Author: Media Point

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што остави многумина изненадени и револтирани, пренесува порталот Денар. Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари по час. Со други зборови, секој дополнителен час зад воланот сега значи и дополнителен удар по џебот. Од авто-школите објаснуваат дека покачувањето било неминовно поради зголемените трошоци за гориво, одржување на возилата и техничка опрема, но дека и новите прописи што ги воведе ресорното…

ПОВЕЌЕ ...

На 16.11.2025 во 22:35 часот на ул.„Индустриска“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Д.(40) од Македонска Каменица. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки македонска каменица, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта.

ПОВЕЌЕ ...

Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ со задоволство ја најавува презентацијата на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС). Целта на оваа јавна консултација е да се обезбеди транспарентност, учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад. Регионалниот план за управување…

ПОВЕЌЕ ...

Маскирана група Албанци нападнала припадници на српската војска денес околу 15 часот во реонот на базата на српската војска „Дебела глава“, дознава српски Курир. Според неофицијални информации, вооружена група Албанци во подножјето на ридот Шоп испукала 15 истрели во правец на припадници на српската војска, а во таа прилика било погодено куче кое било во непосредна близина на патролата. – Вооружената група избегала со шест џипови кон Косово – вели извор за Курир.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА запиша нови три бода со сигурна победа од 0:4 на гостувањето кај ЖФК Вардар во рамки на 13. коло од Првата женска фудбалска лига. Стрелци на головите за нашиот тим беа Драгана Костова, Туане Фрагосо со два прецизни погодоци и Христина Јовановска. Иако се очекуваше полесен натпревар, домашната екипа прикажа цврста и организирана игра, но квалитетот на Каменица САСА пресуди.

ПОВЕЌЕ ...

Создадена Унија на македонските здруженија во Италија! Во Пјаченца, успешно беше завршен проектот посветен на македонската заедница која живее во Италија: Официјално се роди Сојузот на македонските здруженија во Италија, национална координација која за прв пат обединува претставници од различни италијански региони. На состанокот присуствувале делегати од повеќе македонски здруженија активни на италијанска територија, правејќи ја новата унија претставничко тело кое ја опфаќа целата национална заедница. Избран национален совет :За време на состанокот e избран Совет составен од седум члена, кои доаѓале од различни здруженија. Позициите биле доделени на следниов начин: Претседател: Појразов Александар Аце, актуелен претседател на здружението “Обединети…

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА гостува кај Вардар во 13. коло од ПМФЛ Во рамки на 13. коло од Првата женска фудбалска лига, ЖФК Каменица САСА утре гостува во Скопје на дуел со ЖФК Вардар. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 12:00 часот, на стадионот „Цементарница 55“ во Скопје.

ПОВЕЌЕ ...

На 14.11.2025 во 22:00 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишија од слобода Б.П.(55) од с.Дулица –општина Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициските службениоци сопреле патничко возило „цитроен“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица,, кое го управувал Б.П, и притоа констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,87 промили алкохол во крвта. Извор на информација: Министерство за внатрешни работи

ПОВЕЌЕ ...

Мета ги отстранува познатите екстензии на Фејсбук, копчињата „ми се допаѓа“ и „коментирај“, кои се појавуваа на страниците на други луѓе со години, почнувајќи од февруари 2026 година. Со ова официјално завршува користењето на овие опции по повеќе од една и пол деценија. Овие копчиња повеќе нема да бидат видливи надвор од самата платформа, иако страниците нема да имаат технички тешкотии како резултат на тоа. Овие алатки, воведени во 2010 година, долго време овозможуваат содржината на блоговите, порталите и другите веб-страници да се оценува и коментира преку Фејсбук сметка. Така, социјалната мрежа остави длабока трага врз начинот на кој се…

ПОВЕЌЕ ...

Рудник САСА го започна планот „Подготвени за иднината“ Рудник САСА, дел од меѓународната рударска компанија Central Asia Metals (CAML) со седиште во Лондон, Велика Британија, започна со реализација на планот „Подготвени за иднината“ – неопходен чекор за повторно воспоставување на профитабилноста и обезбедување долгорочна стабилност на рудникот. Во изминатиот период, Рудник САСА се соочуваше со комбинација од зголемени трошоци, сложени геолошки услови и намалени нивоа на производство, што резултираше со финансиски загуби. Внатрешните и надворешните анализи потврдуваат дека, во периодот од 2019 до 2025 година, бројот на вработени во САСА е зголемен за 11%, додека производството на руда е намалено…

ПОВЕЌЕ ...