Author: Media Point

Со 8 гласа ЗА и 6 ПРОТИВ беше изгласан најголемиот Буџет во историјата на Општина Виница во износ од 547.708.000 денари во кој капиталните расходи исто така се планирани на рекордно ниво во историјата на општината и се во износ од 139,5 милиони денари. Покрај капиталните објекти кои во 2026 година ќе се градат во Општина Виница преку буџетот на општината, ќе има пари за невладините организации и здруженија, ќе има пари за спортските клубови, ќе има пари за секое новороденче во износ од 6.000 денари, ќе има зголемување на финансиската помош за секое првооделенче на 5.000 денари, ќе има…

ПОВЕЌЕ ...

Тепачка во казино во Берово На 29.12.2025 околу 00:10 во ОВР Берово е пријавено дека во казино во Берово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(22) и Ј.Д.(28), двајцата од Берово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Навивачката група “Багери” од Македонска Каменица со емотивна порака се простија од еден од настарите свои членови, Перо Десподовски. Пораката ви ја пренесуваме во целост: Со голема тага и искрена болка, навивачката група “Багери” од Македонска Каменица, се простува од својот долгогодишен и еден од најстарите свои членови ветерани, Перо Десподовски кој по кратко боледување почина вчера. Перо со години беше дел од навивачкта група и секогаш беше присутен на бројни спортски натпревари и наши активности. Неговото име ќе остане запаметено меѓу Багерите и граѓаните на Македонска Каменица. Почивај во мир!

ПОВЕЌЕ ...

Роден е во Вавилон, за време на робувањето на Израилот, од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Јерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, што го почна Зоровавел. Се упокои на старост.

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишната ноќ ќе помине во знакот на многу ладно и суво време, под влијание на изразено студена и сува воздушна маса која ќе продре од север. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а времето ќе биде ведро, без облачност и без врнежи од снег, што значи дека ќе преовладува т.н. сув студ. објави Скопје1.мк Температурите на воздухот за време на новогодишната ноќ насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, и ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени, додека на повисоките населени места и на планините постојат услови тие да се спуштат и под -10…

ПОВЕЌЕ ...

Стаменковски, Димитрова, Јангеловски и Костадиновски – добитници на наградите на шаховското првенство во Македонска Каменица Во Ресторан „Кај Кацата“ во Македонска Каменица се одржа свечено доделување на наградите од затвореното шаховско првенство, во организација на Шаховскиот клуб Каменица Саса. Наградите беа доделени во четири категории. Кај сениорите, првото место го освои Лазо Стаменковски, кај жените сениори најдобра беше Славка Димитрова, кај младинците наградата ја доби Андреј Јангеловски, а кај пионерите најуспешен беше Немања Костадиновски. Најмладите членови на клубот добија новогодишни пакетчиња, а од Шаховскиот клуб Каменица Саса упатени честитки до сите учесници за постигнатите резултати. На свечениот настан присутна беше…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Делчево, заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска, потпиша Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево. Со потпишувањето на Анексот се регулира и зголемува висината на платите на вработените во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, со што се решава деценискиот проблем на професионалните пожарникари. Истовремено, со измените во Колективниот договор се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево, со што се унапредува нивниот статус и се подобруваат условите за работа. Овој чекор претставува значајно унапредување на правата на вработените…

ПОВЕЌЕ ...

Над 10 затворени конфекции изминатата година само во Истокот, најголем дел во Штип, Кочани и Делчево. Најголем дел од работниците без работа и без неколку плати. Ваквата ситуација на терен ја покажува реалната, алармантна ситуација во текстилниот сектор. Проблемо овде е што и најголем дел од инвеститорите се од странство и немаат апсолутно ништо на нивно име овде, па многу потешко е да се реагира и да им се вратат платите на вработените. „Оваа година има најмногу затворени фирми во добар дел од нив работниците останаа без неколку плати. Оние кои се обратија до нас сме дале максимално се од…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност…

ПОВЕЌЕ ...

На 26.12.2025 во 10:15 часoт во ОВР Виница, 58-годишен маж од Виница пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 4.400 евра. Според пријавеното, тој во текот на октомври 2025 година на лицето Г.З., кој се претставил дека е од Чаир – Скопје, во три наврати му ја дал сумата, а за возврат тој требал да му увезе возило од Швајцарија. Како што е пријавено, откако не го добил возилото, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВЕЌЕ ...