Author: Media Point

Кражбата на бистата, поставена во почетокот на паркот во непосредна близина на Владата на РСМ, е пријавена во полиција вчера во 11 часот. Бистата на народниот херој Вера Јоциќ била украдена од Градскиот парк во скопската Општина Центар, соопшти од Министерството за внатрешни работи (МВР). Бистата, дело на нејзината сестра Вида Јоциќ, е поставена во почетокот на паркот на околу 150 метри од Владата на РСМ. Според полицискиот билтен, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од паркот е одземена спомен-бистата посветена на Вера Јоциќ. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.…

ПОВЕЌЕ ...

Младиот македонски талент Македон освои златен медал на Германската математичка олимпијада оствари уште еден извонреден успех на меѓународната сцена, освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада, еден од најреномираните натпревари за млади математичари во Европа. На олимпијадата учествуваа најдобрите ученици од повеќе држави, а Македон со своето знаење и логичко размислување се искачи на највисокото победничко скалило, потврдувајќи го својот исклучителен талент. Facebook/Vladimir Makedon Dimitrovski Со овој резултат, тој обезбеди и пласман во суперфиналето, кое ќе се одржи во месец мај во Франкфурт, каде ќе се натпреваруваат најдобрите млади математички умови. Успехот на Македон претставува големо признание не само за…

ПОВЕЌЕ ...

Свечено доделување на јубилејни признанија на крводарителите го Виница Вчерашната вечер беше посветена на хероите во општественото живеење – крводарителите. Малку се сите зборови и свечености што ги правиме наспроти нивниот непроцелнив чин. Претседателката Благица Симеонова и градоналачникот на Општина Виница, Митко Костадиновски како покровител на настанот, доделија благодарници, признанија и награди за јубилејните крводарители кои до 2025 година дарувале 50, 75 и 100 пати доброволно крв. Благодарност и до оние установи, институции, организации и компании кои го гледаат потенцијалот и важноста на крводарителството и секогаш се наша поддршка. Сакајте во боите на љубовта – сакајте во црвено! Целата фотогалерија…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 26. Декември 2025 година – Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, учениците и наставниот кадар реализираа едукативна иницијатива посветена на циркуларната мода и заштитата на животната средина, со цел подигнување на еколошката свест во локалната заедница. Активностите се реализираа во рамки на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, финансиран од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, а го спроведуваат Центарот за младински активизам КРИК, Center for Social Initiatives „Nadez“ и Здружението на социјални работници на Македонија. Иницијативата, заедно со учениците, ја спроведе наставничката Марина Василевска Стојановска, во соработка…

ПОВЕЌЕ ...

Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот се очекува да дува засилен до силен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

ПОВЕЌЕ ...

Над 10 илјади турски граѓани побарале македонско државјанство 10.500 турски граѓани побарале македонско држајаванство во изминативе четири години, покажуваат податоците од МВР Зголемувањето на барањата наза македонско државјанство, според МВР се должи на измени на Законот за државјанство во 2021 Бизнис, вработување и образование се причините за миграција на Турци во Северна Македонија Луѓето кои бараат македонско државјанство поради брак со Македонка, по основ на македонско потекло во изминативе четири години вкупно 10 500 турски граѓани побарале македонско државјанство, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР). Овие луѓе, според МВР, се државјани на Турција кои во македонските институции треба…

ПОВЕЌЕ ...

На 25.12.2025 во 22:30 часот во Полициската станица Делчево, од Итна медицинска помош е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен С.А.(54) од Делчево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во привaтна фирма во Делчево. Увид на местото изврши увидна екипа на СВР Штип – ОВР Делчево.

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишна и Божиќна Трчанка 2026 во Кочани – радост и празничен дух Кочани ја најавува Новогодишната и Божиќна Трчанка 2026, настан за сите кои сакаат движење, рекреација и празнична атмосфера. Трката ќе се одржи на 4 јануари 2026 година, со почеток во 11:00 часот, стартот е од Градскиот парк во Кочани. Маршрутата се движи по течението на реката кон Брана Градче, со вкупна должина од 10 километри (5 км до браната и 5 км назад). Настанот е целосно рекреативен, со темпо прилагодено за сите – спортисти, рекреативци, велосипедисти и сите кои сакаат да уживаат во движењето и празничниот дух. По…

ПОВЕЌЕ ...

Во врска со десетгодишниот проблем со изградбата на мала хидроцентрала на река Блатешница, добивме соопштение за јавност од Месна заедница Блатец, кое ви го пренесуваме во целост: Проблемите околу хидроцентралата на река Блатешница во Блатец продолжуваат откако на седница на Владата одржана на 03.10. 2025 год. повторно им е продолжен рокот на концесионерите за изградба на хидроцентралата до 07.03.2026 год. Тоа беше аларм за жителите на Блатец повторно да се мобилизираат под паролата „СТОП ЗА ГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛА НА РЕКА БЛАТЕШНИЦА“ и да продолжат со нивната борба која трае веќе десетина години за укинување на оваа концесија. Во изминативе десетина…

ПОВЕЌЕ ...

Безбедноста и расчистувањето на криминалот и корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес, порача премиерот, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на 120 нови полициски возила за потребите на униформираната полиција. Мицкоски им честиташе на вработените во Министерството за внатрешни работи, на министерот и на сите кои го водат ресорот за успешно завршената набавка и проект, нагласувајќи дека со новите возила значително се подобрува мобилноста на припадниците на полицијата. -Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да поддржуваме ваков тип на проекти, порача премиерот и додаде дека очекува…

ПОВЕЌЕ ...