Author: Media Point

Виница го најави “ВИНИЛЕНД” – магичен десетдневен новогодишен фестивал со богата програма за сите генерации Виница најави магична празнична сезона со која градот ќе се претвори во вистинска празнична бајка! Градоначалникот Митко Костадиновски ја најави десетдневната новогодишна програма „Виниленд“, наменета за сите граѓани кои сакаат да ја почувствуваат магијата на новогодишните и божиќните денови. „Драги сограѓани, со радост ве поканувам да учествувате во нашите новогодишни активности и заедно да создадеме моменти исполнети со радост и топлина“, истакнува Костадиновски. Програмата ќе понуди разновидни настани, забави и изненадувања за сите генерации, со цел Виница да блесне во празнично светло и да донесе…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски вечерва на својот официјален профил објави видео од терен, на кое се гледаат активните градежни активности на мостот преку реката Габровчица кон населбата Ново Делчево. И покрај доцните часови, екипите на Општина Делчево со механизација и работници продолжуваат да работат на проширување на мостот, со што, како што посочи Гоцевски, се обезбедува подобра патна инфраструктура и поголема безбедност за сите жители. „Работиме и доцна навечер за поубаво и побезбедно Делчево. Ова е дел од нашата посветеност кон граѓаните и подобрување на условите во секој дел од општината“, стои во објавата на градоначалникот. Најави дека со…

ПОВЕЌЕ ...

Доделени наградите за најдобрите детски цртежи од ликовниот конкурс на Фондација Рудник САСА Македонска Каменица, 10 декември 2025 – Во пријатна и топла атмосфера, во Македонска Каменица се одржа завршниот настан и свеченото доделување на наградите за најдобрите 12 детски цртежи од годинашниот ликовен конкурс „Рудникот и градот – низ времето и имагинацијата“, што го реализираше Фондација Рудник САСА. На конкурсот годинава се пријавија 90 деца на возраст од 5 до 15 години, жители на општина Македонска Каменица, како и деца на вработените во САСА. За првпат, наместо цртежите да се изработуваат индивидуално, децата твореа во рамки на организирани креативни…

ПОВЕЌЕ ...

Изминатите девет дена од месец декември 6151 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 44 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6151 издадени платни налози, 1573 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 44 лица, од кои 33 за возење под дејство на алкохол, двајца возачи за…

ПОВЕЌЕ ...

Пронајдени сторителите за оштетувањето на градскиот тоалет и урбаната опрема во Македонска Каменица По оштетувањето на градскиот тоалет и дел од урбаната опрема во Македонска Каменица, извршено на 29 ноември 2025 година од тогаш непознати сторители, полицијата презеде соодветни оперативни мерки и активности. Според информациите надлежните, сторителите се идентификувани. Против нив ќе бидат преземени соодветни законски мерки, а штетата ќе биде надокнадена.

ПОВЕЌЕ ...

ИЗГОРЕ КАМИОН ВО СЕЛО КОСЕВИЦА – ИНТЕРВЕНИРАШЕ ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА На 9 декември 2025 година, во 12:10 часот, до ТППЕ Македонска Каменица била пријавена појава на запален камион во селото Косевица. Екипата на Територијалната противпожарна единица веднаш излегла на терен со две противпожарни возила и тројца пожарникари. Во моментот на пожарот, камионот бил натоварен со борови дрва. Повеќе детали наскоро, по официјалниот извештај од надлежните.

ПОВЕЌЕ ...

Од Армијата денеска преку социјалните мрежи информираа дека началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, бил одликуван со Медал за истакната служба од страна на командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт, кој се наоѓа во официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата. Ова одликување се доделува за извонредна и витална поддршка на Програмата за државно партнерство со САД. Генералот Најт ги истакна лидерството и експертизата на генералот Лафчиски, кои имаат директно позитивно влијание врз напорите на Република Северна Македонија во постигнување на НАТО целите како ценет партнер, се наведува во објавата. На официјалниот состанок…

ПОВЕЌЕ ...

Победа за „Генерација Z“: Учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ со најдобра иновативна идеја Во последните два месеци учениците од СОУ „Миле Јаневски Џингар“ активно работеа во рамки на UP SHIFT програмата, преку која четири тима идентификуваа локални проблеми и развија креативни решенија. Работилниците се одвиваа низ шест сесии под водство на проф. Драгица Ангелова и менторот Андреа Угриноска. На финалната презентација одржана на 5 декември 2025 година, жири-комисијата како најуспешен го избра тимот „Генерација Z“ со идејата „Искористи се“ – иновативен спој на машинството и уметноста, преку кој металниот отпад се претвора во уметнички дела. Победничкиот тим ќе го…

ПОВЕЌЕ ...

Кошарката е пред финансиски колапс. Клубовите немаат начин како да функционираат откако Министерството за Спорт не ги исполни своите ветувања кон нив. Немаат добиено ниту денар од предвидените субвенции од кој што живеат спортски субјекти во државата. Последна уплата била во април, оттогаш на адресата на Министерот за Спорт, Борко Ристовски се упатени повеќе апели и остварени средби, но без реализација. Кошарката во Македонија се сплоти по повод ова прашање и одлучи да направи драстичен чекор, да дигне бунт против Министерството за спорт, поточно да не продолжи со сезоната доколку не ги финасиските средства кои се предвидени според законот во…

ПОВЕЌЕ ...

Рано утрово во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел од државата. Според апликацијата за сеизмичка активност, потресот имал јачина од 2,0 степени по Рихтер и бил на длабочина од 15 километри. Епицентарот се наоѓал во регионот меѓу Кичево и селата на планинскиот предел кон Маврово, на координати 41.394°N, 20.872°E, оддалечен околу 80 километри од прикажаната референтна локација. Нема информации за материјална штета или други последици.

ПОВЕЌЕ ...