Author: Media Point

Кочанец доби кривична пријава за присвојување археолошки наоди од османлискиот период ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.П. (56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Според пријавата, во просториите на правното лице биле пронајдени три мермерни плочи, за кои по извршена идентификација од страна на Комисија формирана при Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија е утврдено дека претставуваат оригинални археолошки наоди од османлискиот период и се дел од културното наследство. Дополнително, пријавениот, без соодветно овластување,…

ПОВЕЌЕ ...

„Знаеме како боли празното столче“: Потресно писмо од семејствата на загинатите во Кочани до Швајцарија Веста за страотниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој однесе најмалку 47 животи, ги отвори старите рани во Кочани. Роднините на загинатите во пожарот во „Пулс“, обединети во Здружението „16-ти март 2025“, испратија емотивно писмо до Швајцарската амбасада, изразувајќи длабока солидарност со семејствата на настраданите. „Ние, семејствата на починатите во пожарот во Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите“, стои во нивната порака. Тие истакнуваат дека оваа трагедија…

ПОВЕЌЕ ...

Електричните возила меѓу екологијата и контролата: вистината зад „зелената“ илузија Автор: Дејан Митевски Електричните возила се претставуваат како симбол на иднината: чисти, тивки и „зелени“. Ни се вели дека тие се решението за загадувањето, климатските промени и урбаниот хаос. Но дали е тоа целата вистина или само внимателно спакуван маркетинг? Најголемата заблуда што му се продава на народот е едноставна: ако возилото не троши гориво, тогаш е еколошко. Реалноста е многу покомплексна. Електричното возило можеби нема ауспух, но тоа не значи дека нема еколошки отпечаток. Напротив, загадувањето само е преместено подалеку од очите на потрошувачот. Срцето на секое електрично возило…

ПОВЕЌЕ ...

Како што јавуваат одреден број на медиуми од земјава и странство, семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија. Стивен последен пат е виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (la Constellation) во познатиот зимски центар Кран-Монтана. Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите. Апел за помош: Семејството упатува…

ПОВЕЌЕ ...

Италијанското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на информации од локалните власти во Швајцарија, соопшти дека во пожарот што избувна во новогодишната ноќ во зимувалиштето Кран Монтана, загинале најмалку 40 лица, а околу 100 се повредени. Од Министерството информираат дека се проверува дали меѓу загинатите и повредените има италијански државјани. Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на жртви. На прес-конференција, шефот на полицијата изјави дека станува збор за неколку десетици загинати, додека истрагата за причините за пожарот сè уште е во тек. Според италијанското министерство, дел од жртвите во моментов не можат да бидат идентификувани поради тешките…

ПОВЕЌЕ ...

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, првиот ден од 2026 година ги посети Територијалната противпожарна единица – Кочани и Одделението за внатрешни работи – Полициска станица – Кочани, каде што на дежурните служби им ја честита Новата година и разговараше за активностите преземени во текот на празничната ноќ. Во ТППЕ – Кочани информираа дека единицата немала интервенции минатата ноќ. Градоначалникот ја искористи посетата да направи увид на возниот парк и да разговара за можните решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат кочанските пожарникари при интервенциите на терен. Командирот на ПС – Кочани, Горан Миленковски-Спенсер и началникот на Надворешната…

ПОВЕЌЕ ...

Вечерва ги посетив и истовремено им посакав помалку работа на дежурните служби во Виница кои се задолжени за безбедноста и здравјето на граѓаните на Општина Виница за време на новогодишната ноќ. Ги посетив дежурните лица во МВР Виница, Итната медицинска служба, Противпожарната единица, Шумска полиција, Основен суд Виница, дежурните во ЈП Солидарност, Метеролошката станица и во Јавното претпријатие Национални шуми, на кои и подарив скромни подароци и им посакав среќни празници.

ПОВЕЌЕ ...

Во новогодишната ноќ, заедно со претседателот на Советот на Општина Делчево, Д-р Стојменовски и заменик градоначалничката Д-р Илиевска Велковски, ги посетивме дежурните служби од институциите кои се грижат за нашата безбедност, здравје и безбедно движење. Бевме во посета на ОВР Делчево, Граничниот премин Делчево, ТППЕ Делчево и Итната медицинска помош и за прв пат и на дежурните точки во Делчево на „Македонија пат“ и на Царинска управа. Во рамки на посетите доставивме и опрема: 4 душеци, телевизор, компјутер, мал шпорет и специјални светилки, како мал знак на поддршка и внимание за нивната секојдневна работа. Изразив огромна благодарност и искрена почит…

ПОВЕЌЕ ...

Од денес, цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто за 85 отсто од домаќинствата во Македонија, што значи повисоки сметки од 57 до 900 денари. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека наместо предложеното зголемување од 7,66% од ЕВН Хоме, по спроведени анализи и пресметки, одлучила за значително помали корекции. Па така, наместо предложеното зголемување, РКЕ по спроведените анализи и повторни пресметки, одлучи во првиот блок да има корекција од 2,45 % . Во вториот блок цената ќе се зголеми 2,87 %, а предлог-зголемувањето на „ЕВН хоме“ е 8,54 %. Во третиот блок цената ќе се зголеми…

ПОВЕЌЕ ...