Author: Media Point

ОДРЖАНА КО-ДИЗАЈН РАБОТИЛНИЦА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАРК ВО ВИНИЦА Во Општина Виница на 04 декември 2025 година се одржа ко-дизајн работилница посветена на уредување и подобрување на Градскиот парк, како дел од програмата URBACT Pioneers Accelerator. Целта на работилницата беше заедничко дефинирање решенија за создавање инклузивни, безбедни и функционални јавни зелени простори. Работилницата ја водеше Билјана Радоњанин, URBACT локален ментор за Македонија, а активно учество земаа граѓани, млади, претставници на институции и организации. Тие ги споделија своите идеи, потреби и предлози за подобрување на просторот, со што процесот доби силна заедничка димензија. На почетокот беше презентирано кратко резиме од…

ПОВЕЌЕ ...

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЛОВЦИТЕ НА ЛОВИШТЕТО „ВРАТИСЛАВЦИ“ Ловното друштво „М. Каменица – Саса“, концесионер на ловиштето бр. 5 „Вратиславци“, ги известува сите ловци со важечка ловна карта за сезоната 2025/26, како и ловците од соседните ловишта, дека по извршен отстрел на дива свиња мора да се почитуваат утврдените обврски и процедури. По секој застрел е задолжително, случајот да се пријави кај ловочуварската служба и да се земат, т.е. предадат потребните мостри: цела слезина (слеска), крв и парче дијафрагма. Од службата нагласуваат дека сите ловци кои не се запознаени со начинот на земање на мострите може да се обратат за дополнително…

ПОВЕЌЕ ...

ИЗЛОЖБА НА „ЧАСОСЛОВ“ ОД ЈАКОВ ОД КАМЕНА РЕКА ОТВОРЕНА ВО МУЗЕЈОТ НА АРМ ВО ТЕТОВО Вчера, четврток, 04 декември 2025 година, во Музејот на АРМ во Тетово беше отворена изложбата на избрани страници од книгата „Часослов“ од Јаков од Камена Река. На публиката ѝ беа претставени 39 панели, подготвени во превод од црковнословенски на македонски јазик од епископот делчевско-каменички г. Марко, со графички дизајн на Ласко Џуровски. Изложбата ја отворија директорката на музејот Кристина Томовска Ристовска и директорот на фестивалот Миле Ѓорѓијоски. На настанот свои обраќања имаа и Гоце Панговски, годинешен добитник на наградата за промоција на македонската историја во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија од денеска е пред голем влажен бран со обилни врнежи од дожд. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто предупредување за потенцијални локални поплави, особено во јужните и југоисточните региони на земјата. Според УХМР најголеми врнежи се очекуваат во јужните и југоисточните делови на Македонија. Конкретно, регионите околу Валандово, Гевгелија и Демир Капија се посочени како области каде врнежите ќе бидат најинтензивни, со над 40 литри на квадратен метар локално. Овие региони се посочени како најризични, со потенцијална опасност од локално излевање на реките и суводолиците во крајните јужни и југоисточни делови на земјата. Граѓаните се советуваат да бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, на 3 декември 2025 година, православните верници го одбележаа празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“. По тој повод, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Света Архиерејска Литургија, со началство на Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение со свештенството. Пред почетокот на Литургијата, Епископот го ракопроизведе во чин ипоѓакон досегашниот чтец Благоја Калајџиски од Делчево. По читањето на Евангелието, тој упати содржајна беседа, во која ја истакна улогата и значењето на Пресвета Богородица за православните христијани. Литургијата заврши со Светото Причестување, на кое верниците се причестија со Божествените Дарови.

ПОВЕЌЕ ...

ШК “Каменица Саса” објави повик за учество на општинско шаховско првенство за деца и младинци во Македонска Каменица Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ упатува повик за учество на затвореното општинско шаховско првенство во пионерска и младинска категорија, во машка и женска конкуренција, за возрасни групи до 12 и до 18 години. Првенството ќе се одржува по Бергеров систем, со времетраење од 30 минути за секој натпревар. Пријавувањето е отворено секој ден во просториите на клубот, како и кај претседателот Лазо Стаменковски и секретарот Санде Ивановски. Последниот ден за пријавување е 08.12.2025 година. За победниците се обезбедени пригодни пехари, а најдобрите ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Покана до децата и родителите за Божиќните поворки во Македонска Каменица Со голема радост започнуваат подготовките за традиционалните Божиќни поворки, кои и оваа година ќе го донесат духот на радоста, љубовта и Христовото раѓање на улиците на Македонска Каменица. Од црквата ги повикуваат сите деца, како и нивните родители, да се приклучат на празничните подготовки исполнети со песни, рецитали и дружење. Пробите ќе се одржуваат во просториите на храмот „Св. Успение на Пресвета Богородица“, секој термин од 15:00 часот. Предвидени се шест проби: – 16.12.2025 година – 18.12.2025 година – 23.12.2025 година – 25.12.2025 година – 30.12.2025 година – 03.01.2026…

ПОВЕЌЕ ...

На 03.12.2025 во 15:50 на ул.„Маршал Тито“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.К.(37) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,52 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПОВЕЌЕ ...

На 02.12.2025 околу 07:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на 01.12.2025 во 21:30 часот на експресниот пат Штип-Кочани, патничко возило „форд фиеста“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Л.(34) од Кочани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03. Декември 2025 година – Јавното претпријатие „Камена Река“ информира дека денеска, ќе има привремен прекин на водоснабдувањето во повеќе делови од Македонска Каменица поради дефект на главната водоводна линија на улицата „Каменичка“. Без вода ќе останат корисниците на улиците „Илинденска“, „Македонска“, „Осоговска“, „Руенска“, „Езерска“, „Самоилова“, „Рударска“, „Александар Македонски“, „Долна Река Каменичка“, „Гоце Делчев“, како и жителите на Сарафска маала. Прекинот започнува во 08:00 часот. Според претпријатието, ќе трае „сè додека дефектот не биде целосно отстранет“. „Нашите екипи веќе се на терен и работат со зголемен интензитет за нормализирање на состојбата во најкраток можен рок“, – велат од…

ПОВЕЌЕ ...