Author: Media Point

На планините и скијачките центри се очекува значително зголемување на снежната покривка, локално над 30 до 40 сантиметри нов снег. Македонија влегува во период на екстремно студено и нестабилно време, откако во наредните денови се очекува силен продор на ладен воздушен бран од север. Според најавите, овој процес ќе доведе до формирање на секундарен циклон над Југоисточна Европа, кој ќе донесе обилни врнежи, силен ветер и нагло опаѓање на температурите. Најпрво, во земјава се очекуваат врнежи од дожд и снег во пониските места, додека на повисоките населени места и планините врнежите ќе бидат исклучиво од снег. Поради специфичната распределба на…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Виница со известување за рокот за легализација на бесправно изградени објекти Општина Виница ги информира граѓаните дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 3 март 2026 година, што претставува последна можност за комплетирање на постапките за легализација кои се во прекин. Од Општината апелираат сите граѓани кои имаат поднесено барање, а чии предмети не се целосно завршени, навремено да се обратат во Секторот за нормативно-правни, општи работи и јавни дејности, со цел да се информираат за статусот и да ја достават потребната дополнителна документација. Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во Oпштината се подготвени за првите снежни врнежи. Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево ќе го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка и потпишаниот Договор со економскиот оператор, како најповолен понудувач кој ќе постапува согласно со потребите на Општината и Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево за 2026 г. За зимско одржување на локалните улици и патишта, Општина Делчево има издвоено 354.000 ден. вредност со пресметан ДДВ.             Согласно со Планот и предвидената приоритетна листа на зимско одржување патишта…

ПОВЕЌЕ ...

Од рано утринава ја следиме состојбата на терен поради зголемениот водостој на Каменичка Река и останатите реки на територијата на Општина Македонска Каменица, при што активно интервенираме каде што е потребно. Во таа насока, уште во раните утрински часови ги известивме надлежните служби на ЕВН за состојбата со електричните кабли кај мостот во близина на Градскиот пазар, со цел навремено и безбедно постапување. Општинските и надлежните служби се постојано на терен, каде што се врши расчистување на локалните и земјените патишта од паднати дрва, свлечена земја, одрони и камења, како и санација на оштетувањата настанати од обилните дождови, со цел…

ПОВЕЌЕ ...

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница Во периодот на новогодишни и божиќни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, Рудник САСА, самостојно и преку својата Фондација, реализираше повеќе активности со цел да им донесе празнична радост и конкретна поддршка на своите вработени и на пошироката локална заедница во Македонска Каменица. Македонска Каменица, 8 јануари 2026 – Како дел од традиционалните празнични активности беа обезбедени 57 ќебиња за згрижените лица во Дневниот центар за лица со посебни потреби и за членовите на Здружението „ПОРАКА“ во Македонска Каменица. Дополнително, во соработка…

ПОВЕЌЕ ...

Лишени од слобода возачи  од Македонска Каменица и Блатец за управувале возила под дејство на алкохол – возачот во виничко предизвикал и сообраќајна незгода На 07.01.2026 во 20:20 часот на локален пат во с.Блатец, виничко, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(43) од с.Блатец. Претходно, тој со патничко возило „ауди“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта. 2 На 08.01.2026 во 01:42 часот во Македонска Каменица,…

ПОВЕЌЕ ...

Во Охрид се пријавени поплави во подруми, гаражи и дворови на повеќе локации, а за состојбата се известени локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид, кои постапуваат по пристигнатите пријави Oбилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава предизвикаа поплави и одрони во неколку региони во западниот дел, а во тек е евакуција на жители во некои од погодените места, соопштија попледнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Фото: ЦУК Како што информираат оттаму поплави се пријавени во Кичево и Охрид, додека одрони има на патните правци Гостивар-Стража и Тетово-Бањиче поради што сообраќајот се одвива со повремени отежнувања.…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во раните утрински часови во градската црква “Пресвета Богородица” во Делчево се одржа Света Божиќна литургија со која чиноначалствуваше Епископот делчевско-каменички Господин Марко . По обзнанувањето на веста дека “Христос се роди” Епископот Марко одржа света Проповед пред присутните граѓани кои го беа исполниле православниот храм, а во рамки на настанот беше прочитана и Божиќна Посланица од Светиот Архиерејски Синов на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија и Неговото Преосвештенство Господин Господин Стефан. Дел од настанот беше и градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски заедно со неговата сопруга кои што на крај на литургијата ги примија светите божествени дарови на…

ПОВЕЌЕ ...

Под влијание на циклонска активност која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент  и на голем влажен бран денес попладне  и навечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден (Четврток 8 Јануари) насекаде во Македонија ќе имаме врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со силен ветер од јужен правец (Повремено и локално со брзина од на 60 км/час). Локално ќе наврне ново значително количество на воден талог (над 40 литри на метар квадратен воден талог). Поради продор на ладен воздух од север вечерва…

ПОВЕЌЕ ...