Author: Media Point

Возљубени браќа и сестри во Христа, денес нашата Света Православна Црква го празнува Рождеството на Господ Исус Христос – Божик, најголемата тајна на Божјата љубов кон човекот. Синот Божји се роди во пештера, во сиромаштија и тишина, не во раскош и слава, за да ни покаже дека Бог слегува кај човекот таму каде што има смирение, вера и љубов. Со Неговото Рождество се освети човечката природа и се отвори патот кон спасението. „Бог стана човек, за човекот да стане причасник на Божјата благодат.“ Божик нè повикува да се вратиме кон суштината: кон семејството, простувањето, мирот и милосрдието. Ова не е…

ПОВЕЌЕ ...

Свечена Бадникова богослужба во пресрет на Рождеството Христово Денеска, на празникот Бадник, во храмот беше отслужена свечена и богослужбено богата служба, со која верниците молитвено се подготвија за Христовото Рождество. Богослужбата започна со Царски часови, а продолжи со празнична Вечерна и Света Василиева Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Делчевско-каменички г. Марко. Преку заедничката молитва, верниот народ со благодарност и вера ја дочека радоста на Рождеството Христово, со желби светлината на Витлеемската пештера да донесе мир, љубов и духовна радост во срцата и домовите.

ПОВЕЌЕ ...

Од четврток нагло заладување, снег во градовите и опасност од голомразица. Почнувајќи од четврток, територијата на Македонија влегува во нов, многу поладен и влажен период поради продор на студен воздух од север. Во овие услови, врнежите од дожд кои се очекуваат деновиве постепено ќе се претворат во снег, најпрво на повисоките населени места и планини, а потоа и во градовите. Прогноза по региони: Во западна Македонија сеочекуваат повеќе врнежи со снежна покривка на планините и повисоките населени места од над 20-30 см. Во градовите снежната покривка ќе достигне 5-10 см, локално и над 15 см. Во Пелагонија снежна покривка од…

ПОВЕЌЕ ...

Денес е Бадник – ден исполнет со радост, молитва и тивка возбуда пред празнувањето на Христовото раѓање. Православните верници го одбележуваат овој ден како вовед во Божик, еден од најголемите христијански празници, посветен на раѓањето на Исус Христос и на надевањето за нов почеток, мир и благосостојба. Од раното утро низ населбите, дворовите и зградите одекнуваат коледарски песни. Децата со радосни лица тропаат на вратите и ја носат веста за празникот, пеејќи и посакувајќи здравје, среќа и бериќет. Овој убав обичај, кој со векови се пренесува од генерација на генерација, денес повторно ја собира заедницата и ја оживува традицијата што…

ПОВЕЌЕ ...

Бендот Корка од Кочани, кој е еден од водечките млади бендови во Македонија, во моментов, на 03. јануари 2026 ја започнува годината со својата прва интернационална турнеја. Бендот ќе одржи  7 концерти низ 6 држави, велат од музичката издавачка куќа Мртов коњ, кои се организатори на турнејата на „Корка“. Публиката во Приштина, каде бендот ќе свири во алтернативниот културен центар Термокис, ќе можат да ги чујат на првиот ден од турнејата, а веќе следниот ден се во Подгорица, во Друштвениот културен центар Помаранџа. Потоа се спуштаат на море во Задар, каде свират во Автономниот општествено- културен центар Нигдјеземска (во вторник…

ПОВЕЌЕ ...

Возљубени во Богомладенецот Христос, браќа и сестри! Во овие денови, кога го празнуваме раѓањето во тело на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, особена радост ни претставува да ве поздравиме со радосниот поздрав: Христос се роди! Безгранична е љубовта Божја кон нас луѓето и кон целата створена природа. И затоа што нè љуби, прими наш облик човечки. Се всели во трулежната природа наша, за да ја направи нетрулежна, за да можеме вечно да постоиме заедно со Него! И сетоа тоа ни го дава бесплатно. Потребно е само да ја насочиме нашата волја кон Бога. Да ги отвориме срцата наши за безграничната…

ПОВЕЌЕ ...

Започнувајќи од 6 јануари 2026 година, малопродажните цени на горивата се намалуваат, информираат од надлежните. Намалувањето се однесува на бензините и дизелот, кои ќе бидат поевтини за по 0,50 ден/литар: ЕУРОСУПЕР БС-95 – нова цена 70,00 ден/лит ЕУРОСУПЕР БС-98 – нова цена 72,00 ден/лит ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – нова цена 64,50 ден/лит Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто – 64,00 ден/лит, додека Мазутот М-1 НС бележи намалување од 0,848 ден/кг, па новата цена изнесува 32,801 ден/кг. Гориво Нова цена Промена ЕУРОСУПЕР БС-95 70,00 ден/лит ↓ 0,50 ден ЕУРОСУПЕР БС-98 72,00 ден/лит ↓ 0,50 ден ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 64,50 ден/лит ↓ 0,50 ден Екстра лесно масло 64,00 ден/лит ↔ 0,00 ден…

ПОВЕЌЕ ...

За верниците од христијанска вероисповед Божиќ е еден од трите најголеми празници кога според христијанското верување роден е Синот божји Исус Христос. Христијанските верници кои се раководат според јулијанскиот календар Божиќ  го одбележуваат на седми Јануари а ден претходно го празнуваат Бадник. На Бадник во домашното огниште се пали бадниково дрвце, кое претставува симбол на светлината и топлината, кои треба да ги греат и зближуваат членовите на семејството. Погачата во која се става паричка се крши на онолку делови колку што има членови во семејството. Паричката од злато или сребро го симболизира дарот на новородениот Христа, а се верува дека…

ПОВЕЌЕ ...

Искрени честитки за првото новороденче – девојче во 2026 година во Македонска Каменица Редакцијата на Каменица.мк и сите граѓаните на Македонска Каменица, со радост ја примија убавата вест и упатуваат искрени и срдечни честитки до родителите Адријана и Антонио за раѓањето на првото новородено девојче во 2026 година. Малата принцеза пристигна како прво бебе во Новата година, носејќи радост, надеж и топлина за своето семејство и за целата заедница. Со желби нивната ќерка да расте жива и здрава, опкружена со љубов, среќа и безброј насмевки, Македонска Каменица се радува заедно со нив.

ПОВЕЌЕ ...

За младиот 16-годишен Стивен Ивановски, кој настрада во катастрофалниот пожар во швајцарска Кран Монтана, во Делчево од каде потекнува повикаа да му се оддаде почит во неговото родно место. Тој е еден од загинатите и идентификувани, иако швајцарските власти досега не излегоа со официјална потврда за загинат македонски државјанин. Од 40 загинати, досега се идентификувани 24 жртви, главно малолетници кои ја чекале Новата година во пеколот на „Le constellation“. Најмладата жртва е 14-годишно девојче од Швајцарија од каде се најмногу загинати, а како швајцарски државјани е заведен и 31-годишниот Србин, Стефан Ивановиќ кој бил обезбедувач на барот и според написите…

ПОВЕЌЕ ...