Author: Media Point

Со околу 303 милијарди барели нафта, Венецуела има најголеми докажани резерви на нафта во светот. Сепак, клучниот проблем не е количината, туку квалитетот на таа нафта, што сериозно ја доведува во прашање профитабилноста на инвестирањето во нејзина експлоатација. Венецуелската нафта е исклучително густа и тешка поради геолошки и хемиски фактори. Поконкретно, оваа нафта е изложена на бактерии милиони години кои ги разградуваат полесните јаглеводороди – клучните состојки на нафтата. Како резултат на тоа, остануваат тешки молекули, што ја прави густа и леплива. Венецуелската нафта содржи големи количини на асфалтени, смоли и сулфур, што ѝ дава висок вискозитет и темна боја,…

ПОВЕЌЕ ...

Проекција на филмот „Остров“ и духовна дискусија со епископот Марко Во организација на Делчевско-каменичката епархија заврши најавената проекција на филмот „Остров“, по која следуваше инспиративна дискусија водена од Неговото Преосвештенство, епископот Делчевско-каменички г. Марко. Во своето обраќање, пред присутните во киното при Н.Ј. Вапцаров во Делчево, владиката се осврна на ликот на отец Анатолиј и неговата длабока продуховеност, преку која се отвораат теми за покајанието, смирението и Божјата милост. Преку содржината на филмот беше истакнато дека вистинската вера не е надворешна форма, туку живо покајание и доверба во Божјата волја, а светоста често се крие зад едноставноста и скрушеноста. На…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија подготвува радикален пресврт во законот за забрана на пушење. Забраната ќе важи во сите затворени простори од јавен карактер, а увозот и продажбата на тутунски и никотински производи драстично ќе се ограничи. Цигарите целосно ќе се тргнат и од видното поле на купувачите во маркетите. Скроен е новиот закон за заштита од пушење кој ќе биде ставен на јавна расправа. Во сегашната верзија до која дојде Телма се предвидуваат ригорозни правила за сите затворени јавни институции. КЛИКНИ ТУКА И ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ПОВЕЌЕ ...

За прв пат на територијата на Општина Делчево е избрана и жена за претседател на месна заедница. Во с. Вратиславци за претседателка на Месната заедница е избрана Слободанка Митевска.  Градоначалникот Иван Гоцевски изрази задоволство од интензитеот на процесот на активирање на месните и урбаните заедници и од интересот на жителите за учество во работата на советите. Тој уште еднаш ја истакна важноста на функционирањето на месните и урбаните заедници кои се основната клетка во една општина со огромно значење за секој граѓанин, бидејќи преку оваа форма на организирање се овозможува граѓаните да се активни во својата заедница, да дадат придонес…

ПОВЕЌЕ ...

Селото Селник денеска доби нов состави на Советот и претседател на Месната заедница. Советот е составен од 3 члена, а за претседател е избран Љупчо Стојановски. Со денешниот избор на МЗ на с. Селник, Општина Делчево го продолжува процесот на активирање на месните и урбаните заедници кои имаат клучно значење за развојот на една општина, затоа што тие се најдиректната врска меѓу граѓаните и локалната самоуправа. Активните месни и урбани заедници овозможуваат жителите активно да учествуваат во носењето одлуки, да се детектираат нивните приоритети со што се овозможува, потребите на жителите од секое маало и секое населено место, да бидат…

ПОВЕЌЕ ...

Започнавме со втората фаза-превенција и поставување налепници на оставени хаварисани, напуштени и нерегистрирани моторни и приклучни возила, како и земјоделски машини што се наоѓаат на јавни површини, како дел од акцијата „Чиста Општина Виница 2026 година“. Претходно во период од 01.12.2025 до 31.12.2025 година извршивме детектирање и откривање локации во Општина Виница каде се оставени ваков вид на возила, фаза од акцијата, која успешно беше спроведена и повеќето од возилата кои беа детектирани беа отстранети од страна на нивните сопственици. Доколку и во дадениот рок лицата не ги отстранат возилата следува третата фаза од акцијата–репресивни мерки и изрекување казни од…

ПОВЕЌЕ ...

Донација од граѓани за децата во градинката „Бамби“ во Македонска Каменица Детската градинка „Бамби“ во Македонска Каменица упати искрена благодарност до Маја Велиновска за донацијата на сложувалки за групата „Јаболчиња“. Со оваа донација, децата ќе имаат можност преку игра да учат, да се забавуваат и да го развиваат своето логичко размислување, трпение и креативност. Од градинката истакнуваат дека ваквите гестови претставуваат значајна поддршка и грижа за најмладите. Искрена благодарност, од градинката упатуваат и до Наташа Џевелекова за прекрасното изненадување во група Јаболчња со кое покажа внимание, грижа и топлина. Ваквите гестови многу значат. КЛИКНИ ТУКА И ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ПОВЕЌЕ ...

Зголемениот број на заболени од грип не е нешто невообичаено и е очекувано за овој период од годината. Пикот на сезонскиот грип го очекуваме во втората половина од јануари, кога ќе почне второто полугодие од учебната 2025/2026 година, до првата половина од февруари, рече денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска. На новинарско прашање дали ќе препорачаат одложување на почетокот на второто полугодие, Андоновска рече дека ќе ја следат состојбата и во зависност од бројките на заболени, ќе дадат препораки до Министерството за образование и наука (МОН). Директорката кажа дека во периодот од 29 декември до…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на пензионери од Виница на 11 јануари 2026 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, во Сината сала при Домот на културата во Виница, ќе го одржи традиционалниот концерт „Песна за мојот град“. На концертот ќе настапат здруженија на пензионери од повеќе градови од Македонија – Куманово, Штип, Пехчево и Делчево, како и гости од Република Србија, односно Здружението на пензионери од Лесковац, со што настанот добива и меѓународен карактер. Како специјални гости, со свои фолклорни настапи ќе се претстави и Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Истибања, кој ќе внесе дополнителен дух на традиција и културно наследство. Настанот е…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари. Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.

ПОВЕЌЕ ...