Author: Media Point

ЈП „Камена Река“ продолжува со уредување на локалните патишта Македонска Каменица, 24 декември 2025 година – Екипи на ЈП „Камена Река“ деновиве реализираа активности за чистење и средување на вегетацијата покрај дел од регионалниот пат Македонска Каменица – Саса и локалните патишта во село Моштица. Од јавното претпријатие информираат дека ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период на локалните патишта во сите селски средини, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, подобрување на уредноста и обезбедување подобар пристап за граѓаните.

ПОВЕЌЕ ...

Зошто ни бегаат паметните луѓе? Во Македонија од одамна веќе е проблем што имаме одлив на паметни и способни луѓе. Проблемот е што власта системски се плаши од нив. Паметен, независен и образован човек е најголем непријател на партиска држава изградена врз неспособност, клиентелизам, корупција и послушност. Таквите луѓе не можеш да ги купиш со работно место, не можеш да ги уценуваш со договор на определено и не можеш да ги контролираш со партиска книшка. Затоа системот не ги сака – не затоа што се непотребни, туку затоа што се опасни. Во македонските институции со години се вдомува кадар кој…

ПОВЕЌЕ ...

Паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе биде запишан каако државно земјиште со што ќе може да потпише договор со Јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“. За потребите на здравството треба да бидат набавени и 100 нови амбулантни возила. Нови 100 амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра треба да бидат набавени за македонското здравство, одлучила Владата на вчерашната седница. „Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, навремен транспорт на пациенти до секундарно и терциерно ниво, подобра покриеност во урбаните и во руралните средини“, напиша министерот за здравство Азир Алиу на својот Фејсбук профил.

ПОВЕЌЕ ...

Делчево, 22 декември 2025 – Денес во Градскиот парк во Делчево, мајката Радмила Симевска заедно со нејзината ќерка Илина, ќе организираат продажба на домашно приготвени слатки – трилече, толумби, чај, кафе – како и уникатни восочни и гипсени фигури.  Со продажбата на изработените производи, тие ќе покажат што значи вистинска хуманост, бидејќи целата собрана сума ќе биде донирана за чичко Мац (Mac Jedini Dimitrovski), за да му помогнат во неговите потреби. „Сакаме да ја научиме Илина уште од мала дека помагањето на другите е вистинска вредност“, изјави Радмила. Сите граѓани се поканети да се приклучат и заедно да покажат…

ПОВЕЌЕ ...

ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА ВИКЕНДИЦА НА КАМЕНИЧКА РЕКА Се продава викендица со површина од 161 м², сместена на мирна и пријатна локација покрај течението на Каменичка Река, на само 800 метри од Македонска Каменица, во месноста Базата. Просторот овозможува удобно живеење, но е подеднакво погоден и за различни деловни или производствени намени. Објектот има чист имотен лист. Располага со пристапен пат, вода и струја. Има природно опкружување и близина до градот, што го прави практичен за секојдневна употреба и развој на активности по потреба. За сите дополнителни информации и контакт, заинтересираните може да се јават на телефон 070 309 720.

ПОВЕЌЕ ...

Денес, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, неговото преосвештенство епископот делчевско- каменички Марко служеше света Божествена литургија, на радост и духовно укрепување на верниот народ. Во својата вдахновена беседа, Владиката Марко го објасни денешното евангелско чтение според Лука (13, 10–17), задржувајќи се на чудесното исцеление на згрчената жена во сабота. Тој истакна дека Христос, иако бил укоруван од книжниците и фарисеите поради строгото држење до законот за саботниот ден, ја покажал вистинската суштина на Божјиот закон – љубовта, милоста и слободата на човекот. Во продолжение, Владиката нагласи дека и ние често живееме „згрчени“ однатре – кога во…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(61) од с.Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Пријавениот, во септември 2024 и во март 2025 година, измамил 42-годишна жена од делчевско ветувајќи дека може да ѝ изработи „амајлија“ со која ќе ги реши семејните проблеми, а за услугата во два наврати зел по 30.000 денари, со што ја оштетил за вкупно за сума од 60.000 денари.

ПОВЕЌЕ ...

МВР апелира да се почитуваат сообраќајните правила и да не се употребува пиротехника Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот во услови на намалена видливост да бидат крајно внимателни при управување на возило. Воедно, апелираме до граѓаните во овој период на предновогодишни забави и семејни веселби, да не седнуваат зад воланот доколку претходно конзумирале алкохол. На територија на СВР Скопје во периодот од 15-20.12.2025 констатирани се 53 сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли продолжуваат со засилен интензитет. Апелираме и до учесниците во патниот сообраќај да бидат внимателни и во целост да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да…

ПОВЕЌЕ ...

На 19.12.2025  во 06:40 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Итната медицинска помош во Кочани,  женa од село Спанчево, општина Чешиново – Облешево, физички нападнала 33-годишна докторка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Известување од МВР

ПОВЕЌЕ ...

На 19 декември 2025 година, во 23:45 часот, во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го привеле М.С. (43), поради агресивно однесување кон полициски службеници додека вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ПОВЕЌЕ ...