Author: Media Point

Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Се верува дека овој светец е заштитник на домот и на сиромашните, а именден слават: Никола, Коле, Николај, Ники, Николина… Православните христијани на 19-ти декември го слават празникот Свети Николај Чудотворец. Вечерта помеѓу 18-ти до 19-ти се подготвува посна вечера, наречена „заслуг“ што најчесто се состои од посна трпеза на која најчесто има гравче, риба и леб. Според некои верувања, во домот не треба ништо да се прави ден пред и по славата, а храната што ќе се служи за време на вечерата да биде подготвена еден ден претходно. Свети Николај или…

ПОВЕЌЕ ...

Гајдата не е само инструмент – таа носи дел од македонската душа. Овој македонскиот народен музички инструмент е шесто добро по ред од Македонија кое се најде на репрезентативната листа на УНЕСКО. Досега на оваа листа се „Чет’рсе“, „Копачката“, „Гласоечкото пеење“, „Х’дрлез“ и „Мартинките“. Од Управата за заштита на културно наследство посочуваат дека ова е голем успех на културната дипломатија на светско ниво и голема инспирација за македонските гајдаџии да творат и да создаваат бидејќи најголемата заслуга е нивна. По пауза од 7 години, на листата на УНЕСКО се впишува еден од најавтентичните инструменти кој е повеќе од само произведувач…

ПОВЕЌЕ ...

Рудник Саса ги избра најдобрите цртежи од годинешниот ликовен конкурс за деца Со големо задоволство објавуваме дека на годинешниот ликовен конкурс за детски цртежи на Рудник Саса пристигнаа 129 цртежи од 121 талентирано дете од општина Македонска Каменица, како и од децата на нашите вработени. Конкурсот беше наменет за сите деца на возраст од 5 до 15 години, поканувајќи ги креативно да го прикажат рудникот Саса и неговото значење за луѓето, семејствата и локалната заедница. Од пристигнатите цртежи, надворешна комисија составена од независни експерти избра 24 најдобри цртежи. Тие ќе бидат дел од официјалниот календар на Рудник Саса за 2025…

ПОВЕЌЕ ...

  Успешно е извршена целосната замена на застарената и дотраена електрична мрежа на долниот кат од Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица. Интервенцијата е дел од нашите заложби за подобрување на условите за работа и престој во училиштето. За зголемена економичност и функционалност на објектот, како и за подобрена безбедност на учениците и вработените.   Продолжуваме со напорите за унапредување на образовната инфраструктура во нашата општина. За подобра иднина на нашите деца!

ПОВЕЌЕ ...

Перо Антиќ, 17.12.2024 Одговор до загрижените членови на ‘иницијативниот одбор’ составен од скијач, комарџија, пропаднат кошаркар од јужниот дел на Македонија итн. Во врска со изборното собрание, со еден единствен кандидат – Перо Антиќ, одржано на 29. Март, 2023 година. Јасно е дека тие што ги изнесуваат невистинитите написи и ги пласираат во јавноста како скандалозни не го познаваат доволно, ако и воопшто деловникот за работа на Собрание на КФСМ. Кандидат за Претседател на Кошаркарска Федерација мора да биде писмено предложен од десет претставници на членките на Собранието. Предлогот мора да содржи име и презиме на кандидатот и да биде заверен од…

ПОВЕЌЕ ...

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Перо Антиќ, за задутре (среда) го закажа Редовното собрание на Куќата на кошарката, на кое ќе даде отчет за работата и за потрошениот буџет во износ од 2,1 милиони евра, за што сите клубови добија материјали за работа, меѓу кои беше и записникот од собирот од пред речиси две години. Ова е првпат толку доцна да се доставува овој документ до членките, но кога ќе се разгледа тогаш станува и јасно зошто досега се држел во тајност. Тоа е записник од Собранието на КФМ одржано во март 2023 година, кога Антиќ го доби…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска ја празнуваме Света Варвара – важно е да се испочитуваат неколку обичаи Денеска, на 17 декември, Православните христијанија празнуваат света великомаченица Варвара, погубена од својот татко затоа што била христијанка. Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на Светата великомаченичка Варвара. Обично се празнува со домашни служби, се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите. Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас. Житието сведочи дека Света Варвара се роди…

ПОВЕЌЕ ...

МВР распишува оглас за прием на 600 нови полициски службеници Министерството за внатрешни работи отвори оглас за прием на 600 полициски службеници. „Врз основа на член 79 став 1 од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија“ бр.42/14, 116/14, 33/15, 5/16, 120/16, 127/16, 142/16, 190/16 и 21/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19 и 275/19, 110/21 и 89/22) и член 97 став 1 од Законот за полиција („Службен весник на Република Македонија” бр. 114/06, 6/09, 145/12, 41/14, 33/15, 31/16, 106/16, 120/16, 21/18 и 64/18, „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.294/21 и 89/22), а во врска…

ПОВЕЌЕ ...

Топлите напитоци, како што е чајот од билки, често се користат за ублажување на симптомите на настинка и грип, обезбедувајќи и физичко и емоционално олеснување. Меѓутоа, се поставува прашањето дали кафето го има истиот ефект кога се во прашање респираторните проблеми. Кафето е исто така топол пијалак, но неговата топлина не е доволна за овој напиток да го направи вистинскиот избор кога сме болни, а постојат и низа причини зашто. Кај респираторните заболувања повеќе помагаат похидрантните пијалаци како што се водата, топлите чаеви од билки и топлата супа, кои одржуваат добро ниво на хидратација во текот на настинката. Зошто…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски заедно со директорите на јавните и образовни институции, како и граѓани на Македонска Каменица учествуваше во екоакцијата за пошумување кај село Истевник во Делчево. Македонска Каменица, 14. Декември 2024 година – Во рамки на масовната екоакција за пошумување, организирана од ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево, денеска кај село Истевник беа засадени над 6.000 разновидни садници. Настанот, од страна на градоначалникот Атанасовски, беше окарактеризиран како значаен чекор кон обновување на шумите во Источниот регион на Македонија, поддржаа бројни граѓани, волонтери и институции. – Особена чест и задоволство беше учеството на премиерот на Република Македонија, Христијан…

ПОВЕЌЕ ...