Author: Media Point

Денес во Република Македонија и на северната хемисфера започнува зимата. Во истовреме на јужната Земјина полутопка почнува летото. Денеска е недела, 21-ви декември 2025 година, 355-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 10 дена. Денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга. Денеска Сонцето ќе изгрее најјужно и ќе има најмала височина напладне. Сепак, должината на денот не е иста насекаде на северната хемисфера. Како што одите на север, должината на денот станува пократок и обратно, како што одите кон екваторот, денот станува подолг. Од утре денот полека ќе почне да се зголемува до летната долгоденица, околу 21…

ПОВЕЌЕ ...

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека…

ПОВЕЌЕ ...

Со стареењето на населението и притисокот врз јавната каса се зголемува, приходите на пензионерите драматично варираат од земја до земја. Прашањето е – кој е најдобро пласиран во своите златни години, пишува Euronews . Пензиите се клучен извор на приход за постарите Европејци, сочинувајќи приближно две третини од нивниот вкупен приход. Сепак, луѓето над 65 години во 28 европски земји добиваат во просек само 86% од просечниот приход на целото население. Според податоците на ОЕЦД, овој сооднос паѓа под 70% во балтичките земји и под 80% во економски силните земји како што се Белгија, Данска и Швајцарија. Според најновите достапни податоци…

ПОВЕЌЕ ...

Откажани се сите утрински летови на авиокомпанијата „Визер“ бидејќи ниту еден авион од нивната база во Скопје ноќеска не можеше да се врати дома.(Фото: СДК.МК) Поради густата магла откажани се сите утрински летови од Скопскиот аеродром. Откажани се летовите на авиокомпанијата „Визер“ од Скопје до Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел и Меминген. Откажен е летот и до Загреб на „Кроација ерлајнс“, како и за Цирих и Истанбул. Во моментов на аеродромот во Скопје нема ниту еден авион. Ниту еден од шесте авиони на „Визер“ кои се стационирани во базата во Скопје вчера не успеа да слета во Скопскиот аеродром. Поради…

ПОВЕЌЕ ...

Утрово, по кратко боледување почина познатиот македонски радиоводител Драган Б. Костиќ на 75годишна возраст. Веста за неговата сме ја потврдиле од семејството. Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Тој беше најпознат како водител  од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“… Во 2018 година ја започна и телевизиската емисија „Б со точка“ на Телевизија 24, која се емитуваше две сезони до 2019 година. Во 2024 година, со големиот музички настан „Последниот танц“ во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, Драган Б. Костиќ ја одбележа својата 50-годишна кариера Костиќ ќе…

ПОВЕЌЕ ...

Жителите на село Двориште го блокираа регионалниот пат Берово – Двориште. Причината за протестот е револтот на локалното население, од како што велат, нивното барање за отворање на фабрики и откупот на компирот, кој оваа година останува за прв пат во нивните домови.

ПОВЕЌЕ ...

Ученици од Македонска Каменица со иновативен проект на Саемот за иновации во Струмица Ученици од Средното општинско училиште “Миле Јаневски Џингар” од Македонска Каменица, организирани во тимот „Генерација Z“, во периодот од 17 до 19 декември успешно го претставија своето училиште на Саемот за иновации, одржан во хотел „Сириус“ во Струмица. Настапот беше реализиран во рамки на програмата UP SHIFT, под менторство на професорката по машински предмети Моника Лефковска. Тимот го сочинуваат учениците Матеј Тодоровски, Моника Стоиловска, Лука Цветковски, Бојан Гоцев, Емил Велиновски и Ѓорѓи Џабирски, од машинската струка – профил машински техничар. Со проектот под мотото „Искористи ме“, учениците…

ПОВЕЌЕ ...

Учениците при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, заедно со наставниците и родителите, организираат Новогодишен базар. Истиот, ќе започне во 16:30 часот, на 25 декември 2025 година, на градскиот плоштад. На базарот ќе бидат изложени рачно изработени новогодишни украси, домашни колачи и торти, подготвени со голема посветеност од учениците и нивните наставници. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во празнична музика, детската радост и топлата новогодишна атмосфера. „Новогодишниот базар е резултат на заедничкиот труд, креативност и ентузијазам на нашите ученици, наставници и родители. Преку ваквите настани училиштето активно се вклучува во одбележувањето на претстојните празници“ изјави директорката на…

ПОВЕЌЕ ...

Сетва на даб и јавор во расадникот Голак – Делчево Во расадникот Голак од Делчево, основан во 1948 година, оваа недела беше извршена сетва на даб и јавор. Расадникот, кој се наоѓа југоисточно од градот, од своето основање произведуваше багремови фиданки, а подоцна го збогати производството со јасен, брест, кисело дрво, црнборови и други видови. Во последните 10 години, во расадникот Дервишица се произведени над 2,4 милиони садници, со моментален капацитет од 500.000 садници. Дабовиот жир е собран од здрави стебла на Козалска Чука, а семето од јаворот од градскиот парк. Поради поволните временски услови, семето е добро сочувано,…

ПОВЕЌЕ ...

На денешен ден, 19 декември 1921 година, во прилепското село Небрегово е роден академик Блаже Конески – еден од најзначајните темелници на македонската културна и јазична историја. Поет, писател, научник и визионер, Конески е името без кое современиот македонски литературен јазик не може да се замисли. Како еден од кодификаторите на македонскиот јазик, Конески учествувал во Комисијата за азбука, во создавањето на првиот македонски правопис, а како автор на „Граматика на македонскиот јазик“ и „Историја на македонскиот јазик“, како и како главен редактор на „Речникот на македонскиот јазик“ во три тома, остави трајна научна и национална вертикала. Но, Блаже Конески…

ПОВЕЌЕ ...