Author: Media Point

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 денари и сега изнесува 32,883 денари по килограм. Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат непроменети: ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75 ден/лит ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77 ден/лит ЕУРОДИЗЕЛ – 68,5 ден/лит ЕЛ-1 – 66,5 ден/лит.

ПОВЕЌЕ ...

По кошаркарските и одбојкарските клубови со низа барања до Министерството за спорт! Одбојкарските клубови – членки на ОФМ, доставија соопштение до медиумите во кое покажаа загриженост за спортот и побараа од Министерството за спорт. Клубовите се огласија во врска со актуелните случувања во делот на спортот, имаат обврска да дадат свое мислење и видување околу оваа проблематика. Постои голема загриженост за правецот во кој се движи спортот во целина, опстанокот на спортските клубови и секако развојот на спортот и здравјето на младите. Соопштението на одбојкарските клубови: – Да се исплати ветеното. Ветениот втор дел од субвенциите оваа година воопшто не е…

ПОВЕЌЕ ...

Над 40 авто-школи под сомнение дека договарале цени за обука Постојат индиции дека 40 авто – школи во земјава договарале цените за обука на возачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Република Северна Македонија, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто – школи. При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи. „Комисијата…

ПОВЕЌЕ ...

КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ ГО НАЈАВУВА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ГОДИШЕН КОНЦЕРТ Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и годинава го најавува својот традиционален годишен концерт, подготвен со многу љубов, труд и посветеност. Настанот ќе се одржи на 20 декември во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток во 17:30 часот. Публиката ќе има можност да ужива во богата програма исполнета со македонска песна, оро и фолклорни традиции што се пренесуваат од генерација на генерација. На сцената ќе оживеат автентичните звуци и чекори кои го негуваат и одржуваат македонскиот дух. Организаторите упатуваат покана до сите љубители на фолклорот да бидат…

ПОВЕЌЕ ...

На 10.12.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево приведоа 16-годишник и А.М.(27), двајцата од Македонска Каменица. При преземање службени дејствија, полициските службеници ги затекнале лицата на место викано „Горен водопад“ на река Каменичка во Македонска Каменица, при што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен.  Притоа , на местото се пронајдени и одземени кеса со марихуана,  дигитална вага и дробилка. Подоцна, со судска наредба, во присуство на неговиот татко, извршен е и претрес во домот на малолетникот, при што тој доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис. Известен е јавен обвинител и…

ПОВЕЌЕ ...

Лишено од слобода лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“, веднаш по добиената пријава Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23:45 часот од страна на А.М., водител на емисија на порталот Инфомакс, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, додека траела програмата во живо, оштетило две врати и го попречувало емитувањето на емисијата, во која гостин бил поранешниот градоначалник С.Ј., а биле присутни и водителот М.Н. и камерман. Подоцна е утврдено…

ПОВЕЌЕ ...

Насилен упад во студиото на Инфомакс додека траеше подкастот „Тешки муабети“ Кратко пред полноќ, подкастот во живо беше прекинат, а десет минути подоцна уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, повторно се појави за да каже дека некој насилно влегол во студиото сакајќи физички да го нападне бидејќи го навредувал премиерот. Според него, била повикана полиција а против напаѓачот ќе следува кривична пријава Уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски | Принтскрин од епизодата на „Тешки муабети“ емитувана ноќта меѓу 10 и 11 декември 2025 година Синоќа нешто пред полноќ, додека траеше епизода во живо на подкастот на Инофмакс, „Тешки муабети“, некој се обиде…

ПОВЕЌЕ ...

Како што е познато, неодамна документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска доби две номинации за престижните награди „Синема ај“ (Cinema Eye Honors), кои се доделуваат за документарна продукција. Во рамките на „Синема ај“, „Силјан“ доби номинација за „Audience Choice Prize“ (награда по избор на публиката). Ова признание, според „Синема ај“, е важен индикатор за потенцијалниот успех на филмот во претстојната наградна сезона, вклучително и за „Оскарот“ за најдобар документарен филм. -Денес започнува вториот дел од гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize. Ова е момент во кој публиката има клучна улога, а наградите се доделуваат врз основа на…

ПОВЕЌЕ ...

За време на владењето на императорот Јулијан Отстапник (361-363) беше извршен страшен прогон на христијаните. Тогаш во целата Римска империја беа издадени посебни наредби и беа испраќани луѓе да ги спроведуваат. Со тие заповеди секој што ќе се откажеше од Христа добиваше големи почести од царот, а ако пак не сакаше да им принесе жртви на паганските идоли требаше да биде подложен на жестоки казни и мачења. Тогаш, пред ваквата опасност од Никеја побегнаа во Солун, а оттаму во Тивериопол – денешна Струмица, епископите Теодор и Тимотеј и монасите Комасиј и Евсевиј. Кон овие четворица притекнаа и Петар, Јован, Сергиј,…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради сомневање за злоупотреба на службената должност. објави Скопје1.мк Според информациите, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 9 декември 2025 година доставил кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против О.С. (49) од Куманово. Тој се сомничи дека, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи во 2021 година, спротивно на законот овозможил приватен оператор за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во висина од 5.565.927 денари. Како што наведува МВР, поранешниот министер…

ПОВЕЌЕ ...