумфирајќи со 2:4 во последното коло од есенскиот дел на првенството. Тимот составен од Ристовски, Стојановски и Крстевски одигра стабилно и организирано, при што неколку клучни поени ја одредија потребната предност за позитивен исход. Натпреварот помина во израмнета игра, но гостите успеаја да ја задржат контролата во решавачките моменти. Со оваа победа, ППК “Каменица Саса” го заокружува есенскиот дел со солиден учинок и екипата се насочува кон подготовки за успешно натпреварување во пролетниот дел од првенството.

ПОВЕЌЕ ...