Author: Media Point

Интензивно се работи на изградбата на улица Ковачевска во Стара Каменица Во Стара Каменица во тек е интензивна реализација на градежните работи за пробивање и тампонирање на улицата Ковачевска, со вкупна должина од 550 метри. Овој значаен инфраструктурен проект е финансиран од Владата на Република Македонија и има за цел трајно решавање на проблемите со пристапноста и квалитетот на патната инфраструктура во овој дел од Македонска Каменица. Градоначалникот на општината, Димчо Атанасовски, истакна дека во моментов се вршат мерења за збиеност на тлото, што е неопходен чекор за обезбедување на квалитет и долготрајност на новиот пат. „Оваа инвестиција е дел…

ПОВЕЌЕ ...

Прославен споменот на преподобниот Ефрем Сирин во манастирот „Св. Архангел Михаил“ На 10 февруари 2025 година, светата православна црква го одбележа споменот на преподобниот Ефрем Сирин. По тој повод, во манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Конџељ, Нишка епархија, беше отслужена празнична Литургија. Со светата Литургија началствуваше Епископот Делчевско-каменички г. Марко, кој сослужуваше со Нишкиот митрополит г. Арсениј. На богослужбата учествуваа и бројни игумени и свештенослужители од околните манастири. Ова заедничко сослужување беше во чест на именденот на игуменот на манастирот, јеромонахот Ефрем. По завршувањето на Литургијата, верниот народ се причести со божествените дарови, а празничното славење продолжи во духот на…

ПОВЕЌЕ ...

Златото никогаш поскапо: Што се крие зад вртоглавиот раст на цената на овој благороден метал? Цената на златото расте побрзо од кога било, а Америка ги трупа акциите како да се подготвува за големи економски шокови. Инвеститорите, од друга страна, бараат сигурност, додека светските пазари го чувствуваат притисокот поради недостигот на благородниот метал. Цената на златото руши рекорди и се чини дека нема да престане наскоро. Пред само една година, фина унца од овој благороден метал на светскиот пазар вредеше околу 2.000 долари. Денес опасно се приближува до 2.900 долари, а многумина се прашуваат – што всушност се случува? Една…

ПОВЕЌЕ ...

Целосна замена на електричната инсталација во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица Македонска каменица, 10 февруари – Во детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица за првпат по 34 години, целосно е заменета електричната инсталација, со што значително се подобруваат условите за престој и работа на децата и вработените. Оваа инвестиција, која е финансирана со сопствени средства, има за цел да ја зголеми безбедноста во објектот, да ја подобри енергетската ефикасност и да овозможи поквалитетна средина за најмладите. Директорката на градинката, Тодорка Велиновска, истакна дека ова е значаен чекор за установата: „По повеќе од три децении, успеавме да реализираме проект кој…

ПОВЕЌЕ ...

Богослужба во Македонска Каменица по повод преносот на моштите на Свети Јован Златоуст Македонска Каменица, 09 февруари – По повод Неделата на митарот и фарисејот и празникот на преносот на моштите на Свети Јован Златоуст, на 9 февруари 2025 година во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Света Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко. „Овој ден нè потсетува на важноста на смирението и искреното покајание. Како што ни сведочи Евангелието, митарот со скрушено срце побара прошка од Бога, додека фарисејот самоуверено се оправдуваше. И ние сме повикани постојано да се преиспитуваме и…

ПОВЕЌЕ ...

Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија Имаме силни амбиции за годините што следат а тоа е да изградиме експресен пат од Куманово до Страцин, да го продолжиме експресниот пат од Кочани преку Виница до границата со Бугарија, а исто така од Гевгелија преку Струмица да се поврземе со експресен пат со границата со Бугарија кај Ново Село, најави вицепремиерот и минстер за транспорт, Александар Николоски. Веќе работиме на проектирање од Куманово до Страцин со цел да го поврземе автопатот од Скопје-Куманово до Србија со овој експресен пат и целото движење од Скопје до границата со…

ПОВЕЌЕ ...

АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНОСТ: Пожар во село Моштица – интервенирано со едно возило и четворица пожарникари Македонска Каменица, 09 февруари – Територијалната противпожарна единица во Македонска Каменица апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор, бидејќи тоа е строго забрането со закон и може да предизвика сериозни последици. Во случај на пожар, повикуваат на навремено пријавување за да се спречат поголеми штети. – Денеска пожарникарите интервенираа во село Моштица, каде што избувна пожар кој зафати околу 25 декари мешовита нискостеблеста шума. Во гаснењето беа ангажирани едно противпожарно возило и четворица пожарникари, – велат од ТППЕ Македонска Каменицао, од каде…

ПОВЕЌЕ ...

Внимателно возење низ клисурите и речните долини, постои ризик од одрони! Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност за појава на одрони. На граничните премини од македонска страна во моментот нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од 15 ноември 2024…

ПОВЕЌЕ ...

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук профил предупредува за опасен Тик Ток предизвик, со земање на големи дози на парацетамол кај младите. „Од почетокот на оваа година на платформата ТикТок кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, ВНЕСУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ДОЗИ ПАРАЦЕТАМОЛ !!!!! Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување. Секоја година 30-50% од акутните…

ПОВЕЌЕ ...

Дојави за бомби во училиштата низ цела Македонија Во поголем дел од училишта во Скопје, Штип, Кочани и Куманово  утрово се евакуирани поради дојава за бомби. Во моментов тимови на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат проверки во училиштата. Дојавите за бомби се проверуваат. Oсновни училишта во Скопје, ОУ „Лазо Ангеловски“ , ОУ „Александар Македонски“, ОУ „Димо Хаџи Димов“  биле евакуирани утринава. Дојава за бомба имало и во ОУ „Магдалена Антова“ во Куманово. „Денеска (07.02.2025) на службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата добиени се дојави за поставени експлозивни направи. Повеќе информации во…

ПОВЕЌЕ ...