Author: Media Point

Денешни активности како дел од акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“, чистење на патот Виница-Градец и влезот на Виница од Берово. Апелираме до совесните граѓани да пријавуваат одлагање на било каков отпад до инспекциските служби во Општина Виница, воедно информираме дека инспекциските служби се секојдневно на терен и за несоодветно одлагање на отпадот ќе следуваат строги казни согласно закон, – стои во објавата од Општина Виница

ПОВЕЌЕ ...

Не отварајте сомнителни линкови и пораки и не споделувајте лични податоци Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. Најчести се лажните СМС пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да…

ПОВЕЌЕ ...

Тара Димитровска Стаменковска повторно на драмската сцена во Македонска Каменица По подолг период, Тара Димитровска повторно се враќа на драмската сцена во Македонска Каменица со нова театарска продукција планирана за 2026 година. Проектот носи автентична приказна и сцена блиску до публиката. Во рамки на подготовките е објавен кастинг повик за сите заинтересирани и талентирани лица со изразена сценска енергија, храброст, чувство за хумор и способност за толкување реални карактери. Рокот за пријавување е до 25 јануари 2026 година, а аудицијата ќе се одржи на 30 јануари. Пријавувањето се врши по електронски пат со доставување кратко видео и текстуална биографија, а…

ПОВЕЌЕ ...

Европската унија најави воведување построги прописи за извоз на половни автомобили во таканаречените трети земји. Мовите правила не значат забрана за извоз, но носат построги критериуми и дополнителни трошоци за возилата кои не се целосно технички исправни. Целта на новата директива е да се направи јасна разлика помеѓу функционалните половни автомобили и оние кои се сметаат за отпад, како и да се заостри контролата врз извозот на постари возила. Извозот на понови и добро сочувани автомобили кои се стари две, три или пет години нема да биде контроверзен. Проблемот се јавува кај постарите и поевтини половни автомобили, кои со години…

ПОВЕЌЕ ...

Каменичката парохија ја информира јавноста дека по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во понеделник, на 19 јануари 2026 година, во Македонска Каменица ќе се одржи традиционалниот Богојавленски водосвет. Според најавата, водосветот ќе започне во 12:30 часот во храмот „Успение на Пресвета Богородица“, а околу 12:50 часот ќе следува спуштање на Чесниот Крст во водите на Каменичка Река. Чинот ќе го изврши надлежниот архиереј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Од Каменичката парохија информираат дека сите лица кои сакаат да учествуваат во фаќањето на Чесниот Крст задолжително треба да се пријават во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ најдоцна до недела, 18…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица одбележан празникот Обрезание Христово и почетокот на Православната Нова година Денес, 14 јануари 2026 година, Светата Православна Црква го одбележа празникот Обрезание на нашиот Спасител Господ Исус Христос, споменот на свети Василиј Велики и почетокот на Православната Нова година. По тој повод, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Света Божествена Василиева Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение на парохиските свештеници. По читањето на Светото Евангелие, епископот г. Марко одржа пригодна беседа, во која ја истакна важноста на православното празнување на светителите и потребата од духовно обновување.…

ПОВЕЌЕ ...

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА ВИНИЦА Ги известуваме граѓаните дека, согласно Законот за урбано зеленило, сопствениците и корисниците на приватни имоти се должни да го одржуваат зеленилото во своите дворови. Дрвјата чии гранки навлегуваат на јавни површини (улици, тротоари и сл.) мора да бидат соодветно искастрени, со цел обезбедување безбедно и непречено движење. Рокот за постапување е 90 дена од денот на објавувањето на ова известување. Апелираме до граѓаните навремено да ја исполнат оваа обврска. Во спротивно, ќе се постапува согласно законските прописи и надлежностите на општинските инспекциски служби.

ПОВЕЌЕ ...

Методи Стаменов добитник на паричката на Василица во Македонска Каменица Македонска Каменица, 14. Јануари 2026 – По повод празникот Василица, вчера на градскиот плоштад во Македонска Каменица беше одбележан традиционалниот обичај на делење на лепче со паричка. Годинава паричката му се падна на Методи Стаменов. Неговата сопруга, Цвета Стаменова, по тој повод на фејсбук напиша: „По повод празникот Василица во Општина Македонска Каменица беше одбележан традиционалниот обичај со паричка. Оваа година паричката му се падна на мојот домаќин Методи. Нека му донесе здравје, среќа и бериќет. Здрави и живи сите, за многу години празникот.“ – додава Стаменова на крајот од…

ПОВЕЌЕ ...

Приведен 72-годишен возач во Македонска Каменица со 2,27 промили алкохол На 13 јануари 2026 година околу 19:30 часот, на улицата „28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р. (72) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај било запрено патничко возило „Ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. По извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, со измерени 2,27 промили алкохол во крвта. Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

По повод Стара нова година, Општина Делчево денеска донираше околу 20 хуманитарни пакети до семејства кои живеат во социјален ризик, со порака дека празничната атмосфера им припаѓа на сите граѓани. Пакетите се состојат од најразлични видови прехранбени производи, средства за хигиена, но и облека, најразлични играчки и слични донации кои граѓаните на Делчево ги донираа во рамките на хуманитарната акција „Со срце за Делчево“ промовирана пред новогодишните празници. Ова е втора донација која се реализира во Делчево. Стотици граѓани за помалку од 1 месец, донираа и во инклузивната куќичка –Куќичка на надежта и во рамките на акцијата „Со срце за…

ПОВЕЌЕ ...