Author: Media Point

Возљубени браќа и сестри во Христа, денес нашата Света Православна Црква со особена радост и благодарност го празнува споменот на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски; Свети Николај, епископ Патарски; и Свети Теофил, епископ Антиохиски. ✞ Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски живееше во III–IV век и беше архиепископ на градот Мира во Ликија. Уште од младоста се истакна со длабока вера, милосрдие и љубов кон сиромашните. Како архиереј, ревносно ја чуваше православната вера и учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја (325 г.), каде ја бранеше вистината за Божественоста на Синот Божји. Со својата молитва и смирение изврши многубројни чуда, поради…

ПОВЕЌЕ ...

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за два денара, додека цената на дизел горивото ќе остане непроменета, соопшти Регулаторна комисија за енергетика. Новите цени ќе важат од 19 декември, од 0:01 часот. Според одлуката, максималната малопродажна цена на моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 73 денари за литар. Цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува 66,50 денари за литар, а екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 ќе се продава по 65,50 денари за литар. Мазутот М-1 НС ќе има цена од 32,635 денари за…

ПОВЕЌЕ ...

Зборот не беше празно ветување: Првата плата на градоначалникот Иван Гоцевски обезбеди нов кров над глава за вреден работник од Тработивиште Ветувањето дадено на првиот работен ден од мандатот на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, доби своја реализација. Вредниот работник од селото Тработивиште, Горан Узунски, вработен во ЈКП „Брегалница“ – Делчево, доби градежни материјали за санација на кровот на својата куќа, обезбедени од првата плата на градоначалникот. Претходно, градоначалникот Гоцевски му додели специјално признание на Узунски за неговиот несебичен ангажман, одговорност и посветеност во извршувањето на работните задачи, при што јавно вети дека својата прва плата ќе ја донира…

ПОВЕЌЕ ...

За тешки дела во сообраќајот, судот задолжително ќе изрекува забрана за возење | Фото: БИРН Новите законски измени не застануваат само на прекршоците, па така предложени се измени во Кривичниот законик. Тие измени допрва ќе се разгледуваат. Одредбите пропишуваат дека за тешки дела во сообраќајот, судот задолжително ќе изрекува забрана за возење – од шест месеци, па сè до десет години. Наместо можност, како досега, тоа ќе биде обврска за судот. И не само тоа. Кривичниот законик му дава можност на судот да го одземе и возилото од сторителот ако сторил кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“, „безобѕирно управување…

ПОВЕЌЕ ...

Ако не ги ажурирате бројот и имејлот – 100 евра глоба Забраната за управување возило може да трае од еден месец до една година | Фото: БИРН Системот во возачките книшки и негативните поени, кој не беше целосно уреден, со законските измени се доуредува. Од први февруари догодина, возачот што трипати во рок од четири години ќе добие правосилна забрана за управување со возило од иста категорија, ќе остане без возачката дозвола. Судот ќе му ја одземе дозволата, а сторителот на прекршокот нема да смее повторно да полага возачки испит најмалку една година. Откако судот ќе ја одземе возачката дозвола,…

ПОВЕЌЕ ...

Пратениците ги изгласаа законите потребни за целосно да профункционира системот безбеден град: Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот. Останува да ги доусвојат уште измените во Законот за прекршоци, кој е во второ читање. Покрај тоа, предложени се и измени во Кривичниот законик за да се усогласат со пакетот закони поврзани со системот „Safe city.“ Законските измени детално ја уредуваат целата постапка – од констатирањето на прекршокот, до изрекувањето на најстрогите мерки, а доуредуваат и други прашања. Возачите што трипати ќе добијат забрана за возење, ќе останат без возачка дозвола. За неажуриран телефонски број…

ПОВЕЌЕ ...

Младиот кочански рок бенд „Корка“ ја доби наградата „People’s Choice“ на „Imagine Music Experience“, што се одржа на 14 декември во Брисел, Белгија, информираат од Музичка младина на Македонија (ЈМ Macedonia). Оттаму посочуваат дека бендот доби најмногу гласови од публиката на онлајн гласањето и беше македонски претставник на овој меѓународен натпревар за млади музичари од 13 до 21 година, во организација на „JM International“. Се работи за глобална организација посветена на развојот на младите преку музика и уметност, која ги поддржува младите таленти преку натпревари, едукација, вмрежување и настапи на интернационални сцени. „Ова е прво меѓународно признание за Македонија на…

ПОВЕЌЕ ...

Се продава двособен стан од 66 м² во Македонска Каменица Се продава убаво распореден двособен стан со површина од 66 м², сместен во Кула бр. 2 во Македонска Каменица. Станот е идеален за удобно живеење на семејство, нуди функционален распоред и погодни услови за живеење. За повеќе информации, Ве молиме, јавете се на: +389 71 610 235

ПОВЕЌЕ ...

На магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, автомобил „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало од коловозот вчера доцна попладнето. Б.Ќ. починал на местото на несреќата од здобиените повреди, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Граѓаните отсега ќе можат уште полесно да се информираат за степенот на загаденост преку новата мобилна апликација на МЖСПП. Апликацијата е достапна за корисниците на Android и iOS, а линковите за преземање се поставени директно на официјалниот веб-портал. Системот е усогласен со најновите европски стандарди за мерење, што овозможува прецизна споредба на квалитетот на воздухот во Македонија со останатите европски метрополи. Покрај моменталните состојби, новиот систем овозможува и длабински годишни анализи, што е клучно за долгорочно планирање на мерките за заштита на животната средина.

ПОВЕЌЕ ...