Author: Media Point

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка… Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ. Исус како божји син можел и да не биде обрежан, но тој не…

ПОВЕЌЕ ...

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ. Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава…

ПОВЕЌЕ ...

Општина Виница ја зголемува финансиската поддршка за првачињата, учениците и новороденчињата Општина Виница денес исплати финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче. Од наредната година, оваа поддршка ќе се зголеми на 5.000 денари за секое прваче. Дополнително, се најавува зголемување на финансиската поддршка за учениците кои освојуваат први, втори и трети места на државни натпревари, во износ од 3.000 до 5.000 денари, зависно од освоеното место. За првпат оваа година во Општина Виница е воведена и финансиска поддршка од 6.000 денари за секое новороденче. За оваа мерка е донесен посебен правилник и веќе е ставена во употреба, а граѓаните…

ПОВЕЌЕ ...

Грозданов и Орце Симов на работна средба за дигитална трансформација и сајбер-безбедност во Кочани Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, оствари работна средба со претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов. На средбата беа разгледани можностите за унапредување на дигиталната трансформација во локалната самоуправа, зајакнување на сајбер-безбедноста, како и реализирани и идни донации за Општина Кочани. Фокусот беше ставен на дигитализацијата на административните процеси, подобрувањето на електронските услуги за граѓаните и зголемувањето на безбедноста на информациските системи, со цел поефикасна, потранспарентна и посигурна локална самоуправа. На средбата беше истакната важноста од институционалната соработка со Агенцијата за електронски…

ПОВЕЌЕ ...

Лишен од слобода бугарски државјанин на градничниот премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина, информираа од МВР. – На 12.01.2026 во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина, соопштија од полицијата. Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од…

ПОВЕЌЕ ...

Вчера во 08:58 часот во СВР Штип, од основно општинско училиште „Славчо Стојменски“ во Виница е пријавено дека во периодот од 01.01. до 09.01.2026 со воздушна пушка се оштетени светлечките панели, влезната врата од мини кујната и ѕидни панели од училиштето и дека во мини кујната е пронајден проектил-дијабола. Запознаен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.,соопштија од СВР Штип.

ПОВЕЌЕ ...

Трајанка Соколовска добитничка на паричката на пензионерската василичарска прослава Во пријатна и празнична атмосфера во Македонска Каменица се одржа пензионерска прослава по повод Стара Нова Година – Василица. Централен момент на настанот, би рекле, беше традиционалното кршење на василичарското лепче со паричка, при што среќата ѝ се насмевна на Трајанка Соколовска, кај која се падна паричката. Како дел од василичарските обичаи, на добитничката од страна на Општина Македонска Каменица ѝ беше доделен златник, како симбол на среќа, почит и продолжување на вековната традиција. Наградата во име на општината, на Трајанка Соколовска и ја врачи градоначалничката, Соња Стаменкова. Настанот помина во…

ПОВЕЌЕ ...

Здружението на граѓани „Багери“ од Македонска Каменица, со особена чест и задоволство, Ве поканува на свечената манифестација „Избор на спортист на годината на Македонска Каменица за 2025 година“ Програмата од манифестацијата „Спортист на годината“ покрај доделувањето на признанија за нашите најдобри спортисти и спортските клубови од нашиот град, предвидува промотивни и поздравни обраќања и говори на истакнати личности од областа на спортот и од заедницата, како и пригодна културно-уметничка програма за збогатување на свеченоста. Настанот ќе се одржи во Домот на култура во Македонска Каменица, на 24. јануари 2026 година (сабота), со почеток во 17:00 часот. Ве покануваме да бидете…

ПОВЕЌЕ ...

ВМРО-ДПМНЕ го одбележа празничниот обичај на делење лепче со паричка во Македонска Каменица Во духот на вековната традиција и празничните обичаи, ВМРО-ДПМНЕ го одбележа чинот на делење на лепче со паричка, како симбол на заедништво, среќа и благосостојба. Настанот беше одржан со особена почит и достоинство, во согласност со традиционалните вредности кои се пренесуваат низ генерациите. Паричката оваа година и припадна на Невенка Ранова, а од партијата посочуваат дека симболиката на обичајот носи порака за здравје, успех и стабилност во текот на годината. Во соопштението се истакнува и заложбата за понатамошен одговорен ангажман, воден од идеалите, вредностите и визијата…

ПОВЕЌЕ ...

Паричката кај Антигона Постоловска во ЈП „Камена Река“ И оваа година продолжи традицијата продолжи во ЈП „Камена Река“. Годинава овде паричката од празничната погача се падна кај Антигона Постоловска. Таа го презеде кумството, а пригодна награда ѝ беше врачена од директорот на претпријатието, Добри Јаневски. По тој повод ѝ упатуваме честитки и желби за добро здравје, среќа и благосостојба.

ПОВЕЌЕ ...