Author: Media Point

Епископот Делчевско–каменички г. Марко во работна посета на Општина Виница Неговото Преосвештенство Епископ Делчевско–каменички г. Марко денес оствари работна средба со градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, со разговор за повеќе прашања од заеднички интерес. Епископот г. Марко го истакна значењето на соработката меѓу Црквата и локалната самоуправа, особено во областите од општествено и духовно значење – образованието, културата, хуманитарните активности и зачувувањето на традиционалните вредности. Градоначалникот Костадиновски ја нагласи подготвеноста на општината за континуирана комуникација и поддршка на активности и проекти што придонесуваат за развој на заедницата и унапредување на квалитетот…

ПОВЕЌЕ ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во работна посета на Општина Виница Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска ја посети Општина Виница, каде што оствари повеќе активности и работни средби. Градоначалникот Митко Костадиновски и министерот Перински одржаа работна средба посветена на унапредување на функционирањето на локалната самоуправа. Разговорите беа насочени кон тековните предизвици, можностите за институционална поддршка и иницијативите за подобрување на услугите за граѓаните. Општината, како што беше истакнато, продолжува активно да работи на развој на локалните политики во партнерство со надлежните институции. Во рамки на посетата, министерот се…

ПОВЕЌЕ ...

Во Делчево денеска беше одржана јавна презентација на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС), изработени во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“. Целта на јавната консултација беше да се обезбеди поголема транспарентност, активно учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад. Регионалниот план го дефинира стратешкиот пристап, неопходната инфраструктура и активностите за воспоставување одржлив систем за управување со отпад, во согласност…

ПОВЕЌЕ ...

КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ШКОЛАТА ЗА ГИТАРА ВО ПЕХЧЕВО Вечерва, на 20 ноември 2025 година (четврток), со почеток во 18:30 часот, во Домот на култура „Јане Сандански“ во Пехчево ќе се одржи концерт на учениците од Школата за гитара при Домот на култура „Тошо Арсов“ – Виница. Директорката Александра Давитковска информира дека настапите се подготвени како дел од редовната работа на школата, при што учениците ќе ги претстават делата што ги изучувале во текот на годината. Таа истакнува дека концертот е одлична можност младите гитаристи да ја покажат својата музичка зрелост и трудот што го вложуваат во наставниот процес. Настанот…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20. Ноември 2025 година – Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека започнува со реализација на Буџетските форуми за креирање на Буџетот за 2026 година, со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и директното учество на јавноста во планирањето на општинските политики. Од локалната самоуправа нагласуваат дека „буџетските форуми претставуваат важен механизам за вклучување на граѓаните и заедничко креирање на приоритетите за развој“, додавајќи дека акцентот е ставен на отворена комуникација со месните заедници, бизнис секторот, граѓанските организации и сите заинтересирани жители. Во соопштението се истакнува и дека „процесот ќе овозможи секој граѓанин да придонесе со свои идеи и…

ПОВЕЌЕ ...

На 15 ноември 2025 година, полициски службеници од СВР Штип реализираа повеќе превентивни активности на подрачјето на Штип, како дел од кампањата „Вози безбедно – стигни сигурно“. Активностите беа спроведени во Централно градско подрачје на Штип, на магистралниот пат Штип-Велес, како и во Виница, Делчево и Македонска Каменица. Главната цел на овие активности беше подигнување на свеста кај возачите за важноста на користење на зимска опрема и правилна подготовка на возилата за зимски услови. Во рамки на превентивната кампања, на возачите им беа делени летоци со корисни совети за безбедно управување на патиштата, а полициските службеници во непосреден контакт им…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија е земја на јазична разновидност како ретко која друга во регионот. Дури и најмалото село чува свој говор, свои зборови и изрази кои се разликуваат од соседното село само неколку километри подалеку. Д-р Веселинка Лаброска, научен советник и редовен професор во Одделението за дијалектологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, објаснува дека бројката на дијалекти во Македонија е поразителна и фасцинантна – секое населено место има свој говор, а само во една општина може да се најдат и до 33 различни варијанти. д-р Веселинка Лаброска „Овие дијалекти што се на територија на Македонија не умираат. Тие само…

ПОВЕЌЕ ...

Нашата млада гимнастичарка Бисера Карова со екипна бронза на Државниот натпревар во Скопје Нашата млада гимнастичарка, Бисера Карова од Македонска Каменица, викендов учествуваше на Државниот натпревар по гимнастика што се одржа во Скопје. Таа настапи во категоријата 5–7 години, претставувајќи го Клубот за гимнастички спортови Кочани, каде што тренира помалку од една година. Екипата од клубот имаше четири натпреварувачки, кои најпрво настапија индивидуално, по што нивните бодови беа сумирани во заеднички резултат. Според конечниот пласман, тимот освои трето место и се закити со бронзен медал во екипна конкуренција. Бисера Карова е ученичка во прво одделение при ООУ „Св. Кирил и…

ПОВЕЌЕ ...

Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар – Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, информираат од ЦУК. Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, соопштија надлежните. – Наврнатите количини дожд предизвикаа активирање на нестабилни…

ПОВЕЌЕ ...

Со расчистување отпадоци и диворастечки растенија на потегот под бул „Македонија“ кај станбените згради во Делчево, започна реализацијата на Кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“. Екипи на ЈКП „Брегалница“ со помош на механизација го расчистуваа теренот кој беше доста запуштен и даваше грда слика на транзитниот булевар и во делот од градот каде се сместени голем број јавни институции, а има и голема фреквенција на возила и граѓани. Градоначалникот Гоцевски кој е иницијатор на Кампањата, направи увид во текот на почетните работи. Истакнувајќи го значењето на акцијата, посочи дека како градоначалник, лично ќе ја…

ПОВЕЌЕ ...